Румен Радев повика на формирање ново владејачко мнозинство во парламентот
Два дена откако партијата Има таков народ ја напушти владата, бугарскиот претседател Румен Радев денеска побара да се формира ново владејачко мнозинство во рамките на сегашниот парламаент без да сугерира од каде ви се црпеле тие пратенеици. „Парламентарните партии мора што поскоро да најдат излез од ситуацијата, бидејќи ни треба одговорно и одржливо владеење. Додека партиите бараат формирање на владејачко мнозинство, кабинетот мора да обезбеди социјални плаќања и поддршка на бизнисот, да опстои ветото за Северна Македонија во согласност со рамката усвоена од Консултативниот совет за национална безбедност и да се обезбеди функционирање на државата“, рече Радев.
Тој коментираше дека била потребна итна акција бидејќи сегашната криза се разликувала од другите, ноп не спомена дали треба да има нови избори
Според него, политичката криза се одвива во услови на прогресивна инфлација, социјална, економска и прехранбена криза предизвикана од војната во Украина.