Дојави за поставени бомби на неколку локации во Ниш


 

На неколку локации во Ниш, Србија стигнаа дојави за подметнати бомби.

Како што за РТС потврди полицијата, на мета се Медицинскиот факултет, трговскиот центар „Делта планет“ и аеродромот „Константин Велики“. Присутните во објектите се евакуирани, а контрадиверзионите екипи се на терен.

Дојавите, како што неофицијално дознава РТС, стигнале околу 13.30 часот по пат на меил.