Работниците на „Фиат“ во Србија кои нема да одат во Словачка, ги чека минималец 


Работниците на „Фиат“ во Србија кои не сакаат да заминат во странство ќе можат да сметаат или на отпремнини или на српската влада да им најде нова работа во радиус од 50 километри околу Крагуевац, изјави претставникот на работниците во денешните преговори Ѓорѓе Милојевиќ, јави Танјуг.
Тој рече дека има мал интерес од работниците да им биде понудено да одат во Словачка на работа, иако изјаснувањето се уште не е завршено.

Тој додаде дека работниците на кои државата ќе има бара вработување во околината на Крагуевац имаат право на бруто минималец од 47.000 динари, од кои самите би си ги плаќаат придонесите.

Тој наведува дека Владата на Србија ќе им најде работа според нивните квалификации и дека тоа ќе трае од три до пет месеци.

Милојевиќ вели дека договор за отпремнини се уште не е постигнат, иако има напредок, пренесе СЕЕбиз.