Мета и Радев побараа меѓународна истрага за Буча


Претседателите на Бугарија и Албанија, Румен Радев и Илир Мета, ја осудија братоубиствената војна во Украина и повикаа на независна меѓународна истрага за злосторствата во Буча. Претседателите на Бугарија и Албанија го поддржаа суверенитетот на Украина и ги осудија варварските злосторства познати на сите и побараа тие да се истражат меѓународно, како и да се […]

Генерален штрајк утре ќе ја парализира Грција


Двата најголеми грчки синдикати на вработените во јавниот и приватниот сектор за утре закажаа 24-часовен генерален штрајк во Грција што ќе ја парализира земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Синдикатите ќе одржат и протест во центарот на Атина, а штрајкот е против покачувањата на цените, сиромаштијата и нееднаквоста и со барање за зголемување на […]

Грција предвремено го отплати долгот кон ММФ


Грција предвремено го отплати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд, по финансиската помош побарана пред 12 години, а грчкиот премиер и министерот за финансии коментираа дека се затвора едно поглавје што беше отворено во мај 2010 година, јави дописничката на МИА од Атина. – Крај на ерата на ММФ како кредитор на Грција, напиша грчкиот премиер […]

Бугарија купува од Америка осум борбени авиони од типот Ф-16


Бугарија–  Соединетите држави одобрија продажба на осум борбени авиони од типот Ф-16 на Бугарија со цел да се зајакне безбедноста на оваа членка на НАТО за време на војната што Русија ја води во Украина, се вели во соопштението на Стејт департментот. Стејт департментот а го информирал Конгресот за својата намера да ги продаде овие […]

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски казнет со две илјади евра за нацистичкиот поздрав


Европскиот парламент денеска најави повлекување на правото на дневници за шест дена, што е еднакво на нешто повеќе од 2.000 евра, за бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој при излегувањето од салата во февруари, направи гест со подадена рака налик на нацистички поздрав. Санкцијата за европратеникот од Партијата на европските конзервативци и реформисти Ангел Џамбаски ја […]

Официјални резултати од парламентарани избори во Србија – СНС 120 пратеници, Обединета Србија 38 мандати, СПС 32


Републичката изборна комисија (РИК) ги објави резултатите од парламентарните избори во Србија врз основа на 100 отсто од обработените гласачки ливчиња, а излезноста на изборите според тој примерок е 58,65 отсто од запишаните избирачи, јави дописникот на МИА од Белград. Според РИК, најмногу гласови освоила коалицијата околу Српската напредна странка – 42,97 отсто од гласовите […]

Во Еквадор уапсен Албанец, еден од најбараните од Интерпол, се маскирал како трговец со овошје


Албанија– Во Еквадор уапсен е Неџет Вокши, еден од најбараните од Интерпол поради меѓународна трговија со дрога, јави дописничката на МИА од Тирана.   – Речиси 10.000 километри од неговата родна земја, Вокши (52) е  уапсен во  León Febres Cordero Avenue на патот кон Самборонд Еквадор. Тој е на црвената листа на Интерпол  Холандија од 15 […]

Подваријантата на Омикрон БА2 потврдена во Албанија


Албанија – Во Албанија и официјално е потврдено присуството на подваријантата на Омикрон БА2, откако воИнститутот за јавно здравје пристигнал официјален допис од референтната лабораторија во Берлин, каде биле испратени мостри за анализа, јави дописничката на МИА од Тирана. – Сега почна благ раст кога станува збор за нови случаи на заразени, како и на пациенти […]

Грција ќе биде дел од обновата на Одеса


Грција – Единственото нешто што можам да го кажам во моментов, во овие тешки времиња е дека ќе бидеме дел од иднината, помагајќи ви да го реконструирате овој град и да го направите уште поубав, уште подобар, рече министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас на средбата во Одеса со вицепремиерката за европска и […]

Ескобар: Украинската криза нема да се прелее во Западен Балкан


Војната во Украина не може да се прелее во БиХ и соседството, а Хрватска е пример за паметна енергетска политика, изјави денеска американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар. На американско-хрватскиот форум, Ескобар рече дека „не мисли дека“ украинската криза може да се префрли во хрватското соседство, бидејќи таа доведе до враќање на европскиот […]

ЕП бара истрага за офшор компаниите на Мило Ѓукановиќ и неговиот син


Европратениците поднесоа 236 амандмани на нацрт-извештајот  за Црна Гора, чиј автор е известувачот Тонино Пицула. Со измените, чија содржина протече во јавноста, поконкретно се бара реформа на изборното законодавство, посилна борба против корупцијата и заштита на правата на националните малцинства. Еден од амандманите се однесува на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, пишуваат тамошните медиуми.   „Црна […]

Романија ќе им дава таблети со јод на граѓаните заради војната во Украина


Романија започнува кампања за информирање на своите граѓани за тоа како да складираат и земаат таблети со јод во случај на нуклеарен инцидент, додека руската офанзива во соседна Украина продолжува. „Во моментов, не постои никаква опасност поради која е неопходно да се земаат овие таблети“, се вели во денешното соопштение на романското Министерство за здравство. […]

Вучиќ победи во првиот круг на претседателските избори


На пребројани 1,04 отсто од гласовите Александар Вучиќ водеше на претседателските избори пред останатите кандидати дури со 72, 62 отсто. Втор по него беше  Здравко Понош со само 8,8 отсто гласови. Резултатите ги објави Републичката изборна комисија. Иако станува збор за премалку пребројани гласови, ниту еден од другите противкандидати нема повеќе од едноцифрена поддршка, така […]

Полиција и метални огради пред изборната комисија во Србија


Како што јави известувачот на Танјуг, пред зградата на Републичката изборна комисијаво Србија по изборите биле поставени метални огради и распоредени полицајци. Изборниот ден во Србија го одбележаа долги редици за гласање, повеќе помали нерегуларности, но и физички пресметки. Редиците беа главно во Белград, но и во Рашка, Тутин, Куршумлија и Бујановац каде што гласаа […]

Вучиќ пак ќе победи, но што ќе прави со Русија?


БЕЛГРАД – Нема неизвесност кој ќе победи на српските избори денес – претседателот Александар Вучиќ уште еднаш ќе триумфира. Но, едно големо прашање се надвиснува над балканската земја: Дали Вучиќ може да остане во пријателски односи и со Москва и со ЕУ по руската инвазија на Украина? Анкетата покажува дека Вучиќ и неговата конзервативна Српска […]

И Бугарија не сака да плаќа руски гас во рубљи


Соседна Бугарија не сака уцени и нема да плаќа за руски гас во рубљи.Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер, Лена Бориславова за БТВ изјави дека ставот на Бугарија и на цела Европа е јасен. Таа додека дека Бугарија нема да подлегне на уцената и нема да ги прекрши потпишаните договори во кои јасно се наведува дека […]

Продолжено времетраењето на сертификатите во внатрешноста на Грција


Времетраењето на сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 во Грција што сега е седум, односно три месеци, од утре се продолжува на девет односно шест месеци, согласно новата министерска одлука, поврзана со мерките во внатрешноста на земјата, што веќе е објавена во Службен весник, а утре стапува во сила, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Актуелните мерки за патување во Грција продолжени за уште една седмица


Актуелните мерки и правила за патување во Грција, односно задолжителниот европски сертификати за Ковид-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат од ПЦР/рапид тест, се продолжени за уште една седмица, а меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата […]

Избори во Србија: Членови на избирачки одбор си размениле шлаканици


  Од вкупно 8.267 избирачки места во Србија, сите се отворени утрово, освен бројот 77 во Нови Пазар, каде се случи инцидент. Како што пишува „Блиц“ таму дошло до тепачка меѓу членовите на комисијата. Според Локалниот фронт, здружение кое е еден од набљудувачите на изборите во Нови Пазар, дошло до конфликт меѓу членовите на комисијата […]

Косовските Срби организирано заминуваат да гласаат во Србија


Косовските граѓани од српска националност се упатија утрово од северниот дел на Косовска Митровица за Рашка, каде што ќе гласаат за претседателските и парламенарните избори што се одржуваат во Србија, јави агенцијата КосоваПрес. Многумина заминаа од автобуската станица во Косовска Митровица, но за да се избегнат гужвите организиран е превоз и од други локации, како […]