Словенија ѝ донира на Украина 35 тенкови произведени во Југославија


 

Словенија на Украина ѝ донираше 35 оклопни амфибиски возила BVP M80A, произведени во поранешна Југославија, за што според договорот со САД ќе ѝ бидат компензирани средства за купување опрема за словенечката војска, пренесоа словенечките медиуми. Возилата по железнички пат веќе се упатени кон Полска, а од таму до Украина.

Нивата деконзервација траеше повеќе недели, а побрзото праќање помош на украинската војска кој се спроитивставува на руската агресија досега ја спречуваа и логистичките потешкотии поради стојалиштето на Унгарија која не дозволува превоз на оружје за одбрана на Украина преку својата територија, наведува комерцијалната телевизија POP-TV.

Како што се додава, во договорот со САД, Словенија, за таа донација ќе добие средства од американската влада за купување оружје и опремата за словенечкате војска, во вредност поголема од онаа на која е проценета опремата пратена во Украина.

Словенците го исполнија ветувањето кон Украина

Амфибичното гасенично возило BVP M80A со посада од тројца војници има топ со калибар 20 mm, митралези и лансери на противтенковски проектили „Маљутка“. Со оваа донација Словенија го исполни ветувањето кон Украина и придонесе за нејзина одбрана, наведува POP-TV, што во изјава го потврди и министерот за одбрана Марјан Шарец.

Словенија, според него, на Украина веќе ѝ донирала пешачко вооружување, кациги, панцири и друга опрема, а од сега повеќе ќе се концентрира на другите видови помош, како разминирање и помош во обнова на Украина по војната.

Шарец: Тоа е хуманитарно делување

Како што нагласи министерот Шарец, Словенија има големо искуство во послевоеното разминирање, на што низ годините делуваше преку словенечко-американска фондација по завршувањето на војните во поранешна Југославија.

„Тоа е хуманитарно делување затоа што по секоја војна тие подрачја треба да се разминираат за да нема нови цивилни жртви“, вели Шарец, додавајќи дека тоа не исклучува ни понатамошна помош на украинската војска, иако во Словенија расположливиот арсенал вооружување и опрема грото е исцрпен.

„Но, можеме да им понудиме обука, веројатно на наш терен или некаде на друго место на подрачјето од членките на НАТО сојузот“, вели Шарец.