Бугарската собраниска Комисија за надворешни работи утре ќе го разгледува „францускиот предлог“
На седницата, како што е најавено, „ќе биде претставен и ставот на бугарското МНР за записникот од заедничката средба согласно членот 12 од Договорот со Република Северна Македонија од 2017 година, како и пакет документи на Претседателството со Советот на ЕУ во врска со процесот на проширување на ЕУ“.
Инаку за денеска во бугарското Собрание е закажана седница на која ќе се гласа за доверба на Владата на премиерот Кирил Петков.
Петков утрово при пристигнувањето во Народното собрание на Бугарија изјави дека е оптимист дека неговата влада ќе го преживее гласањето за доверба.
За да опстане, Владата на Петков мора да добие поддршка од најмалку 121 од вкупно 240-те пратеници во Собранието. Расправата по иницијативата ќе се води денеска во Народното собрание, а гласањето треба да се одржи 24 часа по нејзиното завршување во среда навечер или четврток претпладне.