Грчката претседателка позитивна на Ковид-19


Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу е позитивна на Ковид-19, со благи симптоми и е во карантин во нејзиниот дом, соопштија од претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина. По направен молекуларен тест, Сакеларопулу добила позитивен резултат, веќе е во изолација, а се одложени сите закажани активности. Грчката претседателка е вакцинирана со три дози од вакцината. 

Од 1 мај Грција го укинува сертификатот во внатрешноста на земјата, за патување дополнително ќе се донесе одлука


 Сертификатот за вакцинација или прележан Ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, од 1 мај до 31 август се укинуваат, а за правилата за патување дополнително ќе се донесе одлука, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, претпладнево […]

Додик: Го почитувам Дејтонскиот договор, не и правилата што ги наметнуваат странските сили


Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, истакна дека настојува да остане доследен на политиката што ја води, да го почитува Дејтонскиот договор, но не да потклекнува пред очекувањата на странските сили, главно на оние од Запад. „Повеќе ја сакам поддршката на народот отколку на западните бирократи кои ни наметнуваат свои правила. Прифатен сум […]

Од утре веќе не е потребен Ковид сертификат за влез во Бугарија од Македонија 


Бугарија – Од утре, лицата кои пристигнуваат од Република Северна Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет при влез во Бугарија веќе не се обврзани да поседуваат дигитален Ковид сертификат. Одлуката ја донесе бугарската министерка за здравство проф. Асена Шербезова, со наредба издадена денеска. Наредбата, исто така, наведува дека трупите на […]

Грција ги интензивира истражувањата за природен гас на шест локации


Денеска најавуваме забрзување на истражувањата за природен гас, за кој знаеме дека нашата земја можно е, нагласувам, не сме сигурни, но можно е да го има во значителни количини врз основа на прелиминарните студии, како на копно, така и во море, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на состанокот во грчката Компанија за управување со јаглеводород, […]

САД: Србија треба да ги разбере ризиците и цената од бизнисот со Кина


Водењето бизнис со компании со седиште во Кина е суверена одлука, но српската влада треба да биде свесна за краткорочните и долгорочните ризици и цената, изјавија од Стејт департментот за Гласот на Америка во врска со наводите дека на Србија и била испорачана кинеската воена опрема, јави дописникот на МИА од Белград. Портпаролот на Пентагон […]

СБ ја предупредува албанската Влада дека е загрозено финансирањето на долгот


Албанија – Светската банка, во својот последен извештај за Централна Европа и Азија, е остра за високото ниво на долг на Албанија и предупредува дека неговото рефинансирање може да биде загрозено и дека владата може да биде принудена да ги намали своите капитални расходи. -Јавниот долг дополнително се зголеми во 2021 година, достигнувајќи 78,4 отсто од […]

Гасот во БиХ поскап за 22 отсто


Цените на бензинот во Босна и Херцеговина се зголемија за 21,7 отсто во тримесечниот период, за што властите како причина ја посочија војната во Украина. Директорката на „Енергоинвест“ Бисера Хаџиаљевиќ изјави дека од денеска поскапуваат бензините за граѓаните и стопанството поради севкупните случувања на пазарите на нафта, гас и горива. – Цената на горивото е […]

Јанша и Голоб во „тесна трка“ пред парламентарните избори во Словенија


Актуелниот словенечки премиер Јанез Јанша и новиот кандидат за премиер Роберт Голоб се во „тесна трка“ две недели пред парламентарните избори, покажуваат анкетите. Според анкетата спроведена за неколку медиуми и објавена денеска од агенцијата Медијана, Движењето за слобода, формирано пред изборите од Роберт Голоб, истакнат менаџер кој долги години раководеше со голема државна енергетска компанија, […]

За секој освоен мандат партиите во Србија ќе добијат 18.600 евра


  Околу 555 милиони динари, односно 2,2 милиони динари (18.600 евра) за секој освоен мандат ќе бидат распределени од буџетот на партиите кои го поминаа цензусот на парламентарните избори на 3 април, објави „Вечерње новости“. Според весникот, најмногу пари, околу 264 милиони динари (2,2 милиони евра), ќе бидат исплатени на листата околу Српската напредна партија […]

Аеродромот во Белград утрово беше затворен поради дојава за бомба


Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград рано утринава беше затворен, како што неофицијално дознава ТВ Н1.рс, поради дојавата за наводна бомба, јави допсиникот на МИА од Белград. Вработените и патниците биле пуштени во аеродромската зграда малку по 5 часот утринава. Објавена е информација за доцнење на полетувањата на речиси сите утрински летови, по што авиосообраќајот постепено […]

Инфлацијата во март во Албанија изнесуваше 5,7 отсто, највисока во последните дваесет години


Драстичниот раст на цените силно ги погодува албанските потрошувачи со дополнително зголемување на нивните животни трошоци, што пак предизвика инфлацијата во март да достигне 5,7 отсто, што е највисоко ниво во последните две децении. -Оваа стапка на инфлација е многу повисока од онаа што ја предвидуваше Централната банка на Албанија од три проценти, но е […]

Голем шумски пожар на Халкидики


Голем шумски пожар избувна утрово во непрооден дел во областа Мола Калива кај Касандра на првиот крак на Халкидики, а во тек се напори огнените јазици да се стават под контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Противпожарната служба на Грција интервенира со 150 пожарникари со шест пешадиски тима, 40 возила и четити авиони, а […]

Анкара би можела да купи руски воени авиони „Су-57“


Турција би можела да ја разгледа опцијата за набавка на руски борбени авиони „Су-57“ доколку американскиот Конгрес не одобри Анкара да купи повеќенаменски борбени авиони „Ф-16“ од американско производство. Во написот објавен во денешнот издание на истанбулскиот весник „Милет“, инаку гласило блиско до турските власти, се наведува дека Анкара побарала од Вашингтон да дозволи продажба […]

Актуелните мерки за патување во Грција продолжени за уште една седмица


 Актуелните правила и предусловите за патување во Грција, односно задолжителен документ за Ковид-19, како и мерките во внатрешноста на земјата се непроменети и продолжени за уште една седмица, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на […]

Турција најави специјална авиокомпанија за руски туристи


 Турските власти планираат да создадат посебна авиокомпанија за превоз на руски туристи до турските одморалишта, јавува турските медиуми, откако Европската агенција за безбедност на воздухот ги суспендираше сите руски авиокомпании. Ескалацијата на судирот меѓу Русија и Украина доведе до проблеми во туристичкиот сектор во Турција, бидејќи и двата пазари се многу важни за бизнисот, пишува […]

Тајна испорака на кинески ракети за Србија


  БЕЛГРАД – Рускиот сојузник Србија ја презеде испораката на софистициран кинески противвоздушен систем во прикриена операција овој викенд, во исто време кога расте загриженоста на Западот дека трупањето оружје на Балканот во времето на војната во Украина може да го загрози кревкиот мир во регионот. Медиуми и воени експерти во неделата рекоа дека шест […]

Голема побарувачка за работници во Словенија


Рекорден број огласи за работа во Словенија е објавен на порталот за барање работа MojeDelo.com. Во моментов 900 работодавачи бараат речиси 5.000 нови работници. Порталот преку соопштение наведува дека во периодот пред короната имале околу 2.000 огласи за вработување. За време на епидемијата со Ковид-19, тој број накратко падна на 700, а потоа повторно се […]

Топ чанел: Принцот Лека Зогу помладиот можен иден шеф на албанската држава


Телевизијата Топ чанел објави „изненадувачка вест“ за можноста околу тоа кој би можел да биде следниот албански претседател, а кој има поддршка од меѓународните претставници. – Станува збор за принцот Лека Зогу помладиот, кој оствари средба со американските претставници Филип Рикер и Јури Ким. Соодветно на тоа, името на принцот треба да се земе предвид […]

Расим Љајиќ повреден во тешка сообраќајна несреќа, загина неговиот возач


Лидерот на Социјалдемократската партија на Србија и поранешен вицепремиер на српската влада, Расим Љајиќ, денеска околу девет часот доживеа тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш, кај Ражањ, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти МВР, возилото „Шкода Суперб“ во која се наоѓал Љајиќ од засега непознати причини излетало од патот и се превртело, […]