Хрватска денес доби 700 милиони евра од ЕУ

Овие средства се бесповратни и се само првата рата од помошта на ЕУ за закрепнување


Андреј Пленковиќ и Дубравка Шуица

 

Премиерот Андреј Пленковиќ и потпретседателката на Европската комисија Дубравка Шуица се сретнаа во Бански двори во Загреб по повод исплатата на првата рата од средствата од Европската унија за спроведување на Националниот план за закрепнување и отпорност, јавува ХРТ.

На средбата покрај премиерот присуствуваа и вицепремиерот и министер за финансии Здравко Мариќ и министерот за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика Марин Пилетиќ.

„Ми претставува огромно задоволство и, морам да кажам, гордост што сум денеска во Хрватска и да му врачам на премиерот, г. Пленковиќ, првиот оброк на бесповратни срества од Планот за закрепнување и отпорност, таканаречениот NextGeneratonEU, во износ од 700 милиони евра, изјави Шуица.

Таа истакна дека ова е најголемиот оброк што Хрватска го добила од Европската комисија.

Пленковиќ рече дека инструментот NextGenerationEU е силен економски и финансиски одговор на кризата со пандемијата на ковид.

„Ова се пари за реформите што ги презедовме до 31 декември минатата година, ги оцени Комисијата, се однесуваат на пазарот на трудот, социјалната заштита и активните мерки за вработување, националниот план за развој на здравството, програмите за енергетска ефикасност за декарбонизација на енергетскиот сектор, во областа на управувањето со водите, повеќегодишна програма за изградба на водени конструкции, низа активности од областа на просторното планирање, како што се програми за целосно реновирање на згради и високоефикасни алтернативни системи…“, рече премиерот.