Пожар на Света Гора, над 100 пожарникари и 35 војници го гаснат огнот


Пожарникарите продолжуваат со гаснењето на пожарот што избувна во петокот вечерта во непристапен шумски предел на Света Гора.
Катимерини пишува дека пожарот е лоциран во областа Агиос Андреас во североисточниот дел на полуостровот, каде живее најстарата жива монашка заедница во светот.

Огнениот фронт се наоѓа на значителна оддалеченост од манастирите и нема опасност да се прошири на зградите.

Во гаснењето на пожарот помагаат два авиони и два хеликоптери. Над 100 пожарникари и 35 војници се борат со огнот на терен.

Воени инженери помагаат и со земјени машини.