Протест на вработените во државните институции на БиХ, со барање за поголема плата и колективен договор


Работниците вработени во државните институции на Босна и Херцеговина денеска протестираа во Сараево, барајќи потпишување колективен договор, повисоки плати и усвојување на буџетот на БиХ.

Претседателот на Самостојниот синдикат на службеници и вработени во институциите на БиХ, Салих Карчиќ, за новинарите изјави дека тие по шести пат организираат протести.

– Ние сме единствената земја во Европа каде владата нема потпишано колективен договор со државните службеници. Забрзајте го потпишувањето на колективниот договор, бидејќи со тоа стануваме партнери и добиваме правна заштита. Вака не постоиме, ние сме здружение на граѓани кои не се прашани, рече Карчиќ, пренесе Кликс.

Наведувајќи дека бараат усвојување на буџетот на БиХ, кој оваа земја го нема усвоено повеќе од две години, наведе дека бараат основата за пресметка на платата и коефициентите да се усогласат со трошоците за живот.

– Потрошувачката кошничка за четиричлено семејство е 2.400 конвертибилни марки (околу 1.200 евра), а две третини од вработените во државните институции не можат да преживеат со овој приход, посочи Карчиќ.

Според него, владата на државно ниво веќе 13 години „врши класичен терор“ врз службениците вработени во институциите на БиХ, бидејќи толку долго не е зголемена основата за пресметување на платите.