Мајмунските сипаници стигнаа и во Хрватска


Маж што претходно престојувал во Италија и во Шпанија, ги донесе мајмунските сипаници во хрватска, јави Хрватската радио телевизија (ХРТ).

Во Хрватска вчера е потврден прв случај на мајмунски сипаници, јави Хрватската радио телевизија (ХРТ).

Според информациите, се работи за маж што престојувал во Италија и Шпанија. Лицето има поблаг облик на мајмунски сипаници и не е хоспитализиран, само е во домашна изолација.

Сомнежот за болеста е потврден и со ПЦР-тест.