Потпишани меморандуми за разбирање на индустриските паркови од Западен Балкан и ЕУ


 Седум индустриски паркови и деловни зони од Западен Балкан денеска во Будва потпишаа меморандуми за разбирање со партнерски организации на Европската Унија, со што официјално се воспостави Партнерството на индустриски паркови на Западен Балкан и ЕУ. Партнерството, како иницијатива олесната од Советот за регионална соработка (RCC), е дел од регионалните економски резултати подготвени за претстојниот […]

Романија во длабока политичка криза: Парламентот го отфрли Мурешан за премиер


  Романскиот парламент во средата го отфрли обидот на Зигфрид Мурешан да формира влада, со што се продлабочи кризата што започна по распадот на коалицијата во мај. Претседателот Никушор Дан, независен политичар со умерени ставови, го предложи централно-десничарскиот европратеник Мурешан за оваа функција, но пратениците во Букурешт одбија да ја поддржат неговата кандидатура на клучнoто […]

Чистачите во Загреб го прекинаа штрајкот, се чекаат возачите


Работниците во загребска „Чистота“ се собраа откако Окружниот суд во Загреб пресуди дека штрајкот на работниците од Загреб Холдинг е нелегален и забрани негово понатамошно спроведување. Синдикалниот претседател Мумун Хоџиќ објави дека ќе ја почитуваат одлуката на судот и дека штрајкот се откажува. „Работниците во втората и третата смена ќе работат“, рече тој. Жалбата ќе […]

Студентската листа надмина 40 отсто поддршка: ново истражување во Србија


  Истражувачот на „Нова српска политичка мисла“, Ѓорѓе Вукадиновиќ, денес изјави дека според анкетата на јавното мислење во септември, ситуацијата во Србија се ближи кон референдумска атмосфера на вонредните парламентарни избори на 25 октомври. „Имаме двајца актери кои имаат причина да бидат среќни, а речиси никој друг. Тоа се владејачката партија и ‘Студентите победуваат’. Тие […]

ЕПП сака да ја исклучи партијата на Вучиќ


Најголемата политичка група во Европскиот парламент, Европска народна партија (ЕПП) соопшти дека го финализира извештајот за статусот на Српската напредна партија (СНС) во ЕПП и за нејзиното евентуално исклучување. ЕПП наведе дека извештајот за СНС, која е придружена членка, нема да биде објавен пред предвремените парламентарни избори во Србија, што се закажани на 25 октомври, […]

И студентите се против Србија да воведе санкции за Русија


  Студентите во блокада напишаа на својот профил на социјалната мрежа Икс дека Србија ќе го задржи својот принципиелен став за невоведување рестриктивни мерки кон Руската Федерација. Во објавата насловена како „студентска програма за прашањето на надворешната политика и санкциите“, тие напишаа дека Република Србија ќе продолжи да се држи до конзистентниот став дека воведувањето […]

Земјотрес со јачина од 4,1 степен регистриран во близина на Атина


Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Грција, со епицентар во близина на Атина. Земјотресот бил регистриран во 07:21 часот, а според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, неговиот хипоцентар бил на длабочина од околу четири километри под површината на земјата. Епицентарот се наоѓал недалеку од главниот град Атина. Засега […]

Како исчезна „заедничката историја“ со Бугарија?


Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев тврди дека прв ги видел останките на цар Самоил за кои, како што вели, три години работел на враќањето, преговарајќи со двајца грчки премиери и со црковни поглавари. – Преговарав со Вселенскиот патријарх. Преговарав со грчкиот патријарх. Преговарав со двајца грчки премиери. Бугарското Министерство за надворешни работи… Речиси сите се […]

Тирана ги прогласи за почесни граѓани Хашим Тачи и другите тројца осудени во Хаг


  Собранието на градот Тирана денес едногласно го прифати предлогот на градоначалникот Ерион Вељиај за прогласување за почесни граѓани четворицата поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово, кои беа осудени за воени злосторства во постапка од прв степен. Предлогот го признава придонесот на четворицата поранешни водачи на ОВК во војната за ослободување на Косово, „неговиот […]

Уставен суд на Црна Гора: Вакцинациите се услов децата да одат во градинка


Децата во Црна Гора ќе мора да бидат вакцинирани во согласност со програмата за задолжителна имунизација за да останат во јавни и приватни градинки, одлучи денеска Уставниот суд. Уставниот суд оцени дека таков услов не е спротивен на Уставот на Црна Гора.Одлуката е донесена со пет гласа „за“ и два „против“. Исклучок останува за децата […]

Градоначалникот Шапиќ му се извини на Вучиќ за инцидентот во кој на опозициска советничка ѝ беше скршен носот


  Српското движењето „Крени-Промени“ на својата Инстаграм страница објави медицински извештај од Универзитетскиот клинички центар во кој пишува дека советничката Татјана Миќиќ претрпела скршеница на носот и виличната коска со дислокација. Портпаролот на Движењето, Никола Станковиќ, за „Данас“ изјави дека советничката нема да се појавува во медиумите и дека ќе се подложи на операција на […]

Што стои зад дипломатскиот договор меѓу Софија и Атина: Коските на Цар Самоил во замена за реликвии од грчки манастири


  Историски договор меѓу Бугарија и Грција: Бугарија ќе ѝ предаде на Грција вредни црковни предмети од два манастира во Северна Грција како дел од договорот за враќање на посмртните останки на царот Самуил. Се работи за 48 вредни предмети од манастирот „Света Богородица Икосифинис“ во Пангејските планини и манастирот „Свети Јован Претеча“ во близина […]

Поранешен грчки министер ќе биде изведен пред Специјален суд за интервенција на местото на железничката несреќа во 2023 година


Поради интервенција и „затрупување“ на местото на железничката несреќа во Темпи што се случи на крајот на февруари 2023 година, актуелниот пратеник на Нова демократија Христос Триандопулос кој тогаш беше министер без ресор ќе биде изведен пред Специјалниот суд за одговорност на министрите и се товари за прекршување на службена должност, јави дописничката на МИА […]

Погребот на Младиќ ја влошува позицијата на партијата на Вучиќ во ЕПП


  Вознемирувачките сцени од погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград не можат да се игнорираат во рамките на тековниот процес на преиспитување на улогата на Српската напредна партија (СНС) во Европската народна партија (ЕПП), во која таа има статус на придружен член, соопшти денес ЕПП. Во соопштението на Политичкото собрание на ЕПП […]

Временски парадокс над Европа: Додека Западот се загрева на 40 степени, воздухот од Сибир пристигнува на Балканот


  Додека во Западна и дел од Централна Европа има вистинска летна топлина што ги руши температурните рекорди, на Балканот, во Грција, Турција и Египет температурите се значително пониски од просекот за крајот на септември и почетокот на октомври. Причината за овој екстремен температурен контраст лежи во специфичниот распоред на системот на воздушен притисок над […]

Како Трамп предизвикува бум на словенечката веб-страница


  Регистрациите за националниот интернет домен на Словенија, .si, се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата администрација ќе го замени терминот вештачка интелигенција (AI) со супер интелигенција (SI). Новата кратенка се совпаѓа со кодот на земјата на интернет на Словенија, што ги поттикна технолошките компании, инвеститорите и шпекулантите со домени да брзаат […]

Градоначалник на Белград нападнал опозициска советничка. Ѝ го скршил носот


  Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, од Српската напредна партија, синоќа беше вклучен во сериозен инцидент откако наводно удрил советничка од движењето „Крени-промени“ и ѝ го скршил носот. Движењето „Крени-промени“објави дека Шапиќ ја нападнал нивната советничка Тања Миќиќ додека шетала со својот сопруг и кучето. Според нивните изјави, лекарскиот преглед открил фрактура на левата носна […]

Грција ќе ѝ ги предаде моштите на Цар Самуил на Бугарија


  Останките, за кои се верува дека му припаѓаат на цар Самуил, ќе ѝ бидат предадени на Бугарија од Грција оваа недела. Тие ќе бидат пречекани со официјална церемонија во Софија на 3 октомври, објави премиерот Румен Радев на почетокот на денешната владина седница. Останките ќе бидат транспортирани од Грција во Бугарија со авионот „Спартан“, […]

Во приватна клиника во Солун неовластено работело онколошко одделение и се вршеле хемотерапии


Низа сериозни неправилности, меѓу кои онколошко одделение што работело без соодветна дозвола, се вршеле хемотерапии и се рекламирало и на веб-страницата; недостиг на медицински персонал; отсуство на функционална единица за интензивна нега, утврдила Националната управа за транспарентност на Грција (ЕАД) во приватна клиника во Солун, а по контролите предлага трајно затворање и одземање на дозволата […]

Се појави снимка од тајна средба на американската амбасадорка Гилфојл во Букурешт. По шест дена падна владата


  Изјавата дадена од амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, предизвика вистинска политичка бура во Атина и отвори сериозни прашања за дипломатскиот притисок на САД врз европските сојузници. Според извештајот на „Волстрит џорнал“, сè се случило за време на приватна вечера во Атина одржана во март, на која присуствувале грчки и американски претставници. Кога […]