Автобусот што се преврте на автопат во Хрватска бил со српски таблички


Две лица загинаа, а повеќе се тешко повредени кога автобус со српски регистарски таблички се преврте утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во близина на Загреб, објави Хрватската радио-телевизија (ХРТ). Несреќата се случила веднаш по клучката Иванич-Град, во насока кон Загреб, на 61. километар од автопатот. Во автобусот имало вкупно 33 патници и двајца […]

Уште десет поглавја до крај: Црна Гора затвори 23 од 33, Договорот за пристап во ЕУ се очекува во јуни


Со затворањето на поглавјата 1 – Слобода на движење на стоки и 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, Црна Гора стигна до 23 привремено затворени од вкупно 33 поглавја од преговорите, така што остануваат уште десет до крајот на преговорите. Владата и европските институции најавија дека целта е сите преостанати поглавја да […]

Тешка несреќа на автопат во Хрватска: Се преврте автобус, двајца починати


Сообраќајна несреќа се случи во Хрватска на автопатот А3 помеѓу раскрсниците Иваниќ-Град и Ругвица, на патот во правец на Брегана. Сообраќајот се одвива по една лента со ограничување на брзината од 60 километри на час, објави ХАК. Читател пријавил на 24sata дека автобусот се превртел и дека сите служби и хеликоптер се на местото на […]

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000 ученици, најголем пад е забележан на истокот од земјата


Хрватска во изминатите 13 учебни години остана без 63.918 ученици во основните и во средните училишта, односно за 12,5 отсто од вкупниот број, а најтешко е погодена Вуковарско-сремската жупанија, каде што бројот на ученици е намален за повеќе од една третина. Пораст на бројот на ученици во овој период бележат единствено Градот Загреб и Истарската […]

Камења, солзавец и водени топови на протестот во Тирана


Албанската полиција употреби солзавец и бибер-спреј при судирите со демонстрантите пред министерството за образование во Тирана, каде што група учесници на протестот запалија корпи за отпадоци и ги туркаа кон полициските службеници, јави албанската новинска агенција АТА.   Тензиите дополнително се зголемија откако маскирани лица почнаа да фрлаат камења и различни предмети кон полицајците, кои […]

Богољуб Кариќ ќе се кандидира за претседател на Србија


Извршниот комитет на Движењето за силата на Србија едногласно одлучи да го предложи српскиот тајкун Богољуб Кариќ на главниот комитет на движењето за кандидат на претстојните избори за претседател на Србија, пренесоа српските медиуми. Движењето чиј основач е Кариќ ѝ честиташе на Студентската листа за победата на парламентарните избори и изрази почит кон демократски изразената […]

Албанската опозиција се приклучи на студентските протести прoтив Рама


 Антивладините протести во Албанија продолжија и денеска, а протестното движење добива дополнителна сила со приклучувањето на приврзаниците на опозициската Демократска партија кон студентските протести. Демонстрантите тргнаа во марш од седиштето на партијата кон зградата на кабинетот на премиерот Еди Рама, барајќи промени и отфрлајќи ги неговите повици за дијалог. Протестната колона ја предводат пратениците на […]

Српски новинар прогнозира дека Вучиќ брзо ќе се врати на власт


Познатиот новинар и политички аналитичар Капил Комиреди смета дека по парламентарните избори од 25 октомври, Србија би можела да се соочи со нестабилна влада и силна, дисциплинирана опозиција предводена од партијата на Александар Вучиќ. Во интервју за радиото „Монокл“, Комиреди изразил сомнеж во способноста на Студентската листа успешно да управува со државата, и покрај нејзиниот […]

(ВИДЕО) Вучиќ се подготвува за отпор – од кафеана


Српскиот лидер Александар Вучиќ со најлојалните приврзаници од Информер беше забележан во познат ресторан во Белград од каде што сите распеани – најавија отпор на сите страни на политичките промени. Сви смо ми Ћаци! ❤️ Живела слободна Србија! Отпор је свуда! 🇷🇸 https://t.co/aAyDfkdi7y — Александар Вучић (@avucic) November 6, 2026

Црна Гора затвори уште две поглавја во преговорите со ЕУ


Црна Гора денеска затвори уште две поглавја во преговорите за членство во Европската Унија, кои се однесуваат на слободното движење на стоки и на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика. -Секоја реформа бара голема посветеност, а резултатите се тука. Нашиот фокус останува непроменет – владеење на правото, силни институции и подобар животен стандард за […]

Бериша ги повика граѓаните масовно да го поддржат утрешниот студентски протест во Албанија


 Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Сали Бериша, денеска ги повика граѓаните од сите возрасти и со различни политички убедувања да се приклучат на утрешниот протест за поддршка на студентите, нагласувајќи дека победата на нивниот бунт е исклучително важна за иднината на земјата, јави АТА. На прес-конференцијата тој истакна дека поддршката за студентите треба да […]

Лајен идната недела во Бугарија


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, следната недела ќе ја посети Бугарија, во услови на серија напади со беспилотни летала врз трговски бродови во Црното Море, кои ги зголемија тензиите долж источното крило на НАТО. Во вторник, на 10 ноември, таа треба да се сретне со бугарскиот претседател Румен Радев во Варна и […]

Уапсени 8 полицајци поради смртта на братот на обвинетиот за убиството на малата Данка


Членови на Управата за кривични истраги на полицијата беа приведени откако обдукцијата докажа дека братот на обвинетиот во случајот Данка Илиќ не починал од природна смрт. Осум полицајци од Управата за кривични истраги на полицијата беа уапсени како дел од истрагата за смртта на Далибор Драгиевиќ, брат на еден од обвинетите за убиството на двегодишната […]

Солзи по изрекувањето на пресудата за убиецот на Алдина Јахиќ: 45 години затвор за Калајџиќ


Денес, кантоналниот суд во Мостар го осуди Анис Калајџиќ на 45 години затвор за убиството на 32-годишната Алдина Јахиќ. Изрекувањето на пресудата го следеа многу граѓани, а некои присутни не можеа да ги сокријат солзите, јави Кликс.ба. Пресудата ја изрече судскиот совет со кој претседаваше судијата Дарко Зовко. Калајџиќ беше осуден за тешко убиство, нелегално […]

Фатен убиецот од Турција: Не се знае зошто тргнал во „поход“


Ариф Сефа е осомничениот маж кој вчера во три села во Западна Турција уби осум луѓе. Мотивот за нападите сѐ уште не е познат.  Во Турција се случи серија вооружени напади, при што загинаа осум лица. Во четвртокот, на 5 ноември, маж вооружен со ловечка пушка отворил оган во три села во покраината Афјонкарахисар, во […]

Општина Пустец за првпат ќе има официјална веб-страница и на македонски јазик


Официјалната веб-страница на Општина Пустец во Албанија за првпат ќе биде достапна и на македонски јазик, покрај албанскиот, откако Општината го прифати барањето на Македонското друштво „Илинден“-Тирана. Од Друштвото информираат дека позитивниот одговор следува по официјално барање упатено до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот и членовите на општинскиот совет, како и по поднесена жалба до […]

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31


Анталија, туристичката престолнина на Турција, од понеделник, 9 ноември, ќе биде во центарот на светските климатски случувања, како домаќин на 31-та Конференција за климатски промени на Обединетите нации (COP31), која се одржува во рамките на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC). Со тоа што за првпат ќе претседава со конференцијата и ќе биде […]

Маж врши масовни убиства во западна Турција, досега уби осум луѓе


 Турската полиција трага по маж кој денеска уби осум луѓе во три села во западниот дел од земјата. Според турските медиуми полицијата трага по маж кој возел црвен автомобил, кој бил забележан како бега од местото на инцидентот. – Осум наши граѓани ги загубија животите, а друг е сериозно повреден во вооружен напад во нашата […]

Поранешна турска министерка заврши во притвор поради финансиски скандал тежок милиони евра


Фатма Бетуел Сајан Каја е осомничена за тргување со повластени информации и членство во криминална организација. Опозицијата претходно ја обвини дека со сопругот остварила профит од околу 38,6 милиони евра пред кризата на инвестициските фондови. Турски суд одреди притвор за поранешната министерка за семејство и социјална политика и висока функционерка на владејачката Партија на правдата […]

Студентската листа освои 140 мандати, Вучиќ 103


Српската Републичка изборна комисија (РИК) вчера доцна вечерта ги објави официјалните резултати од предвремените парламентарни избори во Србија, одржани на 25 октомври, на кои Студентската листа ја победи владејачката Српска напредна партија (СНС), пренесоа тамошните медиуми. Со објавувањето на конечните резултати, формално почнуваат да течат роковите а формирање на идната влада во земјата. Од запишаните […]