(Видео) Бугарските пратеници ќе се степаа во парламентот


Бугарските пратеници речиси ќе се степаа во законодавниот дом, а за малку не дојде до физичка пресметка помеѓу пратениците од „Продолжуваме со промената“ и ДПС. По остриот говор на Костадин Костадинов од „Преродба“, кој од собраниската говорница обвини дека синоќа бил направен обид за организирање на „Мајдан“ во Софија, јави БГНес. – Вчера бевме сведоци […]

Граѓански бунт во Софија по смената на спикерот на собранието


  Новоформираното мнозинство во бугарскиот парламент кое го смени спикерот Никола Минчев предизвика повеќе илјади граѓани да излезат пред собранието на граѓански бунт против овој (не)очекуван сојуз. Веќе четврти час илјадници граѓани протестираат против одлуката за смена на Минчев, а тензиите ескалираа во 22 часот по бугарско време, откако полицијата спречи напад врз пратениците од […]

Во Турција приведени 16 новинари под обвинение за тероризам


Турција – Шеснаесет турски новинари денеска се приведени и ќе бидат изнесени пред суд под обвинение дека се поврзани со прокурдски медиуми и за членство во „терористичка организација“. Новинарите работеа за медиуми поврзани со прокурдската Демократска народна партија, која ризикува да биде забранета во Турција поради наводни врски со забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Демократската народна партија негира каква било поврзаност со […]

Нов рекорд во Црна Гора: Годишната инфлација достигна 11,7 отсто


Потрошувачките цени во мај годинава во Црна Гора, во однос на истиот месец од 2021 година, се во просек повисоки за 11,7 отсто, покажуваат новите прелиминарни податоци на Заводот за статистика – Монстат. Ова претставува нова рекордна вредност уште од периодот пред кризата во 2008 година. За истиот период, усогласениот индекс на потрошувачките цени – […]

Плеврис: Летниот бран на Ковид-19 нема да изврши притисок врз здравствениот систем


Летниот бран на Ковид-19 ќе биде бран што ќе донесе зголемувања и намалувања на случаите, но нема да постои притисок врз здравствениот систем, вели министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“ и додава дека пораст на новозаразени има во сите европски земји, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис […]

Хрватска: Недела на море за тричлено семејство е за најмалку 160 евра поскапа од лани


Брачен пар со шеснаесетгодишно дете седум дена во стан ќе плати од 200 до 500 куни (26 до 66 евра) повеќе од минатото лето. Еден оброк во ресторан секој ден значи уште 600 куни (околу 80 евра). Потребни се околу 400 куни (53 евра) за да се стигне и да се врати по автопатот, пишува […]

Во Хрватска недостигаат 10.000 туристички работници


Туристите се враќаат во Хрватска откако пандемијата го десеткуваше нејзиниот клучен туристички сектор, но земјата на јадранскиот брег има проблем: ѝ недостигаат работници кои ќе се грижат за големиот број посетители, пишува француската новинска агенција AFP. Поради хроничен недостиг на работници во туризмот, Хрватска регрутира луѓе во соседните балкански земји, па дури и во Азија. […]

Повторно дојави за поставени бомби во училишта ширум Србија


Голем број училишта утрово во Белград, Мајданпек, Ниш но и други градови добија дојави за бомби, поради што дел од нив ги известија родителите децата да не доаѓаат на училиште и дека наставата денеска ќе се одржува онлајн. Корисници на социјални мрежи ја потврдиле таа информација, објавувајќи дека пријави стигнале и до училишта во општините […]

БиХ забрани извоз на огревно дрво


Извозот на огревно дрво од Босна и Херцеговина е забранет на 90 дена, едногласно одлучи Советот на министри на БиХ на седницата во Сараево. Предлогот на одлуката за привремена забрана за извоз на одредени шумски дрвни сортименти, огревно дрво и производи од дрво беше единствената точка за која се расправаше, на предлог на Министерството за […]

Во Драч запленети 45,5 кг кокаин во контејнер со пилешко месо нарачка на трговец од Северна Македонија


Албанската полиција синоќа, во пристанишниот град Драч запленила 45,5 килограми кокаин, чија крајна дестинација била Северна Македонија. -Дрогата, пакувана во 40 пакетчиња, беше откриена, при детална контрола во контејнер натоварен во Бразил, со пилешко месо, на сметка на трговски субјект од Северна Македонија, стои во полициското соопштение. Како што може да се види од фотографиите […]

На грчкиот остров Миконос 37 отсто од тестираните се позитивни


На грчките острови Миконос и Санторини 36,98 отсто, односно 25,32 проценти од направените тестови за Ковид-19 се позитивни во изминатата седмица, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), за стапката на позитивност во периодот од 6 до 12 јуни 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина. За разлика од […]

Бугарија: Поднесено барање за смена на претседателот на собранието


  По жестоката расправа во Собранието на Бугарија околу излагањето на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и нејзините обвинувања на сметка на премиерот Кирил Петков, денеска попладне опозицијата поднесе барање за смена на претседателот на парламентот, Никола Минчев. На тоа барање се потпишани 120 пратеници од Има таков народ, ГЕРБ, ДПС и Преродба. Нивното […]

Одржано првото рочиште од повторното судење за Златна зора – мирен протест пред судот


По речиси шест часа и неколку прекини, попладнево во атинскиот суд се одржа првото рочиште од повторното судење на Златна зора по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен, јави дописничката на МИА од Атина. Судењето ќе продолжи на 6 јули, а беше прекинато по анонимниот телефонски повик за бомба во судот. […]

(Фото) Македонец со автомобил падна во река во БиХ


Македонецот З.Љ. (48) утрово со неговото „ауди К7“ падна во реката Босна во Добој, Босна и херцеговина, а за среќа не е повреден. Мажот паднал со автомобилот во реката, по што се качил на покрив и чекал да го спасат полицајците. „Возилото било управувано од страна на З.Љ. од Македонија. Во извлекувањето учествуваа полициски службеници […]

Брамерц со критики до Хрватска за несоработка со други земји


Холандија– Главниот обвинител на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови, Серж Брамерц ја критикуваше Хрватска во Советот за безбедност на Обединетите Нации, поради несоработка со други држави. Според него, хрватската Влада со политички одлуки ги блокира судските процеси. Брамерц појасни оти Хрватска не им одговорила на Босна и Херцеговина и на Србија во над 80 случаи. […]

Бугарскиот Парламент на затворена седница ќе ја сослуша Генчовска за Северна Македонија


 Со гласови од ГЕРБ – СДС, ДПС, „Има таков народ“ и „Преродба“, бугарскиот Парламент одлучи како прва точка на дневниот ред, денеска, да ја сослуша министерката за надворешни работи Теодора Генчовска. Предлогот беше одобрен со 117 гласа „за“, 108 против и пет воздржани. Од „Продолжуваме со промената“, „БСП за Бугарија“, „Демократска Бугарија“ и четворица независни […]

Премиерите на Албанија и Црна Гора се во посета на Украина на покана на украинскиот претседател


Црна Гора –   Премиерот на Албанија Еди Рама и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ денеска се во посета на Киев на покана на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави црногорската новинска агенција Мина. Абазовиќ синоќа заедно со Рама замина за Киев. „За Киев, по покана на претседателот Зеленски“, напиша Рама на својата Фејсбук страница пред […]

Почнува повторното судење за Златна зора


Грција – Седум години по почетокот и 20 месеци по завршувањето на еден од најголемите и историски судски процеси во Грција, оној против Златна зора, денеска, судењето почнува одново по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно со почетокот на судењето во атинскиот суд во […]

Производството на електрична енергија во Словенија на историски најниско ниво


Словенија повеќе не ги произведува потребните количини електрична енергија, а нејзината цена за домаќинствата и економијата може енормно да се зголеми во наредните месеци, предупреди денеска во интервју за словенечкото радио Александар Мервар, директор на Електростопанство Словенија „ЕЛЕС“. – Војната во Украина во моментов влијае на високите цени на енергетскиот пазар, но и да се […]

Богатството на Беџет Пацоли е 743 милиони евра


  Лидерот на Алијансата за ново Косово, Беџет Пацоли и официјално е најбогатиот човек во Косово, а неговото богатство е околу 743 милиони евра, пренесува „Косово онлајн“. Пацоли пријавил недвижен имот во вредност од 210 милиони евра, вклучувајќи куќи, земјиште и хотели. Само една негова куќа чини речиси 18 милиони евра. Тој изјави дека хотелот […]