Во Бугарија се преврте автобус со деца од Србија, 12 се повредени


 Автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија во кој се превезувале 48 деца,излетал од автопатот Тракија во Бугарија и се превртел во ендек при што има повредени. На местото на настанот пристигнале возила на брза помош, пожарна и неколку полициски возила.

Според првичните информации, во несреќата повредени се четворица возрасни и осум деца. Тоа го изјави заменик-главен секретар на МВР на Бугарија, Станимир Станев. Двајца се во тешка состојба – еден возрасен и едно дете, другите се со различни повреди. Меѓу повредените е и возачот на автобусот.

Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар. Сите патници се државјани на Србија.