Роднините се простуваат од убиените во масакрот во Цетиње


Милош Мартиновиќ со трогателна порака се прости од сопругата Наташа и двата сина кои во Цетиње ги уби 34-годишниот Вук Бориловиќ.

– Ти благодарам за се што направи за Машан и Марко. Се обиде да ги спасиш од злосторникот кој ве уби невини. Цел живот се бореше за нив и сега повторно сте заедно – пишува во некрологот што го објави неутешниот сопруг и татко.

Денешните весници се полни со некролози во кои најблиските се збогуваат со жртвите од масакрот.

Наташа Пејовиќ Мартиновиќ и нејзините синови ќе бидат погребани денеска на локалните гробишта во Бајице.

Само еден час подоцна, на локалните гробишта во Цетиње ќе биде погребан нивниот кум Милан Митровиќ, кој отишол да види што се случува во куќата на Мартиновиќ. Во Градац ќе биде погребан Горан Ѓуришиќ, вујкото на убиецот на Бориловиќ, кој загина обидувајќи се да го спречи во злосторството. Тричленото семејство Дрецун ќе биде погребано во 16 часот во селото Љубоштињ.

Во Цетиње утрово во 10 часот се одржа комеморација за трагично загинатите сограѓани во масакрот што се случи во петокот. На комеморацијата присуствуваа роднините и пријателите на убиените, претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, премиерот Дритан Абазовиќ, градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ…

Вук Бориловиќ, во петокот уби 10 сограѓани, а шестмина од нив рани пред самиот да биде убиен. Според медиумите пукањето траело повеќе од 45 минути. Во крвавата драма со ловечка пушка по случаен избор пукал во станари, соседи, потоа екипа на Итната медицинска помош и припадници на полицијата кои дошле на местото на пукањето, како и случајни минувачи.

Обдукцијата покажала дека има најмалку пет влезни рани, а балистичките експерти и патолозите ќе проценат со кое оружје било пукано во Бориловиќ, а кои рани биле фатални. 

„Ако лицето Н.К. од Цетиње, а не полицијата, спречило поголем масакр, обвинителството може тоа да го квалификува како нужна одбрана, а тој кривично да не одговара“, порача во меѓувреме адвокатот Жељко Ѓукановиќ за „Вијести“, зборувајќи за настанот во Цетиње.

Ѓукановиќ за „Вијести“ објаснува дека нужната одбрана, како што е експлицитно пропишана во Кривичниот законик на Црна Гора, сама по себе претставува основа која исклучува постоење на кривично дело.

„Тоа е одбрана што е апсолутно неопходна за сторителот да одбие симултан или неизбежен незаконски напад, за свое или зa доброто на друг. Сепак, со оглед на досега објавените детали во медиумите, се појавија мислења дека тоа е прашање на крајна нужда, што според мене не е основано“, вели Ѓукановиќ. Тој објасни дека крајна нужда постои како статут во Кривичниот законик на Црна Гора, но дека тоа не е кривично дело.