Александар Шапиќ нов градоначалник на Белград


Собранието на град Белград денеска избра нов градоначалник – Александар Шапиќ, кој на изборите во април беше прв на листатата „Александар Вучиќ – Заедно можеме се“. На тајното гласање, од 110 гласачки ливчиња Шапиќ доби тенко мнозинство од 57 советнички гласови на сите одборници на Српската Напредна Странка (СНС), Социјалистичката партија (СПС) и еден одборник […]

Во Словенија недостиг на гориво на бензинските пумпи


На многу места во Словенија денеска граѓаните не можеа да полнат гориво на бензинските пумпи, а проблеми има и со сите добавувачи. Исчезнување на гориво е пријавено на бензинските пумпи „ОВМ“, „Петрол“ и „МОЛ“, јавуваат словенечките медиуми, пренесе Срна. Штаерска, Помурје, Прекмурје, Горња Савињска долина, Илирска Бистрица, Велење, Јесенице, Камник, Нова Горица, Горишка брда се […]

Вучиќ: Одлуката за учество на Самитот во Брисел ќе ја донесам по консултации со Владата и со земјите од Отворен Балкан


 Српскиот претседателот Александар Вучиќ денеска најави дека утре ќе има консултации со премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и со Владата на Србија за претстојниот Самит за Западен Балкан, па дури тогаш ќе донесе одлука дали ќе патува во Брисел, јави дописникот на МИА од Белград. – Тогаш […]

Абазовиќ ги повика граѓаните на одговорност и штедење


Претседателот на црногорската Влада Дритан Абазовиќ стравува од криза, како прехранбена така и енергетска, на есен, апелирајќи граѓаните да бидат одговорни и да штедат кога се во прашање горивото и електричната енергија. – Не е ова апел да се променат навиките, но, едноставно сите во светот ги чека тешка година. Црна Гора нема да биде […]

Уште два дена на владата на Кирил Петков?


  СОФИЈА – Владата на бугарскиот премиер Кирил Петков најверојатно ќе падне со гласање за недоверба в среда, отстранувајќи ја администрацијата која вети дека ќе ја исчисти ендемската корупција во земјата и зазеде невообичаено силна позиција против Русија. Петков дојде на власт пред само шест месеци, завршувајќи ја бурната година од три општи избори со […]

Шаленберг: Имам чувство дека го губиме Балканот


Министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг се надева дека на самитот на Европската Унија ќе има јасно упатен сигнал не само во правец кон истокот, туку и кон југоистокот на Европа. Според Шаленберг, Украина не е во конкуренција со државите од Западен Балкан. Се работи за веродостојноста на ЕУ, смета Шаленберг, во постигнувањето […]

Жителите на бугарско Струмјани бараат побрзо отворање на граничниот пункт „Клепало“


Жителите на бугарската општина Струмјани во близина на идниот граничен премин со Северна Македонија „Клепало“, стравуваат дека неговото отворање најверојатно ќе биде повторно одложено, пренесува Бугарската национална телевизија. Како што јави дописникот на МИА, жителите на Струмјани инсистираат на јасни и прецизни рокови за отворање на граничниот пункт. Првичните очекувања се дека ќе профункционира во […]

Во Црна Гора се удави момче од Македонија


  Момче од Македонија, на возраст од 22 години, се удави вчера на плажата „Утјеха“, помеѓу Бар и Улцињ, објави агенцијата СРНА. Момчето се удавило околу 18 часот. На телото немало траги на насилство, а дополнително треба да се утврди причината за смртта. Обвинителот ќе нареди обдукција, објавија црногорските електронски медиуми. Според објавите во локалните […]

Францускиот предлог е многу добар за Бугарија, вели Христо Иванов од Демократска Бугарија


  Францускиот предлог за кревање на ветото е исклучително добар за Бугарија, а Слави Трифонов се обидува да ја искористи темата за да обезбеди алиби за некои негови внатрешно-политички дејствија, вели Христо Иванов, лидерот на владејачката партија во Софија, Демократска Бугарија. „Ова е во најмала рака неодговорен начин. Конечно го добивме резултатот од напорите за […]

Чавушоглу: Турција со сите разговара исто, Додик е член на Претседателството сакале или не


Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска во Сараево изјави дека Турција е непристрасна кога станува збор за прашањата во БиХ, дека исто разговара со сите и дека Милорад Додик е член на Претседателството на БиХ „Позицијата на Турција е јасна. Сакале или не, Милорад Додик е член на Претседателството на БиХ. На сите […]

Петков: Ќе одам во Брисел со одлука на Народното собрание на Бугарија


Премиерот на Бугарија Кирил Петков денеска најави дека на Самитот во Брисел следната недела нема да оди со став на Владата во однос на францускиот предлог  туку со одлука на Народното собрание. Како што јави дописникот на МИА, според Кирил Петков, темата Северна Македонија е многу важен национален случај и за одлуката треа да има […]

Радев: Францускиот предлог е чекор во правилна насока, но треба да се разјаснат некои прашања пред да се крене ветото


Предлогот на француското претседателство е чекор во правилна насока, но остануваат голем број прашања кои треба да се разјаснат пред да се укине ветото, оценува претседателот на Бугарија Румен Радев, коментирајќи го францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ доставен од премиерот Кирил Петков до Комисијата за надворешна политика, […]

Додик: Средбата со Путин беше полна со разбирање и отвореност


Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург била „полна со разбирање и отвореност“. Додик доцна синоќа се сретна со Путин на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. По средбата, Додик за РТРС изјави дека се разговарало за неколку теми, пред се […]

Ива Митева од „Има таков народ“ одби да биде предложена за нов претседател на бугарскиот парламент


 Ива Митева од партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов одби да биде предложена за претседател за нов претседател на 47. Народно собрание на Бугарија, соопшти таа за БНР по вонредниот состанок на пратеничката група на „Има таков народ“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Митева, немало ништо страшно доколку не се […]

Кипар ќе добие од Грција владин авион


Грција– Република Кипар ќе го добие првиот официјален владин авион, што ќе биде донација од Грција, беше соопштено на денешната средба во Никозија на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Мицотакис рече дека со оглед на тоа дека планираат модернизација на нивната флота на авиони, ќе го направат конкретниот гест кон Кипар, […]

Мајмунски сипаници во Србија донесе маж што се вратил од Германија


Во Србија е регистриран прв импортиран потврден случај на заболување со мајмункси сипаници, пишува Новости. Случајот е дијиагностички препознат и тераписки згрижен. Лабораториска дијагностика е спроведена на Инстирутот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“. територијално надлежниот завод за јавно здрајве изврши епидемиолошко истражување на случајот и спроведени се меркиз а евиденција, тестирање, пријавување и контрола […]

Словенечки „Петрол“: Во текот на летото можен е недостиг од гориво во регионот


Во текот на летото можни се недостиг на нафтени деривати во земјите од регионот поради значително отежнатото снабдување поради блокадата на увозот на руска нафта во Европската унија. Како што соопштија од словенечкиот Петрол за порталот Report, компанијата има обезбедено долгорочни договори за набавка на нафтени деривати за 2022 година до степен што ја одразува […]

Предлог на словенечката Лекарска комора: На боледување до три дена без посета на лекар


За да се одобри кратко отсуство од работа поради здравствени причини, на вработените во Словенија не им требаше лекар во најтешките фази на пандемијата и оптоварувањето на здравствениот систем, а лекарите предлагаат повторно да се воведе tаа мерка. Лекарската комора на Словенија во предлогот до Владата наведува дека можноста за оправдано отсуство од работа до […]

За доверба на владата на Петков ќе се гласа ден пред европскиот самит


  Дали Кирил Петков на самитот ЕУ-Западен Балкан и потоа на самитот на европските лидери ќе замине како премиер со полн мандат или како технички премиер кој го загубил мнозинството во парламентот, ќе се знае од гласањето за доверба на владата на 22 јуни. Ден подоцна во Брисел треба да се одржат двата самити. Бугарското […]

Пленковиќ казнет со 3.000 куни оти пријавил поголема плата на сопругата


  Комитетот за одлучување на судир на интереси денеска на својата седница одлучи да го казни премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ со 3.000 куни (404 евра), поради неусогласеност во пријавата за имот. Пленковиќ казната може да ја плати на три рати. Според Комитетот, имало мали несогласувања околу пријавеното и она што го поседува премиерот, а […]