Милановиќ: Да ѝ се даде кандидатски статус на Босна и Херцеговина, како чин на доверба и на надеж


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска повторно побара на Босна и Херцеговина да ѝ се додели кандидатски статус за влез во Европската Унија. Лидери на земјите членки на ЕУ денеска и утре на самит во Брисел одлучуваат за кандидатски статус за Украина и за Молдавија, за што постои силна поддршка. Милановиќ повторно побара ист статус да […]

Бериша најави масовен протест во Тирана на 7 јули


Поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, кој е лидер на крилото на опозициската Демократска партија (ПД)за обнова на партијата, најави одржување протест на 7 јули во 19 часот. Повикувајќи ги граѓаните на масовност тој рече дека протестот ќе биде против Владата и Собранието. -Суштината е протест и само протест. Граѓаните почнувајќи од нивниот национален […]

Вучиќ: Се надевам, но не сум сигурен дека ќе има решение за Северна Македонија


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се надева, но не е сигурен дека ќе се најде решение за тргање на бугарското вето и деблокада на евроинтеграцијата на Северна Македонија. – Разговарав утрово со премиерот Димитар Ковачевски и се надевам, но не сум сигурен, рече Вучиќ во изјава за новинарите во Брисел пред почетокот на самитот […]

Петков: Ќе има нови министри во следната влада на „Промените продолжуваат”


Не е време да се кажам кои ќе бидат новите министри, кога претседателот на Бугарија Румен Радев, ќе и го додели мандатот на „Промените продолжуваат“, изјави за Нова ТВ премиерот во оставка Кирил Петков. Според Петков, јавува дописникот на МИА од Софија, нема подобар вицепремиер и министер за финансии на Бугарија од Асен Василев, кој […]

Симпатизери на ВМРО-БНД протестираа пред домот на Бојко Борисов во софиската населба Банки


Поддржувачи на партијата ВМРО, предводени од партиските копретседатели Ангел Џамбазки и Александар Сиди, протестираа пред куќата на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, во софиската населба Банки. Како што јави дописникот на МИА од Софија, од информациите на локалните медиуми, причината е одлуката на поранешниот премиер Бојко Борисов и неговата партија, која е главна опозициска сила […]

Во Албанија расте бројот на новозаразени со Ковид-19


Во Албанија расте бројот на новозаразени со Ковид- 19, што го потврдуваат податоците последните денови, јави дописничката на МИА од Тирана.   Според Министерството за здравство и социјална заштита во последното деноноќие потврдени се 277 нови случаи, што е 28,9 отсто од направените 957 тестови.   Во исто време не е регистриран починат како последица […]

Реакции во дел од западни новински агенции по гласањето недоверба на Кабинетот на бугарскиот премиер


АФП Бугарската коалициска влада падна по само шест месеци – откако изгуби во гласањето за доверба меѓу пратениците, што носи нови политички превирања и голема веројатност за предвремени општи избори. Но, аналитичарите велат дека не постои гаранција дека уште еден национално гласање во оваа земја со 6,5 милиони жители, која минатата година помина низ три […]

Хрватска оваа есен очекува одлука за приклучување кон Шенген зоната од 1 јануари следната година


Советот на ЕУ следната недела ќе испрати нацрт-одлука за пристапување на Хрватска во Шенген зоната на 1 јануари 2023 година, а конечната одлука би можела да биде донесена оваа есен, јави Хина, повикувајќи се на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. „Следната недела Советот на ЕУ ќе испрати формален предлог до Европскиот парламент за пристапување на Хрватска […]

По пандемијата заживува албанскиот туризам, проблем е недостигот на работници


 Туризмот во Албанија, што беше еден од најтешко погодените сектори за време на пандемијата, се чини брзо закрепнува.  Повикувајќи се на податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, на албанска територија во април 2022 година влегле 832.920 лица, што споредено со истиот месец минатата година значи зголемување за 78,6 отсто.    -Сметам дека двете години од […]

Петков го отфрли предлогот на Борисов владата да се изјасни за Македонија


  Бугарската влада го отфрли предлогот на поранешниот премиер Бојко Борисов да го одобри предлогот француското претседателство за кревање на ветото во ЕУ, а потоа таа одлука да се достави до собранието каде што ќе добие поддршка од 59 пратеници на ГЕРБ. Во изјавата шефицата на кабинетот и владина портпаролка Лена Бориславова за бугарски „Дневник“ […]

Дваесет хеликоптери и 14 авиони се борат со пожари во Турција


Пожари зафатија шума на подрачјето на Мармарис, во западната турска провинција Мугла. Пожарникарите се борат со огнените јазици и од копно и од воздух, јави Анадолија. Областа Хисарон во Мармарис ја зафати пожар, а причината сè уште не е утврдена. Во гаснењето сега се вклучени 20 хеликоптери и 14 авиони, екипите на терен прават сè […]

Конфузија во Бугарија – новото мнозинство го бојкотира собранието


  На денот кога треба да се гласа за доведрба на владата на премиерот Кирил Петков бугарската политика влезе во уште еден јазол. Собранието од изутрина не може да заседава затоа што не може да се обезбеди кворум. Седницата на три пати ја бојкотираа четирите партии кои сега го имаат мнозинството во собранието – ГЕРБ, […]

Исклучен од работа Петтиот блок на бугарската нуклеарна централа во Козлодуј


Рано утринава, во 6.05 часот, со работа запре Петтиот блок на нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија, соопшти централата на својот сајт. Во соопштението се наведува дека нема промена во состојбата со радијацијата во Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петтиот блок е исклучен од енергетскиот систем на Бугарија поради дефект во системот […]

Бугарското Народно собрание ќе избира нов председател, а подоцна ќе гласа за недоверба на владата на Петков


Денешната редовна седница на бугарското Народно собрание ќе почне со процедура за избор на нов претседател, јави дописникот на МИА од Софија. По изгласаната смена на Никола Минчев, функцијата ја презеде Мирослав Иванов. Можно е најголемата партија во Народното собрание „Промените продолжуваат“ повторно да го предложи Минчев за шеф на парламентот. Ива Митева од партијата […]

Над 3.000 бугарски граѓани ја поддржаа владата на Петков пред патријаршската катедрала „Св. Александар Невски“


Повеќе од 3.000 луѓе учествуваа на мирниот протест за поддршка на бугарската Влада на плоштадот „Свети Александар Невски“ на јужниот влез на патријаршиската катедрала, јави дописникот на МИА од Софија. Барањата на демонстрантите беа Бугарија без корупција, како и да нема обединување меѓу ГЕРБ, ДПС, „Препород“ и „Има таков народ“. Граѓаните носеа и бугарски и […]

Косово и Србија постигнаа договор за електричната енергија


Косовскиот главен преговарач во дијалогот со Србија, вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бесник Бислими објави дека Косово и Србија денеска конечно постигнале договор од областа на енергетиката, јави дописникот на МИА од Приштина. Бислими на својата страница на Твитер напиша дека со овој договор ќе се овозможи наплата на сметките за струја и во четирите општини […]

Словенија ѝ донира на Украина 35 тенкови произведени во Југославија


  Словенија на Украина ѝ донираше 35 оклопни амфибиски возила BVP M80A, произведени во поранешна Југославија, за што според договорот со САД ќе ѝ бидат компензирани средства за купување опрема за словенечката војска, пренесоа словенечките медиуми. Возилата по железнички пат веќе се упатени кон Полска, а од таму до Украина. Нивата деконзервација траеше повеќе недели, […]

Бугарската собраниска Комисија за надворешни работи утре ќе го разгледува „францускиот предлог“


Комисијата за надворешна политика на бугарскиот Парламент утре попладне ќе одржи седница на која ќе биде разгледан „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Софија.   На седницата, како што е најавено, „ќе биде претставен и ставот на бугарското МНР за записникот од заедничката средба согласно членот […]

Пет протести пред бугарското Народно собрание за време на дебатата за гласање недоверба на владата на Петков


Денеска пред зградата на Народото Собрание во Софија ќе се оддржат пет протести против бугарската Влада на премиер Кирил Петков, соопштија властите во земјата.   Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, станува збор за протести на движењето „Да, Бугарија”, партијата „Препород”, партијата ВМРО-БНД , здружението „Толерантност” и национално движење „Хан Кубрат”.    Протестите ќе […]

Се укинува граничната контрола меѓу Косово и Албанија во викендите и на државни празници


Владите на Косово и Албанија одлучија на денешната заедничка седница во косовската престолнина да го укинат задолжителното регистрирање на граѓаните при премин на меѓудржавната граница во викендите и во текот на државните празници, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што беше објавено по денешната седница на двете влади, одлуката ќе биде во сила до […]