(Видео) Застрашувачка глетка: Водено торнадо во Палиури ги исплаши туристите

Бројните туристи кои ја фотографирале оваа необична глетка биле преплашени од торнадото, иако тоа не е необична појава


 

Невремето кое зафати дел од Грција предизвика помали штети, а освен торнадото, а молњите предизвикаа и мал пожар, кој набрзо беше ставен под контрола.

Туристите кои одмараа на плажата во туристичкото место Палиури во Грција беа изненадени од огромно торнадо кое брзо се формираше недалеку од брегот, токму пред нивните очи.

Глетката беше навистина за паметење. На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа пијавица со застрашувачка големина.

Бројните туристи кои ја фотографирале оваа необична глетка биле преплашени од торнадото, иако тоа не е необична појава. Снимката на социјалните мрежи предизвика лавина од коментари.

„Изгледа како чудовиште“, гласеше еден од коментарите, а имаше и такви кои се пошегуваа и коментираа дека „вонземјаните земаат вода“.

Како што е објаснето, оваа појава се јавува во денови на голема топлина и влажност и претставува вител помеѓу олујниот облак и површината на морето. Главната причина за оваа појава е големата температурна разлика помеѓу водните површини и горните слоеви на атмосферата.