Бугарија бара помош од германски царинци за граничниот премин кон Турција


  Бугарскиот вицепремиер и министер за финансии, Асен Василев, побара од Германија да испрати помош во цариници на граничниот премин „Капитан Андреево“ за да се намали корупцијата и да се овозможи побрз проток на луѓето и стоките. Тоа  василев го побарал од германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер, кој денеска е во Софија. „Првата тема […]

Србија нема да отвори нов кластер поради невоведувањето санкции против Русија


Министерката за европска интеграција на Србија Јадранка Јоксимовиќ изјави дека кластерот 3 нема да биде отворен во јуни во Брисел, затоа што Србија нема воведено санкции против Русија, јави дописникот на МИА од Белград. Кластерот 3, кој Србија го очекува во евроинтеграциите, го вклучува, меѓу другото, информатичкото општество и медиумите, даночниот систем, економски и монетарни […]

ГЕРБ со иницијатива за гласање недоверба на владата на Кирил Петков


Заменикот-претседател на ГЕРБ, Томислав Дончев, на денешната прес-конференција соопшти дека неговата партија ќе иницира гласање за недоверба на владата на бугарскиот премиер Кирил Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, гласањето во 47. Народно собрание на Бугарија против премиерот Кирил Петков, според Дончев, ќе биде поради неуспехот на финансиската политика. Ова поглавје од […]

„Бруталниот путинизам“ го плаши Петков да го крене ветото


  На Бугарија ѝ се заканува силен антизападен бран среде руската пропаганда, а војната во Украина и укинувањето на ветото за Македонија може да доведе до „брутален путинизам“ дома, додека Скопје смета дека тоа е токму игра во рацете на Русија. „Еурактив“ праша бугарски политички аналитичари за политичката цена на укинувањето на ветото на земјата […]

Иконому: Грчката Влада ќе работи да се постигне целта до 2033 година Западен Балкан да биде дел од ЕУ


Се надеваме, посакуваме и грчката Влада ќе работи во насока да се постигне она што го кажа премиерот, до 2033 година Западен Балкан да биде дел од европското семејство, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по завршувањето на Самитот во Солун во петокот, како […]

Руски компании го преплавија Балканот, најмногу ги има во Црна Гора и во Србија


Ужасите на војната поттикнаа бран бегалци од Украина, а Обединетите нации проценија дека повеќе од шест милиони луѓе ја напуштиле земјата, главно жени, деца и нерегрутирани мажи. Од друга страна, неофицијални проценки велат дека околу пет милиони граѓани на Руската Федерација ја напуштиле земјата, пишува Ал Џезира Балканс. Прашањето е: што е со стекнатото знаење, […]

Се дигитализира вработувањето во хрватската администрација


Хрватскиот министер за правда Иван Маленица реши да го прекине вработувањето „преку врски“ во јавната администрација, па објави тендер за набавка на опрема со која целосно ќе се дигитализира овој процес, што практично значи дека во иднина кандидатите за државни службеници ќе бидат избрани од робот. Според загрепскиот Јутарњи лист, за тендерот веќе се пристигнати девет понуди. Владата одлучи […]

Пред крај изградбата на ѕидот на турско-иранската граница


Турција речиси ја заврши изградбата на ѕидот на границата со Иран, се наведува во извештајот претставен на парламентарната поткомисија за миграција, јави весникот „Милиет“. Досега Турција има изградено ѕидови со вкупна должина од 1.079 километри долж нејзините копнени граници за да спречи илегален влез на мигранти, особено преку нејзините источни граници. Во голема мера е […]

Абазовиќ: „Отворен Балкан“ откри рецепт за иднината


На Самитот „Отворен Балкан“ во Охрид се случи „пресврт на што регионот треба да биде горд“, а Европа „виде еден поинаков Западен Балкан, што отворено разговара за својата иднина“, смета црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ. – Наместо за тоа „кој прв започна војна“, се разговараше за туризам, слободна трговија, енергија, земјоделство, економска и здравствена криза, како […]

Столтенберг: Грција и Турција да ги решат разликите во духот на довербата и сојузничка солидарност


Грција– Ги поттикнуваме Грција и Турција да ги решат нивните разлики во Егејското море во духот на довербата и сојузничка солидарност. Тоа значи самовоздржаност, умереност и воздржување од каква било акција или реторика што може да ја ескалира ситуацијата, вели генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА, додавајќи дека […]

Пожар на грчкиот остров Парос


Грција- Подобрена е ситуацијата со пожарот што синоќа избувна во источниот дел на грчкиот остров Парос, а продолжуваат напорите на пожарникарите, како од копно, така и од воздух, за огнените јазици да бидат ставени под контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Причината за пожарот е непозната, доцна синоќа започна да гори ниска вегетација во […]

Шарл Мишел во посета на Црна Гора


Црна Гора– Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска ќе престојува во официјална посета на Црна Гора, соопшти Службата за информирање на претседателот на Црна Гора. Како што се наведува, Мишел во вилата Горица со највисоки воени и државни почести ќе го пречека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Разговорите ќе започнат со средба на двајцата претседатели во […]

Во поплавите во Анкара загинаа најмалку четири лица


Четири лица загинаа во невремето проследено со поројни дождови во турската престолнина Анкара, соопшти турското претседателство за управување со катастрофи и несреќи (АФАД) Спасувачките операции продолжуваат од почетокот на невремето, кое почна пред два дена. „Како резултат на дводневната операција за пребарување, во која учествуваа приближно 350 вработени, беше пронајдено безживотното тело на граѓанин зафатен […]

Слави Трифонов дезертираше од владата, сега дезертираат пратеници од неговата партија


  Можеби министрите од партијата Има таков народ го послуша нивниот лидер Слави Трифонов да ја напуштат владата на премиерот Кирил Петков, но дел од пратениците не мислат така и тие ќе продолжат да ја поддржуваат владејачката коалиција. Слави Трифонов објави дека има информации дека неговата пратеничка група ќе се подели и дел од неа […]

Инфлацијата во Србија над 10 отсто, раст и на потрошувачките цени


Потрошувачките цени на производите и услугите за лична потрошувачка во мај годинава се за 10,4 отсто повисоки во однос на мај лани, соопшти Републичкиот завод за статистика на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Во однос на претходниот месец, цените скокнаа за 1,2 отсто, а од почетокот на годината растот на цените е 5,6 […]

Кристофер Хил го зголемува притисокот врз Србија


  Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил вели дека Србија мора да размисли дали е одржливо да се држи кон „неутралната позиција“ кога станува збор за војната во Украина и односите со Руската Федерација. „Она што се случи со Украина, бруталниот напад врз таа земја и убиствата на цивили, е нешто целосно неприфатливо во овој […]

Бугарија: Теодора Генчовска и официјално веќе не е министерка


  Последните двајца министри од партијата Има таков народ – Александар Николов за енергетика и Теодора Генчовска за надворешни работи, денеска поднесоа оставки пред бугарскиот премиер Кирил Петков, официјално соопштија нивните ресори. Така, сите министри од партијата на Слави Трифонов веќе објавија дека го напуштат кабинетот на Петков. За ова минатата недела донесоа одлука министерот […]

Хрватска ќе го реформира здравството од 62 ќе останат само 20 болници


  Пациентите во Хрватска директно ќе ги плаќаат услугите за лекување, пишува „Јутарњи лист“, откривајќи ги деталите на реформи во здравството кои ги најавува министерот за здравство Вили Берош. До крајот на оваа година ќе се обединат јавните набавки за 23 категории производи во болниците, ќе се ревидира листата на посебно скапи лекови и ќе […]

„Заради Македонијаааа“ – извика Слави Трифонов за да објасни зошто ја напуштил коалицијата


  Изгледа дека станува појасно зошто партијата Има таков народ дезертираше од четиричлената владина коалиција во Бугарија. Нејзиниот лидер, Слави Трифонов, гласно извика со рака на устата и гледајќи нагоре дека ја напуштил владејачката коалиција „Заради Македонија!“ како одговор на прашањето на новинарот на Дарик Радио за време на неговото интервју. Претходно во разговорот Трифонов […]

Невреме во Србија – оштетени патишта и мостови кај Чачак и Пожега


Поради обилните врнежи од минатата ноќ во Србија причинета е штета на инфраструктурата во реонот на општините Горњи Милановац, Чачак и Пожега, јави дописникот на МИА од Белград. Реката Каменица го оштети мостот во Богданица, го однесе патот на неколку домаќинства во Мршељи, кои во моментов се отсечени. Жителите од краишта околу Чачак велат дека се поплавени и куќите, […]