Воз прегази мигранти кои спиеле на шините на пат кон Солун


Воз кој сообраќал од Драма кон Солун рано утринава прегази тројца мигранти кои спиеле на шините.

Несреќата се случила во близина на Драма, гратче кое се наоѓа недалеку од Кавала.

Надлежните потврдија дека несреќата се случила, а жртвите најверојатно се странски државјани, илегални мигранти.

Се претпоставува дека во текот на ноќта легнале на железничките шини да спијат, пренесе Телеграф.рс.