Повеќе пријави за поставени бомби во трговски центри во Загреб


Загребската полиција денеска добила пријави за поставени бомби во неколку трговски центри, потврди Полициската управа во овој град. Полицијата веднаш излезе на терен и ги презеде потребните дејствија и мерки за утврдување на вистинитоста на пријавите, водејќи сметка за безбедноста на граѓаните, соопшти полицијата, пренесе Хина. Пребарувањето на просторот се врши во „City Centеr one […]

Во пресрет на влезот во еврозоната, во Хрватска паѓа поддршката за еврото


Поддршката за воведувањето на еврото во Хрватска за една година паднала за седум отсто, покажува истражувањето на Евробарометар, според кое Хрватите најмногу се плашат од растот на цените и сметаат дека куната ќе замине во историјата како дел од нејзиниот идентитет. Евробарометар во петокот ги претстави резултатите од истражувањето спроведено во април за ставовите на […]

Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Бар во Црна Гора


Одделението за сеизмологија на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора, половина час по полноќ регистрираше помал земјотрес со епицентар во областа на населбата Шушањ во Бар. На веб-страницата на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија е објавено дека јачината во епицентарот била 3,4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 15 […]

Во Италија уапсени Албанци со дрога вредна милион евра


Италијанската полиција запленила два килограми чист кокаин, исто толку марихуана и 4 килограми амфетамини, чија вредност на пазарот се проценува на милион евра.   Во акцијата се уапсени тројца Албанци на возраст од 34 до 42 години, кои живееле во Тревизо, Италија.   -Запленетата дрога била откриена во станот на едниот од нив, каде е […]

Втор случај на мајмунски сипаници во Грција


Во Грција е потврден вториот случај на мајмунски сипаници кај 47- годишен маж кој неодамна патувал во Шпанија, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), соопштија дека станува збор за втор увезен случај на болеста во земјата, а мажот е хоспитализиран и е во стабилна состојба. Објаснуваат […]

Генчовска и Николов оставките ќе ги поднесат во понеделник 


Двајцата министри на партијата „Има таков народ“ (надворешни работи и енергетика), која пред неколку дена беше дел од бугарската владејачка коалиција, во понеделник ќе поднесат оставки од функциите, откако лидерот на партијата, Слави Трифонов, најави дека ги повлекува своите министри од владата. Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во Варна изјави дека во понеделник […]

Средба во „четири очи“ меѓу Радев и Шолц во Софија


Бугарија – Бугарскиот претседател Румен Радев денеска има разговор во „четири очи“ со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој се наоѓа во посета на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, по нивната заедничка фотографија, во зградата на претседателската администрација почнаа пленарните разговори меѓу двете делегации. На почетокот од разговорите, како што забележуваат бугарските медиуми, […]

Поплави во североисточна БиХ, стотици објекти под вода


БиХ– Стотици згради се поплавени од вчера попладне откако неколку реки се излеаја во североисточна Босна, а на жителите нови проблеми им предизвикуваат врнежите што се очекуваат денеска. Најлоша е состојбата во општина Челиќ каде се поплавени околу 200 семејни куќи и други објекти. Обилните врнежи доведоа до излевање на реката Шибошница и други водотеци кои го претворија центарот на градот во езеро. […]

Германскиот канцелар Шолц пристигна во Бугарија


Бугарија– Сојузниот канцелар на Германија Шолц пристигна во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија. Посетата на Софија ќе ја започне со средба со бугарскиот премиер Кирил Петков, на која ќе присуствува и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска, по што ќе биде примен од претседателот Румен Радев. Според бугарските медиуми, Шолц доаѓа во Бугарија директно од […]

Црна Гора замрзна 44 имоти на 34 руски државјани


Црна Гора – Министерството за внатрешни работи на Црна Гора соопшти дека замрзнало 44 имоти на 34 руски државјани против кои претходно се воведени санкции. Во соопштението објавено синоќа се наведува дека тие го „направиле првиот чекор“ на линијата на стопроцентна усогласеност на Црна Гора со надворешната и безбедносната политика на Европската унија. „За 44 недвижности Управата за […]

Кирил Петков сака да се приклучи кон групата на европските либерали, ДПС му поставува услови


  Партијата ДПС, единствената бугарска партија членка на  европската либерална партија АЛДЕ, во петокот рече дека нема да спречи формацијата на премиерот Кирил петков, Продолжуваме со промената, да стане дел од ова политичко семејство но поставува услови за тоа да се случи. Петков изрази интерес да се приклучи на АЛДЕ, политичката капа на повеќе од […]

Шолц побара од Вучиќ Србија веднаш да воведе санкции за Русија


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со германскиот канцелар изјави дека Олаф Шолц „на решителен и остар начин побарал Србија да се приклучи на санкциите против Руската Федерација“. Вучиќ рече дека го информирал Шолц за сите неисполнети обврски на Приштина од Бриселскиот договор. „Разговаравме за европската интеграција на Србија, канцеларот Шолц донесе нова […]

Зошто германскиот канцелар доаѓа во Бугарија?


  Шолц доаѓа, ИТН заминува. Дезертерањето на Слави Трифонов од владината коалиција можеби се совпадна со посетите на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи и германскиот канцелар Олаф Шолц, но оваа коинциденција во времето изгледа повеќе како причинско-последична врска поради различните позиции во преговорите на ЕУ со Северна Македонија, пишува Александар Андреев во својот коментар за […]

Шолц побарал Србија да се приклучи на санкциите за Русија


Олаф Шолц остро побара Србија да се приклучи кон санкциите против Русија, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференцијата по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц. Вучиќ рече дека тој зборувал за традиционалните врски меѓу Србија и Русија, но и за претстојната зима. Германскиот канцелар изјави дека разговорот практично е продолжение на оној одржан […]

Грчката полиција уапси маж кој имал над 2,5 милиони фајлови со детска порнографија


 Во северна Грција е уапсен маж кај кого биле откриени најмалку 2,5 милиони слики и видеа со детска порнографија, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека Секторот за борба со сајбер криминал добил информации преку Европол по операцијата на „Darknet“ спроведена од француските власти на почетокот на минатата година, по што […]

Словенечката опозиција предложи задолжително тестирање на дрога за јавните службеници


 Словенечките пратеници, министри, државни секретари, премиерот и претседателот наскоро би можеле редовно да бидат тестирани за наркотици, доколку се усвои законот предложен од Демократската партија, најголемата опозициска партија во Парламентот. Демократската партија изјави дека „во интерес на јавноста е да се знае дали словенечките политичари земаат недозволени дроги“. Законот е потребен, како што рекоа предлагачите, за да се подобри транспарентноста и поради одговорноста […]

Во Солун запленети 300 килограми кокаин во вредност од околу 14 милиони евра


Грција – Околу 300 килограми кокаин скриени во контејнер со банани, биле откриени во Солун и уапсени четири лица, а според министерот за цивилна заштита на Грција, надлежен за полицијата Такис Теодорикакос, се проценува дека запленетиот кокаин е во вредност од 14 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека […]

Дојави за поставени бомби на неколку локации во Ниш


  На неколку локации во Ниш, Србија стигнаа дојави за подметнати бомби. Како што за РТС потврди полицијата, на мета се Медицинскиот факултет, трговскиот центар „Делта планет“ и аеродромот „Константин Велики“. Присутните во објектите се евакуирани, а контрадиверзионите екипи се на терен. Дојавите, како што неофицијално дознава РТС, стигнале околу 13.30 часот по пат на […]

Шолц: Нема членство на Косово и Србија во ЕУ без да се признаат


Германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференција со премиерот на Косово Албин Курти во Приштина изјави дека му е драго што го посетува Косово како прва земја на Западен Балкан. Канцеларот Шолц рече дека покрај косовско-германските односи, со премиерот Курти разговарал и за европската перспектива, која е јасна по војната во Украина. „Владата на Косово, со […]

Работниците на „Фиат“ во Србија кои нема да одат во Словачка, ги чека минималец 


Работниците на „Фиат“ во Србија кои не сакаат да заминат во странство ќе можат да сметаат или на отпремнини или на српската влада да им најде нова работа во радиус од 50 километри околу Крагуевац, изјави претставникот на работниците во денешните преговори Ѓорѓе Милојевиќ, јави Танјуг. Тој рече дека има мал интерес од работниците да […]