Рама во посета на Турција


 

Албанија – На  покана на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган албанскиот премиер Еди Рама  ќе присуствува на Игрите на исламската солидарност во Анталија, на кои  ќе учествува и албанскиот олимписки тим.
 
Рама во објава на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од аеродромот во Коња, притоа објавувајќи дека е поканет од турскиот претседател Ердоган на церемонијата на отворање на Игрите на исламската солидарност, но оти ќе присуствува и на важен состанок.
 
– На покана на претседателот Ердоган за церемонијата на отворање на Игрите на исламската солидарност, каде што учествува и албанскиот олимписки тим, како и на важен работен состанок во Анкара за напредокот на проектите за соработка, напиша Рама покрај видеото и фотографиите што ги објави на социјалните мрежи.
 
Познато е дека Ердоган е голем пријател на Рама, кој најмалку трипати годишно оди во посета на Турција на средба со шефот на турската држава.