Пронајден авионот што без дозвола прелета неколку европски земји, бугарските власти го бараат пилотот


  Бугарските власти го бараат пилотот на авионот кој неовластено прелета неколку евроски земји во средата. Одбранбените сили во земјата ставени се во состојба на готовност во средата навечер кога во бугарскиот воздушен простор откриен е мал авион, јави Еуроњус. „Авион „Бичкрафт“ со две седишта очигледно полетал од Унгарија и прелетал над Полска и над […]

Олаф Шолц на Балканот: Тешкото патување на германскиот канцелар


Пет земји за два дена: во сенка на украинската војна, германскиот канцелар Олаф Шолц патува на Балканот. Ситуацијата во регионот е тензична. Косово и Србија покажуваат мала подготвеност за компромиси.   Линк до целиот текст на Дојче Веле тука

Румен Радев повика на формирање ново владејачко мнозинство во парламентот


  Два дена откако партијата Има таков народ ја напушти владата, бугарскиот претседател Румен Радев денеска побара да се формира ново владејачко мнозинство во рамките на сегашниот парламаент без да сугерира од каде ви се црпеле тие пратенеици. „Парламентарните партии мора што поскоро да најдат излез од ситуацијата, бидејќи ни треба одговорно и одржливо владеење. […]

Ердоган на грчки ја предупреди Грција, Иконому му порача дека грчкиот е јазик на логиката, а Ципрас му одговори на турски јазик


Грција – Пораките и предупредувањата кои во изминатите денови ги испраќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, доцна синоќа, одлучи да ги повтори, но на грчки јазик, преку неговиот официјален „Твитер“ профил, за да ја предупреди Грција „да се вразуми“, на што портпаролот на грчката Влада му порача дека грчкиот е јазик на логиката, слободата и […]

Добредојдовте во Бугарија, каде што НАТО е виновно за војната во Украина


  НАТО е виновно за провоцирањето на „специјалната воена операција“, како што Владимир Путин ја нарече инвазијата на Украина. Вашингтон му помогна на Киев да изгради тајни лаборатории за биолошко оружје. Украина ја бранат нацистите, а светот ги поддржува напорите на Москва да ја ослободи земјата од фашистичкиот режим. Овие лажни наративи и теории на […]

Каков е планот на Слави Трифонов и компанијата?


  Аналитичките жанрови се исцрпени во однос на партиите како Има таков народ и нејзиниот лидер Слави Трифонов. За вакви народни херои треба да се пишуваат оди, барем додека се во подем. Тогаш тие стануваат соодветна тема за жанрот пародија, пишува во својата анализа за Дојче веле бугарскиот политиколог Даниел Смилов. Ода за ИТН. Или […]

Рама: Имаме највисоки цени на горивата во регионот


 Албанскиот премиер Еди Рама призна дека во неговата земја горивата се продаваат по највисока цена во регионот, но оти има ниски даноци.   – Вистина е дека имаме највисоки цени на горивата во регионот, но поразлично од регионот имаме ниски даноци. Поинаку од регионот малиот бизнис не плаќа ниту лек, рече Рама во реплика со пратеничката […]

Инфлацијата во Грција не запира, во мај се искачи на 11,3 отсто 


Годишната инфлација во Грција бележи нов скок и од 10,2 отсто во април, достигна 11,3 проценти во месец мај што е нов, негативен рекорд за земјата во изминатите најмалку 25 години, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од грчката служба за статистиката, за една година, од мај 2021 година, до мај годинава, […]

Словенија ја отстранува оградата од границата со Хрватска


Новата словенечка Влада планира да ги отстрани противмигрантските физички препреки од границата со Хрватска до крајот на годината. Наскоро ќе се направи и оперативен план, информацијата е потврдена за агенцијата СТА. Станува збор за еден од приоритетите на Владата, а оперативните детали ќе бидат прецизирани до крајот на месецот. Како што покажуваат податоците на словенечкото […]

Министерката за надворешни на Бугарија Генчовска најави оставка


  Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска денеска најави дека ќе поднесе оставка, поради тоа што дознала дека премиерот Кирил Петков водел разговори со европски дипломати за тргање на ветото за Северна Македонија. Генчовска за БТВ изјави дека во текот на денот ќе ја депонира нејзината оставка до Собранието, поради што не знае дали […]

Тачи и Весели остануваат во притвор во Хаг


Холандија – Специјалниот суд во Хаг донел одлука за продолжување на притворот за поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи, и поранешниот претседател на парламентот, Кадри Весели. Медиумите пренесуваат дека таквата одлука на Судот во Хаг била донесена на 26 мај, а објавена денеска. Одбраната на Тачи до судијата во претходна постапка трипати поднесе барање обвинетиот да биде […]

Конфузија во Бугарија како да се оди понатаму по кризата на владата


  Еден ден по спектакуларното повлекување од министрите во владата од страна на лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов, ситуацијата во Бугарија е прилично нејасна – речиси никој од политичките актери не знае како ќе се движат работите понатаму. Премиерот Кирил Петков вчера најави дека кабинетот ќе функционира како малцинска влада, иако не објасни […]

Прв случај на мајмунски сипаници во Грција


Во Грција е потврден првиот случај на мајмунски сипаници и станува збор за маж кој неодамна патувал во Португалија и има клинички симптоми компатибилни со болеста, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), вечерва соопштија дека мажот е хоспитализиран во атинска болница и е во стабилна состојба. […]

Ако сме пријатели со Русија, Лавров не требаше да доаѓа во овој момент, вели српската вицепремиерка


  Српската вицепремиерката и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ изјави дека е добро што најавената посета на министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров на Србија е откажана бидејќи најавата за таа посета ја стави Србија во комплицирана положба. „Самата најава за посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров […]

Европскиот парламент бара Србија да не отвора нови поглавја додека не воведе санкции против Русија


  Во дополнетиот текст на извештајот на Европскиот парламент за Србија, до кој има пристап РТС, бара од Белград да воведе санкции кон Русија поради нејзината агресија врз Украина и јасно да утврди дали таа е на европскиот пат. Европратениците се за отворање нови преговарачки поглавја само кога Србија ќе се усогласи со надворешната политика […]

На Санторини и Миконос над пет од десет тестирани се позитивни


Грција– На грчките острови Санторини, Миконос и Милос речиси пет од десет тестирани за Ковид-19 се позитивни, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) за стапката на позитивност во периодот од 30 мај до 5 јуни 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно, највисока е стапката на Санторини, […]

Божков: Хунтата ги влече конците во Бугарија, не Трифонов


„Пред една година ви кажав дека партијата  не му припаѓа на Слави Трифонов. Хунтата сè уште ги влече конците во Бугарија. Затоа не се случуваат реформи и затоа не се казнети сторителите“.  Ова го напиша Васил Божков на својот Фејсбук профил. Бизнисменот, кој повеќе од 2 години се крие во Дубаи, бидејќи се гони за […]

Петков ќе се спасува со малцинска влада


  Бугарскиот премиер Кирил Петков категорично одби да се потчини на уцените на Слави Трифонов, лидер на коалициската партија Има таков народ. Половина час откако шоуменот Трифонов објави дека ги повлекува министрите од владата, Петков најави дека ќе води малцинска влада наместо „да дозволи да му ги виткаат рацете“. На Петков со заминувањето на ИТН […]

Истрага за сомнителни трансплантации на бубрези во Клиничкиот болнички центар Загреб


Хрватското Министерство за здравство привремено ја забрани програмата за трансплантација на бубрези меѓу живи и несродни лица во Клиничкиот болнички центар во Загреб, поради сомневања за случаи на трговија со органи во 2019 година. Хрватската радио-телевизија (ХРТ) објави дека случаите на трговија со органи се поврзани со донори на бубрези од Србија и Косово, и […]

Слави Трифонов ќе ја урива владата на Петков и поради Македонија


  Лидерот на бугарската политичка партија Има таков народ, Слави Трифонов, денеска изјави за локалните медуми дека ги повлекува министрите од таа партија кои се во владата и предизвика вистински карамбол на бугарската политичка сцена. „Ставам крај на оваа коалиција и агонија“, изјави Трифонов.  „Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не […]