Голем пожар на најпознатата плажа за забава во Хрватска – Зрќе, евакуирани гостите од клубовите


 

Утрово, локализиран е големиот пожар на островот Паг во Хрватска, што изби синоќа на најпознатата плпажа за забава, Зрќе, од каде пак, гостите кои се затекнаа во бројните клубови на плажата беа евакуирани.


Пожарот го гасеа пожарникарите од Новаља, а на помош им стигна и „канадер“.

Гасењето го отежнува силна бура.

Пожарот е локализиран, но на местото остануваат екипите на противпожарните служби кои се трудат да го санираат земјиштето, за да не дојде до ново распламтување.

Синоќа, затворен беше и државниот пат Новаља-Паг, а клубовите ги евакуираа гостите кои со автобуси и такси беа пренесени на сигурно.

Пожарот изби околу 3 часот ноќта, но со оглед на тоа што оваа плажа се смета за хрватска Ибица, таму имало многу туристи.