Возачот на полскиот автобус имал 72 години, не бил пијан


 

Возачот на полскиот автобус кој изгуби контрола над возилото на автопатот А4 во Хрватска и излета од патот, имал 72 години, дознава ХРТ од свои извори блиски до вараждиснкото обвинителство.

Возачот не бил под дејаство на алкохол или дроги и не болегувал од акутни болести.

Загинаа двајцата возачи

Двајцата возачи на полскиот автобус загинаа во несреќата, потврдија од обвинителството по завршување на обдукцијата.

Во сообраќајната несреќа загинаа 12 лица, а 32 се повредени. Сите се полски државјани/

Направени се обдукциите и собрани се податоци за самиот пат на автобусот и сите случувања што ѝ претходеле на несреќата.

Најважна е обдукцијата на загинатиот возач, а утврдено е и кој возел за време на несреќата. Тој бил во своето седиште и врзан со појас.

Државното обвинителство треба да утврди дали има казнено дело и кој го направил, а потоа ќе се донесе одлука за казнена постапка, затоа што против мртов човек не може да се води постапка.

По собирањето на сите податоци обвинителството ќе одлучи дали постапката ќе се води во Хрватска или во Полска.

Двајца Полјаци во критична состојба

Во вараждинската Општа болница и понатаму се седум пациенти кои настрадаа во несреќата . ДВајца се критично. Во болницата во Чаковец има две жени со тешки повреди, но се стабилни.

На преживеаните жртви обезбедена им е соодветна психолошка помош.