Ердоган: Турција работи на воспоставување стабилност и просперитет на Балканот


Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја работи на воспоставување стабилност и просперитет на Балканот.

-Работиме на воспоставување стабилност, соработка и просперитет на Балканот, со кој имаме длабоки врски, рече турскиот претседател на отворањето на 13. конференција на амбасадори во Анкара.

Како што пренесува „Анадолија“, Ердоган истакнал дека Турција го обезбедила спроведувањето на договорот за извоз на жито од Украина и дека придонела за обезбедување на доволни количини храна на светот „кога кризата со храна е на самиот праг“.

Тој, исто така, ги осуди нападите на Израел врз палестинските цивили и додаде дека Анкара поддржува решение со две држави за палестинско-израелскиот конфликт и суверенитетот на Палестина.