Бугарија: Ќе остане ли Марија Габриел и без функцијата во ЕУ и без премиерството во Софија?


  Работите во Софија се комплицираат за манадарката за состав на новата бугарска влада. Она што лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, го планираше со номинацијата на Марија Габриел, еврокомесарка за иновации и истражување до пред некој ден – удар за кој нема политичка одбрана, како да ја губи силата. Со лошиот развој на настаните Борисов […]

Големи поплави во западна Босна – стотици куќи под вода, жителите евакуирани


Неколку стотини објекти се поплавени, а загрозеното население е евакуирано во западниот дел на Босна поради излевање на неколку реки, додека состојбата од ден на ден се влошува поради обилните дождови кои продолжуваат да паѓаат. Најлоша е состојбата на Бихаќ и Босанска Крупа, каде покрај зградите поплавени се и неколку патишта, па граѓаните се отсечени. […]

Во секое училиште во Белград има полицаец, а им стигнаа 115 дојави за бомби – децата се безбедни


ОУ „Дринка Павловиќ“ добила информација дека утринава била поставена бомба, јавуваат медиумите, а Танјуг наведува дека пристигнале повеќе информации. Специјално опремени противсубверзивни екипи на по,лицијата на Србија извршиле увид во добар дел училишта каде било утврдено дека пријавите во тие објекти се лажни. На родителите им беше кажано дека децата се безбедни со нивните наставници, […]

На изборите во Црна Гора поднесени 17 листи, меѓу нив и „La casa de papel“


За парламентарните избори во Црна Гора, кои се закажани за 11 јуни, свои листи поднесоа 17 политички субјекти. До истекот на рокот на полноќ листи доставија „Правда за сите“ Владимир Лепосавиќ, листата „La casa del papel-Куќа од хартија“, движењето „Пресврт“, Движењето за промени, сојузот „Можеме за граѓанска Црна Гора“, Хрватската граѓанска иницијатива (ХГИ), како и […]

Повторно дојави за бомби во училишта во Белград


Неколку основни училишта во Белград утринава добија дојави за подметнати бомби, јавија белградски медиуми. Бомба била пријавена во основното училиште „Дринка Павловиќ“, а според информациите на „Данас“, закани биле упатени и кон ОУ „Обединети нации“, како и до ОУ „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац. Училиштата издадоа упатства до наставниците да ги информираат родителите да не ги […]

За прв пат во историјата затворени делови од Националниот парк Крка, водата однесе мост


По силните дождови Хрватска се бори да ги задржи реките во нивните корита, но тие се излеваат и прават проблеми. Излеани се реките Крка, Добра, Корана, Мрежница, на делови Сава и огромни количини вода носат и во Босна и Херцеговина каде дополнително прават проблеми. Јавната установа Национален парк Крка извести дека поради високиот водостој на […]

Потпишан договор Фронтекс да ги чува црногорските граници


Министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска во Брисел потпишаа договор за оперативните активности што во Црна Гора ги спроведува Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс). Аџиќ, како што соопшти Министерството, изрази задоволство од потпишувањето на новиот договор со Фронтекс, кој во голема […]

Ципрас: Ако победи СИРИЗА, нема да има втори избори, ќе имаме прогресивна Влада


 Ако победи СИРИЗА нема да одиме на втори избори, ќе формираме прогресивна Влада, порача лидерот на грчката опозициска СИРИЗА Алексис Ципрас за време на денешната прес конференција во пресрет на изборите в недела, јави дописничката на МИА од Атина.  Ципрас истакна дека сака Влада која ќе биде стабилна и долготрајна, а во однос на можните […]

Пожарникари од пет европски земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција


Над 180 пожарникари од европски земји и оваа година ќе бидат лоцирани во Грција во јули и август за доколку е потребно да им помогнат на нивните грчки колеги во справувањето со пожарите во текот на летниот период, програма што се спроведува преку Европскиот механизам за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина. Како […]

Во последните три години Албанија ја напуштиле 16 илјади медицински сестри


Претседателот на Здружението на медицински сестри, Елсон Јачај, изјави дека во последните три години Албанија ја напуштиле 16 илјади медицински сестри и оти за работа тие главно ги избрале Германија и Италија. -Реално, во болниците се менуваше само надворешната фасада. Но, внатрешната реалност на тешкотиите што ги имаат на нивните работни места продолжува да биде […]

Гардијан: Популистистот и авторитарец Вучиќ – главен виновник за климата на насилство во Србија


Претседателот Александар Вучиќ, популист, авторитарец кој го поддржува Кремљ и чии политички корени се во екстремно-десничарскиот национализам, како министер за информации на покојниот српски водач и воен злосторник Слободан Милошевиќ, објави дека двата неодамнешни трагични настани во земјава – масовното пукање во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното пукање кај градот Младеновац – се […]

Човекот што може да му помогне на Ердоган да биде реизбран


  Турските претседателски кандидати одеднаш сакаат да разговараат со Синан Оган, малку познат националистички политичар кој беше трет на изборите во неделата и преку ноќ се претвори во потенцијален кингмејкер. Пред вториот круг на 28 мај, Оган сака да обезбеди министерство, додека претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговиот ривал Кемал Киличдароглу сакаат поддршка од неговите […]

Во Србија на интернет антисемитски и антимуслимански пораки


Верските заедници во Србија пријавиле помалку насилни инциденти минатата година отколку во 2021 година, се вели во извештајот од американскиот Стејт департмент за верските слободи во светот објавен денеска, но тој укажува на промовирање на антисемитизам на интернет и дека националистичките групи ги користеле социјалните мрежи за ширење пораки против мигрантите и муслиманите, пренесе Бета. […]

Бугарката Марија Габриел веќе не е еврокомесар, објави Урсула фон дер Лајен


  Две вести (а и три) речиси во исто време ги обележаа денешните настани во Софија за формирање политичка влада која треба да ја извади Бугарија од изборниот ќор-сокак. Прво претседателот Румен Радев ѝ го довери мандатот на Марија Габриел, еврокомесарка за иновации и истражување (кадар на ГЕРБ) да се обиде да состави влада во […]

Турција ќе ја чека разврската за владеењето на Ердоган во вториот круг


  Рекордно високиот одѕив од 88 отсто на жестоките избори го постави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред најголем предизвик за неговото лидерство во последните две децении со назнака дека гласањето оди кон вториот круг, дури и кога Ердоган се обиде да навести победа пред да заврши официјалното пребројување на гласовите. Говорејќи пред радосната толпа […]

„Партиски војник“: Која е Марија Габриел која сака да стане бугарска премиерка


  БРИСЕЛ – Марија Габриел се надева дека ќе ја преземе одговорноста за земјата која едвај ја познава неа, оставајќи град кој ја познава премногу добро. Европската комесарка за истражување и иновации беше номинирана минатата недела да стане следниот премиер на Бугарија од лидерот на нејзината партија Бојко Борисов, со цел да се скрши политичкиот […]

Почина девојчето кое беше тешко повредено во пукотницата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград


Пациентката која се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со сериозни повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“, почина утринава, соопшти денеска Министерството за здравство на Србија. Таа починала и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки за интензивно лекување. Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое […]

Прво „Њујорк тајмс“, а сега и „Гардијан“: „Вучиќ е популист и про-Кремљ авторитарец“


  Британскиот весник „Гардијан“ пишува за српскиот претседател Александар Вучиќ и државната мерка за разоружување што беше донесена по два трагични настани. Неодамна „Њујорк тајмс“ објави текст за врските меѓу мафијашкиот клан на Беливук и државниот врв во Србија, а денеска за тоа пишува и британски „Гардијан“. Весникот наведува дека во длабоко поделената нација преплавена […]

Бугарија: Главниот обвинител ја искина оставката и му објави војна на Борисов


  Двајцата врвни луѓе во бугарската политика, кои беа обвинувани дека заедно ги штитат олигарсите и корупцијата денеска фактички  стапија во „војна“. Поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, последниве неколку месеци ја сврте плочата против главниот обвинител Иван Гешев, обвинувајќи го дека неговите постапки ја влечат земјата назад. Гешев, кој беше избран во […]

Рекорден водостој на реките во Хрватска и БиХ, евакуација, испумпување, поплави


Дождот што непрестано паѓа од вчера предизвика прелезање на реките во Хрватска и Босна и Херцеговина. Реката Зрмања прелеа преку заштитниот ѕид кај Обровац во општината Грачац, каде се упатени пожарникари, припадници на Хрватската горска служба за спасување и цивилната заштита со чамци за спасување. Неколку реки се излеаја и во северозападниот дел на Босна […]