Во Црна Гора одзивот на изборите 43,76 отсто до 15 часот


Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до 15 часот на претседателските избори во Црна Гора гласале 43,76 отсто од гласачите, соопшти претседателот на ДИК, Никола Мугоша. Црна Гора денеска го избира својот претседател меѓу седуммина кандидати, а правото на глас граѓаните може да го остварат до 20 часот. Набљудувачите констатирале помали неправилности при гласањето […]

Вархеји: Посветеноста за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е храбар чекор кон ЕУ


 Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека посветеноста на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина покажува храброст и решителност на патот кон Европската унија. Вархеји на својот Твитер профил им честиташе на Белград и Приштина по завршувањето на вчерашниот дијалог во Охрид под покровителство на ЕУ. Тој напиша дека „ЕУ е подготвена […]

Вучиќ не потпишал за да не се сфати како признавање на Косово


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во обраќањето до јавноста од зградата на Претседателството, по вчерашната рунда преговори со Косово во Охрид порача дека е важно Србија повеќе да не зависи само од добрата волја на Приштина, што е позитивен потег во преговорите, „но и од тоа колку сме подготвени да направиме одредени работи“. По читањето […]

Рама: Да се надеваме дека договорот во Охрид нема да биде уште една балканска измама


  Албанскиот премиер Еди Рама во врска со усогласувањето на Анекс договорот за нормализација на меѓусебните односи на Србија и Косово во Охрид, со посредство на ЕУ, изрази надеж дека нема да биде „уште една балканска измама“. „Да се надеваме дека ѓаволот не е во деталите и дека договорениот, но непотпишан договор, не е уште […]

Заемното признавање на личните карти и дипломите чека пет месеци по договорот во Берлин


Институтот за демократија денеска испрати реакција во која бара забрзување на ратификацијата на договорите од Берлински процес кои граѓаните ги оценуваат како многу корисни. Институтот ја повикува Владата договорите што побрзо да ги поднесе во Собранието, а Собранието да изнајде сили што поскоро да ги стави на дневен ред за ратификација, со консензус. -Поврзувањето на […]

Со гласањето за претседател почна изборниот маратон во Црна Гора


Црногорците денес ќе избираат кој ќе биде нивни шеф на државата во следните пет години. Сепак, ова е само почеток на изборниот маратон, бидејќи според аналитичарите, извесно е дека ќе има втор круг од претседателските избори, а во јуни треба да се одржи и парламентарно гласање.  Претстојните претседателски избори се четврти по одвојувањето на Црна […]

Колку ќе чини летувањето во Грција во 2023 и кои се највтините острови


  Грција е најпопуларната дестинација за одмор во регионот, а особено за граѓаните на Македонија и секоја година е домаќин на околу 30 милиони посетители од целиот свет. Нејзините говите прекрасни плажи, тиркизното море, историските места и гостопримливите домаќини го прават совршено место за одмор. Порталот „Грција инфо“ донесува водич за годинашниве цени за летувањето […]

Изборна кампања во Бугарија: Уморни се и политичарите и граѓаните


  Изборите се за две недели. Кампањата e на половина пат. Тоа оди без особен ентузијазам и за партиите и за гласачите, што е разбирливо – ова е петта изборна кампања во последните две години. Анкетите уште еднаш покажуваат ќор-сокак во парламентот, без посебни изгледи за стабилна влада. Ова се чини дека зацртува уште едни […]

Штетите од земјотресите во Турција достигнаа 103,6 милијарди долари


Турција – Штетите предизвикани од катастрофалните земјотреси во Турција на почетокот на февруари достигнаа 103,6 милијарди долари, што е околу девет отсто од проектираниот БДП за 2023 година, соопшти денеска Министерството за финансии во Анкара. Таа сума е шест пати поголема од штетата предизвикана по земјотресот во Мармара во 1999 година. Најголем дел од штетата, […]

Ѓукановиќ: Вонредни парламентарни избори на 11 јуни


Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, распиша вонредни парламентарни избори на 11 јуни. Тој на прес-конференцијата посочи дека сите во Црна Гора се свесни за длабоката политичка и институционална криза, која е предизвикана пред се од неодговорноста и правниот авантуризам на актуелното парламентарно мнозинство, подготвено преку неуставно дејствување да ги оствари своите политички цели. „Како […]

Мицотакис соопшти зголемување на минималната плата на 780 евра


Грција – Од 1 април, минималната плата во Грција ќе се зголеми за 9,4 отсто и ќе изнесува 780 евра, соопшти денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, објаснувајќи дека ова е трето зголемување. Мицотакис, за време на денешниот состанок со надлежните министри истакна дека од 2019 година, кога изнесуваше 650 евра, минималната плата од следниот месец […]

Курти не ја прифаќа одлуката на Уставниот суд на Косово за декретот на Тачи


Косовскиот премиер во оставка Албин Курти ја оцени како неприфатлива одлуката на Уставниот суд на Косово, со која му се призна правото на претседателот на државата да го додели премиерскиот мандат на друга партија освен на онаа која победила на парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина. Во коментар на својата страница на Фејсбук, […]

Грчката служба за разузнавање открила шпионажа на „длабоко покриена“ странска агентка


Грчката национална служба за разузнавање (ЕИП) открила случај на шпионажа, односно, како што соопштија, извесна Мариа Т., фотограф и сопственичка на мала продавница за ракотворби во Атина, во изминатите години тврдела дека е Гркинка, а всушност станува збор за странска државјанка Ирина А.С., која под „длабока покриеност“ и со лажен идентитет оперирала во Грција. За […]

Повторно ќе се затвори популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос


Од безбедносни причини и по препорака на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП), популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, повторно ќе биде затворена за туристите, објавија грчката новинска агенција АНА-МПА. Препораката за повторната забрана за пристап до плажата доаѓа откако на 8 март годинава при посетата на местото, научниот тим од ОАСП […]

Вучиќ: Во Охрид нема да има никаков судбоносен ден


Нормализација на односите со Приштина не е ниту де факто, ниту де јуре признавање на Косово изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето на јавноста, додавајќи дека под нормализација подразбира „да се има подобри односи со Албанците, да се почитуваме едни со други, да ја развиваме работата и да гледаме заеднички во иднината“, јави дописникот […]

Претседателот на Црна Гора го распушти Парламентот


 Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска го распушти Собранието, што е увертира за распишување вонредни парламентарни избори врз основа на спорните измени на Законот за претседател.  Во своите јавни настапи правниците не се договорија дали Ѓукановиќ треба да постапи согласно спорниот закон, чија уставност е под знак прашалник, пренесе Бета.  „Се распушта 27. свикување […]

Што напиша Борел на својот блог за состанокот со Вучиќ и Курти во Охрид


  Време е за договор меѓу Белград и Приштина за спроведување на договорот за нормализација на односите, изјави високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, во пресрет на средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на 18 март во Охрид. Во текстот објавен на веб-страницата на службата за надворешна политика на ЕУ, […]

Во Албанија зголемен бројот на случаи на перење пари


Шефот на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани, денеска во Високиот совет на обвинители презентирајќи го извештајот за 2022 година изјави дека е забележан раст на случаите на перење пари. -Случаите на перење пари се зголемуваат, а во текот на извештајната година се регистрирани и 12 нови случаи односно обвинувања добиени […]

Годишната инфлација во Црна Гора над 15 отсто


  Цените на производите и услугите за лична потрошувачка, мерени преку индексот на потрошувачките цени, во февруари во однос на јануари се во просек за 0,5 отсто повисоки, покажуваат податоците на Монстат. Во однос на истиот период лани, цените се зголемени за 15,1 отсто. Во претходната година најмногу поскапеле млекото, сирењето и јајцата – дури […]

Генерален штрајк во Грција поради железничката несреќа


Двата најголеми грчки синдикати на вработените во државниот (АДЕДИ) и на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ), како и синдикатот на Комунистичката партија (ПАМЕ), утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк, што ќе ја парализира Грција. Причината, како и на протестите во изминатите две седмици, така и на минатонеделниот штрајк, така и денеска е железничката несреќа со 57 […]