Мал авион исчезна во Хрватска, 120 луѓе трагаат, а дел од теренот е миниран


Мал авион „Cirrus 20“ со ознака PHYMC, кој бил на лет од Марибор за Пула, исчезнал од радарот денеска околу 12 часот и 30 минути северно од Језеран, извести Управата за контрола на воздушната навигација и цивилна заштита на Хрватска.

Оперативниот центар за цивилна заштита започна акција за пребарување и спасување на леталото.

На терен се испратени 120 луѓе, вработени во Службата за цивилна заштита Карловац и Госпиќ, полицајци, припадници на станиците ХГСС – Карловац, Госпиќ и Огулин и пожарникари од ДВД Бриње, а активирана е и државната интервентна единица за цивилна заштита на Ријека и Загреб.

Акцијата за пребарување и спасување ја координира началникот на Службата за цивилна заштита Госпиќ, пренесе „Хина“.

Дел од теренот кој се пребарува е миниран, па се избегнува. Се пребарува само на неминираниот дел. Во потрагата вклучени се хеликоптери „Блек хок“, како и дронови. 

Неофцијално, некои медиуми јавуваат дека во леталото имало тројца, а имале гориво за 4 часа. Летот од Марибор до Пула трае еден час. 

Се повикуваат сите граѓани кои виделе или чуле нешто да се јават на бројот 112.