Пронајдени остатоците од авионот што исчезна во Хрватска


Околу 19 часот и 15 минути, во шумската област Мали Маковник, на планината Капела, пронајдени се остатоците од авионот Cirrus 20 означен со PHYMC, по кој се трагаше од 12.30 часот кога исчезна од радарот во Личкоа-сењската жупанија.

Шефот на потрагата Јосо Живковиќ не можеше да потврди дали покрај пронајдените делови од авионот се пронајдени и жртвите, бидејќи истрагата допрва започнува и засега е познато само само подрачјето на местото на несреќата.

Авионот го пронашле спасувачите на теренот, по покрената операција во која учествувале 120 лица.

– На местото на настанот се очекува да пристигне истражител на воздухопловна несреќа – рече Живковиќ.

Авинот летал од Марибор кон Пула.