Во секое училиште во Белград има полицаец, а им стигнаа 115 дојави за бомби – децата се безбедни


ОУ „Дринка Павловиќ“ добила информација дека утринава била поставена бомба, јавуваат медиумите, а Танјуг наведува дека пристигнале повеќе информации.

Специјално опремени противсубверзивни екипи на по,лицијата на Србија извршиле увид во добар дел училишта каде било утврдено дека пријавите во тие објекти се лажни.

На родителите им беше кажано дека децата се безбедни со нивните наставници, а дека во тоа време во училиштето е и училиштен полицаец со нив.

Родителите на децата кои утрово посетуваат настава беа пречекани со порака да не ги носат децата на настава бидејќи има закана со бомба.

Неколку училишта на територијата на Белград добиле дојава за поставена експлозивна направа утринава, јави Танјуг.

Како што се наведува, припадници на полицијата се на терен.

Родителите се известени дека децата остануваат дома.

Дојави во 115 средни и основни училишта

Според првите информации, известувања за подметнати експлозивни направи пристигнале на електронските адреси на 78 основни и 37 средни училишта во белградските општини, соопшти денеска Министерството за образование.

Екипи на полицијата се на терен, а учениците и вработените се евакуирани, се посочува во соопштението и се додава дека за да се обезбеди безбедност на учениците и вработените, наставата во прва смена е прекината до завршување на полициската проверка.

Некои училишта веќе се проверени и наставата се одвива без проблеми.

Училиштата ќе ги информираат учениците и нивните родители за сите релевантни информации за наставата преку редовни канали за комуникација.

Во комуникација со полицијата, директорите на училиштата ќе добијат информација кога ќе биде извршен увид во училиштето и ќе донесат одлука за попладневната смена, се вели во соопштението од Министерството за образование.