Деветмина уапсени во БиХ за детска порнографија


Девет лица се уапсени денеска од полицијата во Босна и Херцеговина под сомнение дека искористувале деца за порнографија, потврди Министерството за внатрешни работи на Република Српска. Апсењата ги извршиле припадници на одделот за високотехнолошки криминал на Управата на криминалистичка полиција на ентитетот, во соработка со полицијата од Бјелина, Добој и Бања Лука. Полициските рации се […]

Ципрас денеска ќе го добие мандатот за формирање Влада


 Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас претпладнево ќе биде примен од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, која согласно одредбите од Уставот ќе му го додели мандатот за формирање Влада, јави дописничката на МИА од Атина.  Откако претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис вчера го врати мандатот, сега оди во рацете на второ рангираната партија на парламентарните избори […]

Земјотрес на југот од Турција со јачина од 4,9 степени според Рихтер


 Земјотрес со јачина од 4,9 степени денеска ја погоди јужната турска провинција Адана, јавува Анадолија.  Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил регистриран во областа Сајбејли, на длабочина од 6,67 километри. Потресот е почувствуван во поширок регион на југот на Турција, што во февруари беше погоден од серија […]

Мицотакис го врати мандатот за формирање Влада, утре ќе го добие Ципрас


Претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис ѝ го вратил мандатот за формирање Влада на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, која утре ќе го додели на лидерот на втората партија, односно на СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина. Од кабинетот на грчката претседателка соопштија дека Мицотакис стапил во контакт со Сакеларопулу и ја информирал дека го […]

Борисов: Не може финансиската стабилност на луѓето или буџетот на земјата да и ги оставиме на друга преодна влада


Не можеме да ја оставиме финансиската стабилност на луѓето или буџетот на земјата на друга преодна влада, изјави денеска лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на брифинг во седиштето на партијата.  Според него, целта над се е Бугарија и нејзината геополитичка ориентација. Претходно денеска кандидатката за премиер на ГЕРБ-СДС, Марија Габриел, на претседателот Румен Радев му […]

Ердоган ја доби поддршката од националистот Оган пред гласањето в недела


  Вториот круг од претседателските избори во Турција изгледа дека е решен уште пред гласањето в недела. Синан Оган, националистичкиот претседателски кандидат, кој освои 5,17 отсто од гласовите, денеска попладнето обави дека ќе го поддржи Реџеп Таип Ердоган на гласањето на 28 мај. Оган изјави дека во последните три дена партијата и неговите поддржувачи биле […]

Бугарија: ГЕРБ и ПП-ДБ ќе ја делат власта со ротациски премиери


  Изгледа дека политичката криза во Бугарија е на пат да се разреши со тоа што двајцата лути политички противници ќе се најдат во иста коалиција во проект за владеење од 18 месеци. Откако стана извесно дека мандатарката Марија Габриел нема да може да обезбедни мнозинство во парламентот ГЕРБ и коалицијата Продолжуваме со промената – […]

Отворен предмет и за мајката на малолетникот кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“


   Белградското јавно обвинителство денеска соопшти дека оформило предмет по службена должност за да се утврди дали во дејствијата на мајката на малолетникот К.К., кој се товари за масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ се содржани елементи на кривичното дело „запуштање и злоупотреба на малолетно лице“, јави Бета. Обвинителството испратило барање до полициското одделение за […]

Варуфакис: Ова е ердоганизација и орбанизација на Грција


  Лидерот на грчката левичарска партија МеРА25, Јанис Варуфакис, рече дека „ердоганизацијата и орбанизацијата на Грција сега се завршени“, по лошиот резултат на изборите во неделата. Партијата на поранешниот министер за финансии и професор по економија на Универзитетот во Атина не успеа да го помине цензусот од 3 отсто за да влезе во парламентот. Осврнувајќи […]

Мицотакис слави голем триумф, Ципрас и Сириза во шок


  Изборите во Грција во неделата продуцираа два неочекувани резултати – неверојатно голема победа на владејачката партија Нова демократија (и покрај скандалот со прислушувањето и трагичната железничка несреќа) и шокантен пораз на Сириза. Но и покрај големата победа на Ноцва демократија ѝ недостасуваат пет пратеници за да има мнозинство во парламентот и сосем веројатно ќе […]

Сите згрозени од прорускиот и анти-ЕУ „мировен марш“ во Софија (ВИДЕО)


  Министерството за надворешни работи го осуди нападот на зградата на ЕУ во Софија. Во соопштението до медиумите, испратено во текот на ноќта, МНР нагласи дека „ваквите дејствија се во спротивност и во неспоива противтежа со модерна Бугарија, како и со демократските вредности што ги отелотворува нашата земја“. Вчера учесниците во поворката под наслов „Марш […]

ИТН ја повлече поддршката, Марија Габриел ќе го врати мандатот за состав на влада


  Кандидатката за премиер на Бугарија од редовите на ГЕРБ-СДС, Марија Габриел, денеска во 15 часот по локално време ќе му го врати на претседателот Румен Радев првиот мандат за формирање влада, со оглед на тоа дека не обезбеди доволно гласови за да формира кабинет. Првично ДПС и „Има таков народ“ (ИТН) најавија поддршка за […]

Пожар во дом за стари лица во БиХ, евакуирани околу 90 лица


Во Домот за стари лица во Зеница и во централниот дел на БиХ во неделата нешто пред 23 часот избувна пожар, по што набрзо почна евакуацијата на околу 90 корисници на услугите, пишуваат локалните медиуми. „Имаше пожар. Сите надлежни се на лице место. Има многу ранливи луѓе“, изјавија од полицијата за локалниот портал „072“. На […]

Продолжува наставата во ОУ „Владислав Рибникар“, родителите бараат крај на учебната година


Во белградското ОУ „Владислав Рибникар“ продолжува наставата, дежураат шест полицајци, а родителите бараат крај на учебната година. Наставата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград каде беа убиени девет ученици на 3 мај продолжува денеска со скратени часови, без оценување, именување и со присуство на шест полицајци во училиштето во секоја смена, јавија белградските медиуми. Децата […]

Мицотакис победи на изборите во Грција


    Конзервативната Нова Демократија победи во Грција победи на денешните избори. Партијата на премиерот Кирјакос Мицотакис освои речиси 41 отсто, врз основа на повеќе од две третини од гласовите. Ривалот Алексис Ципрас од партијата СИРИЗА му ја честиташе победата на Мицотакис, бидејќи неговата партија освои само 20 отсто од гласовите. Нова Демократија на Мицотакис […]

Со црвена боја нападната зградата на Европската комисија во Софија


Учесниците на „Маршот за мир“ ја обоија со црвена боја  зградата на Европската комисија во нашата Бугарија.„Маршот за мир“ започна во близина на Националната палата на културата и помина низ улиците на главниот град и булеварот „Витоша“ до Претседателството и Народното собрание. Маршот блокираше голем број улици и раскрсници во центарот на градот. Дел од […]

Нова демократија води пред Сириза


Објавувањето на излезната анкета беше проследено со прослави од поддржувачите на Нова демократија собрани на главниот изборен штаб на партијата во центарот на Атина. Првичните излезни анкети се во согласност со она што беше претходно предвидено. Излезните анкети може и ќе се променат како што продолжува пребројувањето, така што се очекува да има многу појасна […]

На кандидатските листи во Грција седум Албанци


На денешните парламентарни избори во Грција, на кандидатските листи се седум Албанци, јави abcnews.al. – Еден од нив е и Фатос Малај кој е на листата на ПАСОК. Тој вели дека е многу важно Албанците во Грција да излезат што помасовно и да гласаат за кандидатите Албанци за да им дадат можност да ги реализираат […]

Захариева: Бугарија е во слободен пад, крајно време е да добие влада


Се надеваме на разум и дека овој кабинет ќе биде поддржан, затоа што шансата за формирање влада  со следните партии е многу мала. Ова го изјави Екатерина Захариева, пратеничка на ГЕРБ.Таа нагласи дека суштината на разговорите што ГЕРБ ги води со останатите, откако резултатите од изборите станаа јасни, е да има редовен кабинет. „Крајно време […]

Грците денес избираат меѓу Мицотакис и Ципрас


Денеска грчките гласачи излегуваат на гласање за да изберат претставници во 300-члениот парламент на Грција. Речиси 10 милиони Грци со право на глас ќе гласаат за партијата и политиката што ќе ја води земја или пак ќе одлучат да излезат на гласање на 2 јули. Од нив околу 440.000 првпат ќе излезат на гласање. Социолозите и […]