Град со големина на голф топче во Чачак, ново итно предупредување за Србија


Дел од Србија попладнево е зафатен од силно невреме. Настрадаа Чачак, Трстеник, Краљево околните села.

На социјалните медиуми се споделуваат видеа и фотографии од силното невреме кое донесе силен ветар, обилен дожд и град.

Во Чачак паѓал град околу 15 минути, со големина на голф топче.

Најголема штета има на земјоделските култури.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

„Повторно не зафати невреме, паѓаше град со големина на цреша, кој направи штета, најмногу на пчемката. Овојпат не снема струја“, вели жителка на селото Рошци, пренесе Танјуг.

Силен граф прави проблеми во сообраќајот и искрши ветробрански стакла на автомобилите во Краљево.

 

„Едвај се сокривме од градот“

Силно невреме ја зафати и околината на Чачак, во текот на попладневните часови, а ги погоди селата Миоковци, Горна Горевница и Милиќевци.

„Бевме на нива и видовме страшно темен обкал, па побрзавме дома. Но, невремето не фати во трактор. Не траеше долго, околу 15 минути, едвај се скривме, но направи голема штета на земјоделските култури. Се смачка“, вели жител на овие села.

„Колкави се штетите не знаеме, но паѓаше на некои места град со големина на орев. Штом се смири ќе излеземе во овоштарникот да видиме“, велат мештаните.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Ни градот не беше заобиколен од невренето, а бројни возачи се затекнаа на улиците.

„И во следниот час силна конвективна облачност, која предизвика интензивни врнежи со грмежи, појава на силен град и невреме во атмосферската зона, ќе се задржи на подрачјето на окрузите Рас и Расин и ќе има тенденција да се движи кон областите Топлички и Ниш“, се наведува во предупредувањето објавено во 17.54 часот.