Келнери и гости се тепале со столчиња во црногорски ресторан (видео)


Во ресторан во Рафаиловиќи, во Црна Гора, дошло до жестока тепачка меѓу вработените во ресторанот и гостите.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, по расправија со гостин, сопственикот на барот и келнерите зеле столчиња и почнале да го удираат човекот.

Безмилосно го тепале, по што паднал на земја.

Како што пренесуваат медиумите, полицијата земала изјави, но сѐ уште нема детали за инцидентот.