Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција


Централна Турција ја погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, објавено е на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки институт.

Земјотресот се случил на длабочина од пет километри, на 66 километри северозападно од Кахраманмарас, град со речиси 400.000 жители.

Засега нема информации за евентуална штета или повредени.

Кахраманмараш беше епицентарот на двата разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени, кои ја погодија Турција на почетокот на годината.