Во Србија двајца заразени со вирусот Западен Нил


Од Институтот за јавно здравје на Војводина соопштија дека во Србија се потврдени два случаи на заразени со вирусот Западен Нил, пациентите се на болничко лекување и се во добра општа состојба. Заразени комарци, кои ја пренесуваат болеста, досега се регистрирани на три локации во Србија – Белград, Ниш и Палиќ, јави дописникот на МИА […]

Земјотрес со јачина од 4,4 степени во областа Риека


Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во областа Риека, соопшти ЕМСЦ. Епицентарот на земјотресот бил на 18 километри североисточно од Риека, на длабочина од 13 километри, јави ЕМСЦ.

Васил Стерјовски едногласно реизбран за претседател на партијата на Македонците во Албанија


На денешниот, четврти Конгрес, на единствената македонска партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ , едногласно за лидер на партијата беше реизбран Васил Стерејовски. Стерјовски е магистер по историски науки, претседател е и на друштвото „Сонце“, прв пратеник во албанскиот Парламент (16 мај 2019 до 9 септември 2021) кој јавно се […]

Во Албанија најбројни косовските и македонските туристи


Албанија годинава повеќе од сигурно е дека ќе забележи рекордна туристичка жетва, зашто туристи има речиси од сите делови на светот. Тоа поради фактот дека за првите шест месеци ја посетиле 3,4 милиони или 33 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година. Традиционално најбројни се косовските и македонските туристи, со 1,3 милиони односно 290 […]

Во Србија дозвола за чување оружје за лична безбедност имаат 188.223 лица


Граѓаните на Србија од 8 мај до 30 јуни можеа да го предадат нелегалното оружје без никакви последици, при што беа собрани 102.818 парчиња оружје и минскоексплозивни направи. Според МВР, во моментов 188.223 лица имаат регистрирано оружје за лична безбедност, јави дописникот на МИА од Белград. Согласно мерките на Владата, во тек е изработка на […]

Истражување на агенцијата Медијана: Бугарија влегува во нова политичка криза


 Бугарија влегува во нов тип на политичка криза, покажуваат податоците од репрезентативното истражување на Медијана, информира агенцијата за испитување на јавното мислење. Претходната криза беше производ на конфронтацијата меѓу партиите и нивната неможност да постигнат минимален консензус и да формираат влада. Партиите на крајот постигнаа некаков консензус, кој сепак е во остра спротивност со волјата […]

Одземена лиценцата на ТВ Клан Косова, ЕУ и земјите од Квинта загрижени за медиумскиот плурализам


  Европската Унија и амбасадорите на земјите од Квинта групата акредитирани во Косово ја изразија својата загриженост поради одлуката на Министерството за индустрија, претприемништво и трговија да ја укине дозволата за деловно работење на ТВ Клан Косова. Тие оценија дека тоа може да има последици за медиумскиот плурализам во Косово. ЕУ и Квинта, која ја […]

Тешка сообраќајка во Србија. Возач изгоре во автомобил по директен судар со камион


Вчера околу 16:50 часот се случила тешка сообраќајна несреќа во Србија кога дирекно се судриле камион со загрепски регистерски таблички и автомобил со сомборска регистрација. Во несреќата загинал возачот на автомобилот. Несреќата се случила на патот Суботица – Бајмок, на излезот за Таванкут, потврдија од полицијата за РТС. Од силината на ударот се запалиле и […]

Грчкиот министер за безбедност отишол на одмор додека беснеат пожарите, веднаш поднесе оставка


  Грчкиот министер за заштита на граѓаните поднесе оставка во петокот откако беше забележан на одмор додека шумските пожари се шират низ целата земја. Премиерот Кирјакос Мицотакис ја прифати оставката на министерот одговорен за службите за јавна безбедност, вклучително и полицијата, кои ѝ помогнаа на противпожарната служба во повеќекратните шумски пожари во туристичките дестинации, во […]

Продолжен му е притворот на таткото на детето убиец од „Рибникар“


Апелациониот суд во Белград му го продолжи притворот на В.К., таткото на момчето што изврши масовно убиство во „Рибникар“, за уште три месеци. Да потсетиме, момчето убиец (13) кое на 3 мај изврши грозоморен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“, како што дознава Курир, за време на сведочењето на видео линк открил дека татко му […]

Големиот шумски пожар во близина на турското летувалиште Кемер по пет дена ставен под контрола


 Големиот шумски пожар во близина на турското летувалиште Кемер, во областа Анталија, по пет дена е ставен под контрола, напиша на Твитер турскиот министер за земјоделство и шумарство Ибрахим Јумакл. Пожарот кај Кемер избувна околу 21 часот на 24 јули. Жителите од голем број куќи се евакуирани од безбедносни причини. Неколку лица се хоспитализирани поради […]

Вонредната состојба на Родос останува, пламените јазици стигнаа до предградија на Атина


Шумски пожар предизвика серија експлозии во складиште за муниција на воздухопловните сили во централна Грција. Депото било евакуирано пред експлозиите, кои ги искршиле прозорците во околината. Нема информации за повредени, иако континуираните експлозии ги спречиле противпожарните екипи да се приближат до местото, пренесува Индепендент. Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека објектот се наоѓа во крајбрежниот град […]

Потфрли системот за предупредување од земјотрес на Google во Турција


Системот за предупредување од земјотрес, кој Google го направи достапен за уредите со оперативен систем Андроид, треба да испрати известувања до корисниците за да можат навреме да се засолнат, но тоа не се случи на 6 февруари во Турција. Истражувачите на Би-би-си разговарале со стотици луѓе во три турски градови и дознале дека ниту еден […]

И во Босна на иста мака – владата никако да им набави лек на болните од цистична фиброза


Родителите од ентитетот Федерација на БиХ чии деца боледуваат од цистична фиброза денеска протестираат пред седиштето на Владата на ФБиХ. Собирот го закажаа во 10 часот, а како што велат се разочарани бидејќи никогаш не ги добиле ветените пари за набавка на многу потребниот лек „кафтрио“ („трикафта“). Сметаат дека, во моментов се жртви на пошироката […]

Жена од БиХ ѝ ставала отров за мравки и средство за чистење во кафето на својата шефица


Судот во Бања Лука ја осуди на две години затвор 58-годишната поранешна директорка на Педагошкиот институт на Република Српска, прогласувајќи ја за виновна за обидот за убиство на нејзината шефица, на која ѝ ставала отровни материи во кафето. Како што објавија локалните медиуми во Босна и Херцеговина во четвртокот, Нина Нинковиќ, сегашната просветна инспекторка, е […]

Падна приватен хеликоптер во Грција


Приватен хеликоптер се урнал денеска на островот Самос, а сите пет лица во него поминале до полесни повреди. Несреќата се случила кога хеликоптерот, кој слетал на Самос за да наполни гориво на пат кон Турција, изгубил рамнотежа и се срушил на земја на мала височина, пренесува „Катимерини“. Според ЕРТ, не дошло до пожар, а сите […]

Додик без надзор летал над половина Хрватска со хеликоптер на српско МВР, прекршени се сите процедури


Загреб – Хеликоптерот на српското Министерство за внатрешни работи, со регистарски број YU-VIP F-WWOC, со кој претседателот на Република Српска Милорад Додик во вторникот слетал на Хвар, влегол во Хрватска како обично цивилно летало, пишува Јутарњи лист. Ова произлегува од одговорот на Хрватската контрола на летање (ХКЗП) до Јутарњи лист, во кој се наведува дека „планот […]

Џачка од Бриндизи: Коридорот 8 е многу повеќе од едноставен инфраструктурен проект


Албанската министерка за Европа и надворешни работи Олта Џачка на првиот квадрилатерален состанок за важноста на Коридорот VIII што се организира во италијанскиот пристаништен град Бриндизи оценила дека соработката меѓу земјите е најдобар начин да се гарантира стабилноста и дека Коридорот 8 е многу повеќе од едноставен инфраструктурен проект – Задоволство е да се работи […]

Би оделе ли на море во Тузла?


Тузла е континентален град на североистокот на Босна и Херцеговина и никој од нас не го доживува како туристичко место каде за време на летните одмори би оделе на летување. Но, овој град го нуди токму тоа. Тузла ги има е единствените солени езера во Европа, изградени од 2003 до 2006 година за што Градот […]

Гори хрватскиот остров Чиово: 150 пожарникари се борат со пламенот (видео)


На хрватскиот остров Чиово денеска избувна пожар, а сите расположливи екипи се на терен, соопштија од Хрватското противпожарно друштво. Според нив, 150 пожарникари со 30 возила се борат со пожарот. Во гаснењето на пожарот се вклучени три канадски и три авиони „Ер трактор“.   Ветерот го отежнува гаснењето“, изјавија од ХВЗ. Пожарот гори во близина […]