Вучиќ: Генералното собрание на ОН е можност да се слушне гласот на Западен Балкан


Фото: Б. Грданоски

 Учеството на Генералното собрание на ОН е „исклучителна можност погласно да се слушне гласот на Западен Балкан“, напиша на социјалните мрежи српскиот претседател Александар Вучиќ, истакнувајќи дека во Њујорк имал бројни средби со лидерите од регионот.

„Ова е исклучителна можност подобро и погласно да го слушнеме гласот на сите нас од Западен Балкан“, коментираше денеска Вучиќ на своите профили на Инстаграм и Фејсбук.

Тој е во Њујорк за да учествува на 78. сесија на Генералното собрание на ОН.

Вучиќ истакна дека разменил мислења за најважните прашања и можните решенија за некои од погорливите проблеми.