Драма во Бугарија: Полицаец пукал во тинејџер, тој починал во болница


Во полициска потера и пукање што се случи рано утринава во близина на деловен центар во Софија, полицаец застрела 18-годишен млад човек, кој подоцна почина во болница, пренесе Танјуг.

Како што пренесува Новините, утринава околу 05:15 часот обезбедување во деловниот центар пријавило во полиција дека три маскирани лица ја прескокнуваат оградата на зградата, носејќи торби.

На местото на настанот биле испратени полициски екипи кои пеш бркале двајца провалници, додека третиот влегол во автобус на градскиот превоз.

При долгата потера, еден од полицајците испукал и ранил еден од бегалците – 18-годишен млад човек, кој веднаш бил префрлен во болница.

Петнаесет годишникот кој се обидел да побегне со автобус е приведен.