Бугарија ќе го тргне Споменикот на советската армија од центарот на Софија


  Новата бугарска влада преземе нови чекори да се оддалечи од советските години и руското влијание, иако промосковското расположение во државатаи натаму е многу високо. Владата денеска даде „зелено светло“ за преместување на Споменикот на советската армија. Со одлуката се менува статусот на споменикот – од јавна државна сопственост во приватна државна сопственост. Тој чекор […]

Студен туш од Австрија за Софија и Букурешт


Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер изјави дека ветото за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген зоната мора да остане за да се одржи граничната контрола на ниво на ЕУ, пренесува mediapool.bg. Студениот туш од Австрија за Софија и Букурешт повторно доаѓа од министерот во австриската влада, кој лани во декември беше главниот глас за […]

Ивица Дачиќ бара Бугарија да го признае српското малцинство


  Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е револтиран од одбивањето на Бугарија да го признае постоењето на српското национално малцинство. Во утринскиот блок „Ново јутро“ на Телевизија Пинк Дачиќ изјави дека Бугарија не ги признава националните малциства, а во исто време протестира кај соседите за наводно лошиот третман на тамошните Бугари. „Бугарија не […]

Земјотрес од 5,1 степен според Рихтер во Турција (видео)


Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска околу 18:45 часот по локално време го погоди турскиот град Коња. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 10 метри. Од кабинетот на гувернерот на Коња соопштија дека нема извештаи за материјална штета, пренесува Ројтерс. Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа изјави дека […]

Брканица во Атина по грабеж на банка: Полицаец го ранил осомничениот


За време на потера во Колонос, Атина, по вооружен грабеж на банка, полицаец пукал и го ранил осомничениот. Потоа со возило на брза помош бил пренесен во болница. Според порталот Катимерини, денеска во утринските часови вработен во банка во Омонија го активирал копчето за паника за грабеж во тек. Полицаец кој не бил на должност, […]

Лажна вест е дека Коста Кецмановиќ се обидел да избега


Полицијата од Србија соопшти дека се неточни одредени информации во медиумите дека К.К.(14) се обидел да избега од здравствената установа во која се наоѓа. Тој е во таа установа откако на 3 мај годинава во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград изврши кривично дело. „Потенцираме дека малолетниот К.К е под 24-часовен полициски надзор, што ја оневозможува […]

И Црна Гора им објави „војна на узурпаторите на плажите“


Подгорица – И Црна Гора ќе ги казнува туристите кои оставаат крпи но, и пластични шишиња на плажите. За прекршителите предвидени се високи парични казни. Локалната управа на Тиват соопшти дека нема да толерира таква појава и упати апел до граѓаните да не оставаат предмети на плажите бидејќи предвидени се казни од 100 евра за […]

Во јули во цела Грција имало 1.470 пожари


  Од 1 до 31 јули имавме вкупно 1.470 пожари од кои десет беа големи и со нив се справивме со големи тешкотии и со голем напор, рече министерот за цивилна заштита на Грција, Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ и најави построги казни за оние кои потпалуваат или подметнуваат пожари, јави дописничката […]

Додик: САД не ги бираа функционерите на РС, нема ни да ги менуваат


Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека „Соединетите Американски Држави не ги бирале функционерите на Република Српска, па затоа нема ни да ги менуваат“. „САД мислат дека на тој начин можат да го дисциплинираат секој што не размислува како нив“, рече Додик, реагирајќи на одлуката на САД да стават четворица претставници на РС на […]

Бугарија излезе на протести по унакажувањето на 18-годишна девојка


  Бугарија пак е на улиците. Овој пат протестира за случајот на унакажување на лицето на една 18-годишна девојка од момче во Стара Загор. Протестите низ целата земја започнаа во 18 часот со барање правда во случајот на 26 јуни со девојката која беше избодена со лажен нож од нејзиното момче. Претходно денеска Окружниот суд […]

Африканска свинска чума потврдена во 32 општини во Србија


Во Србија, африканска свинска чума е потврдена на 1.154 фарми во 32 општини, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од тоа министерство за РТС изјавија дека од петокот, 28 јули до денеска, африканска свинска чума се појавила на околу 150 фарми и дека случаи се потврдени во Војводина, Белград, централна и источна Србија. Досега […]

Сите први луѓе на Република Српска ставени на американската црна листа


  СAД воведоа санкции за Жељка Цвијановиќ, српската членка на Претседателството на БиХ, премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ, министерот за правда на РС, Милош Букејловиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ. Министерството за финансии на САД објави дека овие политичари се директно одговорни за поттикнување на донесување закон во Народното […]

Белград: Маж со фантомка влегол во кафеана и застрелал полицаец кој не бил на должност


Белградската полиција трага по маж висок околу 180 сантиметри, со крупна градба на околу 30 години, кој вчера пукал со пиштол во Бојан Т.(26), суспендиран полицаец, кој седел во ресторанот „Старо Ужице“ на Автокоманда, дознава „Телеграф.рс“. Според информациите на порталот, обидот за убиство е снимен од камери. Неофицијално, на нив се гледа како маж со […]

Локалните избори во Бугарија ќе се одржат во крајот на октомври


Претседателот на Бугарија,  Румен Радев денеска потпиша указ за закажување на изборите за општински советници и градоначалници за 29 октомври 2023 година. Радев го одреди датумот по работната средба со претставници на раководството на Централната изборна комисија (ЦИК). Разговорот беше фопкусиран на спецификите на гласањето и за претстојната работа околу организацијата на изборниот процес. ЦИК […]

Во Србија наскоро ќе се отвори Канцеларија за информатичка безбедност


 Србија наскоро треба да добие нова институција – Канцеларијата за информатичка безбедност со цел поефикасна заштита на податоците на државните органи, граѓаните и стопанството од кибернапади и навремен одговор на инциденти, се наведува во билтенот на Националната алијанса за локален и економски развој (НАЛЕД). Како што беше нагласено, тоа е една од клучните новини на […]

Србија има повеќе компјутерски писмени отколку високообразовани


Според резултатите од пописот на населението на Србија, 6,3 отсто од населението не оделе на училиште или завршиле помалку од осум одделенија основно училиште. Од друга страна, од вкупно 5.691.551 жители на Србија, повеќе од половина од населението – 53,1 отсто од нив, на возраст од 15 и повеќе години , завршиле средно образование, покажуваат […]

Жена во Мостар паднала од карпите на Неретва и починала – ги гледала скоковите од мостот


  Педесет и петгодишна жена од Мостар починала синоќа во Кантоналната болница „Д-р Сафет Мујиќ“, откако вчера била тешко повредена при пад од карпите на реката Неретва, јавува „Дневни аваз“. По падот итно била пренесена во болница каде ѝ биле констатирани повеќекратни скршеници. Како последица на тешките физички повреди, настанале компликации поврзани со нејзината здравствена […]

Нови пожари во Грција, превентивно евакуирани села


Шумски пожар изби доцна синоќа во северозападниот дел на грчкиот остров Хиос, а во текот на ноќта беше побарано од жителите на две села, превентивно да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина. Рано утрово засилени се силите што учествуваат во гаснењето на пожарот и интервенираат 90 пожарникари со шест пешадиски тима, 18 возила, […]

Протест на косовските новинари поради одземањето на дозволата на ТВ Клан Косова


Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК) ги повика медиумските работници да се приклучат на денешниот протест во косовската престолнина против намерата на властите да ѝ ја одземат дозволата за работа на телевизијата Клан Косова, јави дописникот на МИА од Приштина. Протестот под мотото „Демократијата умира во мрак“ ќе се одржи на главниот плоштад во центарот […]

Ново силно невреме во Хрватска


Хрватска денеска е погодена со уште едно силно невреме. Силни грмотевици, обилни врнежи од дожд проследени со силен ветар го зафатија регионот на Риека. Има паднати гранки од дрва, голем број од улиците се под вода, а Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалов метеоаларм за овој регион.   Како што јавува ХРТ, покрај дојавите за поплавени […]