Земјотреси во централна и во источна Турција


 Неколку земјотреси со јачина од 2,8 до 3,9 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во централна Турција, информира на својата веб-страница Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Последниот земјотрес со јачина од 3,9 степени е регистриран на 117 километри северозападно од Алепо, Сирија во 20 часот и 17 минути по локално време, и на 35 километри западно од Газиантеп, Турција, на длабочина од осум километри.

Земјотрес и на истокот од земјата

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска источниот округ Ван во Турција, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Земјотресот се случил во 17 часот и 43 минути по локално време во близина на границата со Иран.

Епицентарот бил во областа на турскиот град Баскале, на длабочина од седум километри под површината на земјата.

Нема информации за причинета материјална штета и повредени.