Косово преплавено со фалсификувани евро монети

Во април биле уапсени маж и жена кои од Северна Македонија донеле 10.600 фалсификувани монети од две евра во Косово


Келнерите во кафуле во Приштина се откажаа од проверката дали монетите од две евра се вистински или не, бидејќи има толку многу фалсификати, а поради квалитетот на некои од нив речиси е невозможно да се каже дали се лажни или не. 

„На почетокот сите ги гледаа и ги проверуваа монетите од две евра“, вели келнерот Ендрит. Тој и неговите колеги ставале парички под светло или ги пуштале на маса и проверувале како звучат.

„Сега веќе не го правиме тоа… можеби добиваме вистински пари, а можеби и лажни пари. Се е исто“.

Количината на монети од две евра во оптек годинава е драстично зголемена, велат владините агенции, пенесува егионалниот бизнис потал СЕЕбиз.

Косово и соседна Црна Гора не се дел од еврозоната, но сепак го користат еврото.

Во лабораторијата во Приштина експерти проверувале повеќе од 30.000 лажни евро монети во првата половина од годината, наспроти 4.451 во истиот период лани.

„Квалитетот оди од многу лош до многу добар“, вели Вјолца Мавриќи, работник во лабораторија.

„Претходно монетите не беа магнетни како сега, пред да имаа проблеми со грамажата, но сега целосно одговараат на вистинските“, додаде таа.

Полицијата соопшти дека минатата година пријавила 804 случаи на фалсификат кај обвинителите, а досега 486 случаи годинава.

Во април тие уапсија маж и жена кои од Северна Македонија донеле 10.600 фалсификувани монети од две евра во Косово.

Бројни Албанци на социјалните мрежи објавуваат видеа на кои нудат лажни монети за 10 до 20 отсто од вредноста на вистинските евра. (СЕЕбиз)