Во Турција продолжува потрагата по уште рудари по свлечиште во рудник за злато


Стотици спасувачи во Турција и денеска ја продолжуваат потрагата по најмалку девет работници затрупани во рудник за злато во источниот дел на земјата, кој беше погоден од огромен одрон. Свлечиштето се случило вчера во рудникот Коплер кај Илич, во планинската провинција Ерзинџан во источниот дел на Турција. Околу 800 спасувачи, вклучително и полициски и воени […]

Катастрофа во Турција: Се урна рудник за злато, објавено е видео од несреќата


Девет рудари се водат за исчезнати по лизгање на земјиштето во објектот „Анаголд мајнинг“ во источна Турција во вторникот, соопшти турското Министерство за енергетика. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја за телевизијата А Хабер изјави дека 400 луѓе трагаат по исчезнатите рудари. A gold mine collapsed in eastern #Turkey There is no data on […]

Јануарската инфлација во Албанија 3,4 отсто, најниска во последните три години


Албанскиот Институт за статистика, ИНСТАТ објави дека во јануари годинава инфлацијата достигна ниво од 3,4 отсто, што е најниско ниво од ноември 2021 година. -Доколку се спореди со истиот месец минатата година кога индексот на цените достигна 7,2 проценти, нивото на инфлација е речиси преполовено. На растот на цените во јануари, главно влијание има групата […]

Курти: Авторитарниот режим на Србија го кочи напредокот на цел Западен Балкан


 Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека визната либерализација за косовските граѓани, која стапи во сила на 1 јануари годинава, го зголеми интересот на косовските Срби за добивање косовски пасоши, а придонесе и за успешна промена на нелегалните српски регистарски таблички со таблички со ознаката РКС (Република Косово), јави дописникот на МИА од Приштина. Во неговото […]

Бугарија предложи христијански симболи на нејзините евро-монети


  Христијанските симболи би можеле да бидат истакнати на монетите од едно и две евра кои ќе влезат во оптек по влезот на Бугарија во еврозоната, според предлогот што допрва треба да се договори на ниво на ЕУ, каде што некои земји се спротивставија на слични обиди во минатото. Бугарската централна банка во понеделникот (12 […]

Пленковиќ избегнал воен рок? Сега сака да ги праќа хрватските деца во војска


Премиерот на Хрватска и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, сака по секоја цена да воведе задолжителен воен рок, пред избори. Истиот тој Пленковиќ,  се спаси од воен рок, непосредно пред војната во Хрватска. Актуелниот премиер наполни 18 години во 1988 година. Се запишал на Правен факултет, но тогаш не било лесно да го избегне воениот […]

Објавени платите на црногорските функционери


Највисока плата во црногорската влада има Срѓан Павиќевиќ, вицепремиер за труд, образование, здравство и социјала, чија јануарска плата изнесувала 2.071 евро. Тоа е два и пол пати повеќе од просечната плата во земјата која во декември изнесувала 814 евра, односно повеќе од четири и пол пати повеќе од минималната плата од 450 евра. Премиерот на […]

(Видео) Невреме со град и торнадо на Родос, луѓе заглавени во возила


Невреме придружено со град и торнадо го погоди грчкиот остров Родос. Поради високиот водостој на патот, граѓаните останаа заробени во своите автомобили. Пожарникарите со едно противпожарно возило утрово се обиделе да ослободат три лица кои останале затрупани во возилата, пренесува Телеграф. И синоќа Родос беше погоден од невреме. Во исто време, штета предизвика и торнадото […]

Од денеска се враќа публиката на фудбалските натпревари во Грција


Натпреварите од првата фудбалска лига во Грција од денеска повторно ќе се играат со публика по пауза од два месеци по воведената забрана од грчката Влада во рамките на мерките за справување со спортското насилство, јави дописничката на МИА од Атина. Новите правила за стадионите ќе се спроведат во следните два месеци, а предвидуваат задолжителен […]

Земјотрес од 3,9 степени во Грција


Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Потресот е регистриран во 6:32 часот по локално време, во морската област на 67 километри југоисточно од Карпатос. Длабочината на земјотресот првично беше проценета на 10 километри. Нема информации за материјална штета или повредени.

Централната банка на Косово објави тримесечен план за укинување на плаќањето со динари


Централната банка на Косово (ЦБК) објави денеска нов план за имплементација на одлуката за укинување на користењето на српскиот динар за готовинско плаќање, според кој преодната фаза за имплементација на новата регулатива, која стапи во сила на 1 февруари, ќе трае три месеци, јави дописникот на МИА од Приштина. Со новиот транзициски план, меѓу другото, […]

Почина Петар Луковиќ, новинарот од чија критика стравуваа многу музичари


Познатиот новинар и рокенрол критичар Петар Луковиќ утрово почина во Белград по долго и тешко боледување, соопшти семејството. Луковиќ имаше богата кариера во различни области од новинарството, но многумина ќе го паметат по врвното познавање на музиката. Покрај сето она што го правеше во својата новинарска кариера, Петар Луковиќ многумина ќе го паметат како голем […]

Пукање во бродска компанија во Атина. Четворица мртви


Четири лица го загубија животот денеска во престрелка во просториите на бродска компанија во предградието на Атина, меѓу кои и напаѓачот кој се самоуби, соопшти полицијата. Напаѓачот утринава упаднал во седиштето на European Product Carriers, отворил оган и покосил три лица, двајца мажи и една жена, а потоа се забарикадирал во подрумот каде што бил […]

Над 3.600 странци работеле во Косово во 2023, од нив 211 биле од Македонија


Косово во текот на 2023 година издало над 3.600 работни дозволи за странски државјани, од кои 211 за државјани на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Косовскиот Институт за напредни студии – ГАП објави дека минатата година се издадени вкупно 3.646 работни дозволи за странски државјани, што е за 667, или 22,4 отсто […]

Товарен брод во грчка сопственост нападнат во Црвеното Море


Товарен транспортен брод во грчка сопственост што плови под знамето на Маршалските Острови бил мета на напад со два проектила во Црвеното море, без при тоа да биде повреден екипажот, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според државната новинска агенција АНА-МПА, британска приватна компанија за поморска безбедност Амбри соопштила дека проектилите завршиле […]

Почина Фоте Никола истакнат активист и борец за правата на Македонците во Албанија


На 78-годишна возраст, синоќа во Тирана почина Фоте Никола, – истакнат македонски активист и борец за правата на Македонците во Албанија, објави македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ. Роден е на 4 март 1946 година во село Шулин, област Мала Преспа. Основно образование заврши во Пустец, средно педагошко во Елбасан и Филолошки факултет […]

Владата на БиХ даде два милиони евра и ја спаси јавната РТВ од затворање


Министерскиот совет на БиХ и додели два милиони евра на Радио телевизија Босна и Херцеговина, со што државниот радио-телевизиски сервис беше спасен од затворање. Владата на вонредна седница додели два милиони евра на државниот и по 1,5 милион за јавните сервиси на ентитетите. „Со оваа одлука се настојува да се обезбеди финансиска стабилност на јавните […]

Дачиќ: ЕУ го зголемува притисокот врз Србија со вклучување на Охридскиот договор во преговорите за членство


Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Брисел го зголемува притисокот врз Белград со формален предлог деловите од Охридскиот договор, со кои Србија не се согласи, да се вклучат во преговарачката рамка за членство во Европската Uнија, јави дописникот на МИА од Белград. -Има обид преку ЕУ и поглавјето 35 на Србија […]

Апелацискиот суд на Црна Гора ја укина одлуката за екстрадиција на До Квон и го врати предметот на повторно одлучување


Апелацискиот суд на Црна Гора ја прифати жалбата на бранителите на обвинетиот јужнокорејски државјанин До Квон, осомничен за измама со криптовалути, и ја поништи одлуката на Вишиот суд и предметот го врати на повторно одлучување до првостепениот суд. Апелацискиот суд на Црна Гора соопшти дека одлуката за екстрадиција на До не може да ја донесе […]

Грција и САД ќе го одржат петтиот стратешки дијалог


Петтиот круг од стратешкиот дијалог меѓу Грција и САД ќе се одржи денеска во Вашингтон, а шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис ќе се сретне со американскиот државен секретар Антони Блинкен, јави дописничката на МИА од Атина.  Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека на агендата на стратешкиот дијалог ќе бидат: регионалните случувања, […]