Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција


Анкара – Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија. Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“. На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински […]

Уставен суд на Хрватска: Милановиќ и да поднесе оставка не може да биде мандатар или премиер


Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, не може да биде ниту мандатар, ниту премиер, дури и да поднесе оставка, изјави денеска Мирослав Шепаровиќ на прес-конференција по вонредната седница на Уставниот суд. Два дена по изборите за хрватскиот Сабор, Уставниот суд на Хрватска одржа вонредна седница за парламентарните избори и ангажманот на претседателот Зоран Милановиќ, а по […]

Вучиќ на годишнината од Бриселскиот договор: Единаесет години лаги и терор, без формирање на ЗСО


Поминаа 11 години од Бриселскиот договор во кој Србија се развиваше и напредуваше побрзо од другите. Но и 11 години лаги и терор што ни ги вршеа приштинскиот режим и ЕУ. Единаесет години не се спроведува суштината, формирањето на Заедницата на српските општини, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој додаде дека поминале 11 години […]

Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици


Бриселскиот договор склучен меѓу Белград и Приштина е валиден како и сите останати спогодби постигнати во рамки на дијалогот што се води со посредство на ЕУ, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.  – Сите договори претставуваат валидни документи и обврски што мора да се имплементираат. Тоа е […]

Нова демократија со 14 отсто предност пред СИРИЗА


Предност на Нова демократија со 14 осто повеќе од СИРИЗА, во пресрет на евроизборите во јуни, но со намален рејтинг во споредба со резултатите од ланските парламентарни избори, покажува истражувањето на јавното мислење на „Metron Analysis“ за грчката телевизија Мега, јави дописничката на МИА од Атина.  Нова демократија добива 26,8 отсто, СИРИЗА е втора со […]

Словенија: Покрај изборите за Европскиот парламент на 9 јуни, можно е да се одржат и три референдуми


Надлежните комисии на Државниот збор (Парламентот) на Словенија треба да одлучат дали на денот на изборите за Европскиот парламент во Словенија, 9 јуни, ќе се одржат истовремено три референдуми. Но, не постои единство во владејачката коалиција за ваквиот предлог. Претставниците на Движењето за слобода се „за“, Левицата е рамнодушна, а Социјалдемократите (СД), Словенечката демократска партија […]

Грција нема да го поддржи барањето на Косово за членство во Советот на Европа


Грција ќе апстинира од гласањето, односно нема да го поддржи барањето на Косово за членство во Советот на Европа од политички причини, истакна шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во интервјуто за општинското радио од Пиреас „Канал 1“, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за надворешни работи на Грција во однос на процесот за […]

Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово


Денешната, четврта рунда меѓу главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, со посредство на Европската унија, заврши без никаков договор за прашањето за српскиот динар, чија употреба беше забранета во Косово во февруари годинава, јавија приштинските медиуми. Бислими по состанокот, кој го водеше посредникот на ЕУ во дијалогот меѓу Приштина и […]

Брнабиќ: Белградските и локалните избори ќе се одржат на 2 јуни


Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска соопшти дека го прифаќа предлогот сите локални избори да се распишат за 2 јуни. „По 17 дена разговори со сите пратенички групи и исцрпување на сите можности за разговори, во консултација со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, донесов одлука да се прифати барањето на опозицијата … која […]

ЕУФОР ќе патролира ширум БиХ


 Стратешките резервни сили на ЕУФОР распоредени во Босна и Херцеговина во текот на месецот и во мај заедно со вооружените сили на БИХ ќе патролираат низ земјата, нс е само во Пале и во источно Сараево, објави ЕУФОР. ЕУФОР соопшти дека распоредувањето на овие сили не е поврзано со ништо друго и дека овие активности […]

ХДЗ победи во Хрватска, но е далеку од мнозинството


  Владејачката конзервативна партија во Хрватска освои најмногу места на парламентарните избори, но не доволно за да формира влада, според речиси целосните официјални резултати. Хрватската демократска заедница (ХДЗ) на премиерот Андреј Пленковиќ освои 61 места во 151-членото собрание, покажаа резултатите од повеќе од 98 отсто од избирачките места. На претходните избори во 2020 година, партијата […]

Излезни анкети од изборите во Хрватска – ХДЗ во предност пред СДП


Според новите излезни анкети на агенцијата Ипсос, ХДЗ и партнерите на денешните избори во Хрватска освоиле 59 мандати, СДП и партнерите 43, Домовински покрет и партнерите 13, Мост и партнерите 11, Можеме! и партнерите добиваат 10 мандати, ИДС 2 мандати и по еден 1 мандат освоија Фокус/Република и Независна платформа Север. Излезните анкети за Хрватската […]

Анкета на ИРИ за Западен Балкан: Силна поддршка за членство во ЕУ, рускиот напад на Украина неоправдан


Последното мултинационално истражување за Западен Балкан од Центарот за увид во истражувањето (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува широка поддршка за приклучување кон Европската унија (ЕУ) и силно мнозинство кое руската војна против Украина ја смета за неоправдана. Анкетата, како што објави на својата веб страница ИРИ, е спроведена во шест земји од регинот: Албанија, […]

На Копаоник три сантиметри снег


На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопшти вечерва за агенцијата Бета локалната метеоролошка станица. Дежурниот метеоролог Милан Дубовац изјави дека врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини. Тој додаде дека температурата е минус три степени Целзиусови и оти моментално дува ветер од северен правец со брзина и до три метри во секунда. 

Русите повторно „навалија“ по станови во Србија, а по нив и Македонците, но по куќи


Се повеќе странци се одлучуваат да купат недвижен имот во Србија, пред сè во Белград и Нови Сад, се вели во анализата на специјализираниот портал 4зида. Податоците на Републичкиот геодетски институт (РГЗ) покажуваат дека за една година речиси двојно се зголемил уделот на странски државјани кои купуваат недвижен имот во Србија. Уделот на странски државјани […]

Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД изгласа предлог закон за борба против корупцијата во Западен Балкан


 Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат изгласа закон што има за цел да ги зголеми трговијата и инвестициите меѓу САД и Западен Балкан, и да се помогне во борбата против корупцијата. Демократската сенаторка од Њу Хемпшир, Џин Шахин, и сенаторот, Роџер Викер, републиканец, автори на законот што е од 2022 година, го поздравија нејговото […]

Ветрот во Романија уриваше билборди и дрвја, издадено предупредување за поплави


Бурата Рената стигна и до Романија, каде што се издадени предупредувања за поплави поради силните дождови, додека лапавицата се претвори во снег на планините. Издадени се предупредувања за поплави за реките во шест окрузи, додека половина земја е под метеоролошки предупредувања за невреме и дожд. На планините врнежите се претворија во лапавица и снег. Утрово […]

Охридскиот договор влезе во преговарачката рамка на Србија


  БЕЛГРАД – Како што и беше најавено уште по постигнување на Охридскиот договор меѓу Србија и Косово, амбасадорите на земјите од Европската унија ги усвоија амандманите и измените на поглавјето 35 од пристапните преговори со Србија, кои се однесуваат на обврските што за Србија произлегуваат од договорите со Косово постигнати минатата година во Брисел […]

Централната банка на Турција во минус 25 милијарди долари


Централната банка на Турција ја заврши 2023 година во минус за 818,2 милијарди лири или 25,25 милијарди долари, покажува нејзиниот биланс објавен во официјалниот весник, што ги одразува големите загуби кои произлегуваат од програмата за заштита на депозитите. Во 2022 и 2021 година, централната банка работеше со добивка од 72 милијарди и 57,5 ​​милијарди лири, […]