Македонски клуб од Благоевград поднесе тужба против Европската комисија


 

Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград, Бугарија, поднесе тужба против Европската комисија пред Судот на правдата во Луксембург поради одбивањето на официјална Софија да го регистрира клубот.

Со тужбата се бара Европската комисија да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити европското право на асоцијација и здружување. Тужбата е поттикната и организирана од „Нов АСНОМ“, Македонското меѓународно движење за човекови права, Светскиот македонски конгрес.

Со тужбата се бара од Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии што доаѓаат од Кохезивниот фонд во висина од 1.467 милијарди евра, се додека не го регистрира Македонскиот клуб за етничка толеранција, чија регистрација беше одбиена.