Бегај со честитка до Косово: Ние сме две држави, но еден народ, секогаш сме со вас


Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај преку објава на социјалните мрежи, на сите Албанци им ја честиташе 16-годишнината од независноста на Косово, оценувајќи дека „овој посебен ден го означува крунисувањето на соништата на албанскиот народ на Косово, за слобода и независност“. Според него, 16. години Косово како независна држава е „позитивен, мирољубив и важен фактор за […]

Два дена пред конституирање на Собранието на Белград енигма е дали СНС има мнозинство


На два дена пред конститутивната седница на Собранието на град Белград не се знае дали Српската напредна партија (СНС) и Социјалистичката партија (СПС) ќе успеат да обезбедат мнозинство за власт или пак ќе има избори. Не се знае ниту начинот на кој опозицијата ќе ја блокира седницата. Нејасно е и дали и кого ќе поддржат […]

Вучиќ: Доколку има нови избори во Белград, тие ќе се одржат на крајот на мај или на почетокот на јуни


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска во Минхен дека доколку има нови локални избори во Белград, тие ќе се одржат на крајот на мај или на почетокот на јуни. Вучиќ, кој учествува на безбедносната конференција рече дека ќе почекаат до „први, втори, трети март, кога истекува рокот за формирање на градското собрание“, и дека доколку […]

Епидемија на грип во Албанија, се зголемува и бројот на заразени со морбили


Албанија е во епидемија на грип. Според Институтот за јавно здравје за една седмица се регистрирани  17.738 заразени случаи, јави Топ чанел. – По пријавените 16.130 случаи претходната, минатата недела се регистрирани 1.608 случаи повеќе. Но, оваа бројка е уште поголема бидејќи голем дел од граѓаните ниту одат на лекар, ниту се вклучени во пријавените […]

За криумчарење мигранти во Грција уапсени и притворени државјани на Македонија


Двајца државјани на Северна Македонија, минатиот петок биле уапсени во северозападниот дел на Грција, а сега им е одреден привремен притвор, под сомнение дека помагале во криумчарење мигранти додека трето лице пренесувало мигранти со автомобилот, јави дописничката на МИА од Атина. Едниот од уапсените рекол дека е командир на затворската полиција во Скопје за што […]

Легендарна Американка загина во лавина во ски-центар на Косово, нејзиниот свршеник не успеал да ја спаси


Бројни светски медиуми посветени на скијањето ја пренесоа веста дека пред три дена, на 13 февруари, Кетрин „Каша“ Ригби , легендарна американска скијачка и пионерка на екстремното скијање со телемарк, загина во лавина во Косово. Ригби почина на 55-годишна возраст во ски-центарот Брезовица, кој се наоѓа на самиот југ на Косово, во близина на границата […]

Лидерот на СИРИЗА го прослави изгласувањето на законот за истополовите бракови


Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис заедно со неговиот сопруг, доцна синоќа во ЛГБТ+ клуб во Атина го прослави изгласувањето на законот за истополовите бракови во Грција и на присутните им порача да бидат горди на себе, јави дописничката на МИА од Атина. Каселакис, кој во октомври минатата година стапи во цивилен брак во САД со […]

Србија добила ново оружје од Русија и покрај санкциите


Србија доби ново оружје од Русија и покрај санкциите воведени кон оваа земја поради инвазијата на Украина, пренесува Асошиејтед Прес. Се работи за систем кој одбива дронови. Српскиот претседател Александар Вучиќ го претстави системот пред јавноста во средата, ден пред националниот ден на Србија. – Ова е „Repellent“. Не е толку силен како „Krasuha“, но е […]

Ниш ги преместува автобуската и железничката станица поблиску до аеродромот?


Советниците на Градското собрание на Ниш на последната седница ја усвоија четвртата измена на Генералниот урбанистички план на Ниш со која меѓу другото се предвидува преместување на Главната автобуска станица од просторот до Тврдината на просторот кај Фабриката „Филип Морис“ и „Булеварот на хероите од Кошар“, општина Црвени Крст. Вршителот на должноста директор на Нишкиот […]

Земјотрес во Турција


 Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Малатија на длабочина од осум километри. Засега нема информации за жртви и материјална штета.

Грција е првата православна земја што ги легализираше истополовите бракови


Грчкиот парламент во четвртокот вечерта со големо мнозинство ги легализираше граѓанските бракови за истополовите парови, со што стана првата мнозинска православна земја што го стори тоа. „Гласањето помина: од вечерва, Грција е горда што стана 16-та земја на ЕУ што усвои закон за брачна еднаквост“, рече премиерот Киријакос Мицотакис во објава на социјалната мрежа Х, […]

Како САД го осиромашија Косово и што значи тоа за Украина?


  Малиот брат на Џорџ В. Буш беше збунет. „Значи дали сте Албанка? – Нил Буш ја праша поранешната амбасадорка на Косово во Вашингтон, Влора Читаку, на вечера во најдобриот хотел во Приштина минатиот јули. „Да“, му рече таа на братот на поранешниот американски претседател, кој штотуку пристигна неколку часа претходно со црн ренџ ровер […]

На ВМА во Белград поради труење со алкохол завршиле вкупно 33 деца


Најмалку 33 деца деца изминатата ноќ во тешка алкохолизирана состојба се примени на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград поради труење со алкохол во ноќниот клуб „Синер“ во главниот град на Србија. На ВМА се примени 33 деца до 15 години кои биле во тешка алкохолизирана состојба. Според лекарите, 12 деца имале до 2,8 промили алкохол […]

Блинкен до Рама: Американците танцуваат цела ноќ со Дуа Липа


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес е гостин на албанскиот премиер Еди Рама во Тирана. Пред прес конференцијата Блинкен ги исфали промените во земјата, водството на премиерот и ги спомена сите прославени албанци во моментов – од Дуа Липа до Мира Мурати, која требаше да биде извршен директор на водечката компанија во САД за вештачка […]

Курти се фали сам себеси


  Косовскиот премиер Албин Курти на третата годишнина од неговата влада се пофали себеси и кабинетот за сработеното во овој период. Опишувајќи ја неговата влада како најголемата демократска промена по војната, шефот на владата рече дека за овие три години Косово напредувало во многу аспекти, меѓу кои и во надворешната политика. „Ние ја унапредивме надворешната […]

Грчките пратеници денеска ќе гласаат за законот за истополовите бракови


Со поддршка од дел од пратениците од владејачката Нова демократија и со пратеници од четири опозициски партии, се очекува вечерва законот за истополовите бракови да биде изгласан во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Расправата за предлог-законот „Еднаквост во граѓанските бракови, измена на граѓанскиот законик и други одредби“, што предвидува проширување на можноста […]

Четири жртви во пожар во Бар – тројца се малолетници


Четири неидентификувани лица загинаа во пожар во Бар, јави црногорски „Вијести“. Претставници на полицијата за телевизија „Вијести“ потврдиле дека меѓу жртвите има тројца малолетници. Пожарот избувнал во раните утрински часови, во населбата под ридот Волујица, јавува Бар инфо. – Во четири часот и 35 минути, припадниците на Службата за заштита и спасување ги известиле дежурните […]

Новиот правилник за оценување во Србија: Воведување ред или Пандорина кутија


Само штом стапи на сила, новиот Правилник за оценување веќе предизвика поделени мислења кај просветните работници. И додека од Министерството посочуваат дека е неопходно да има Правилник за воведување ред и превентивни мерки, некои сметаат дека е недоречен, а дел дека го девастира српското образование. Министерството за образование објави нови правилници за оценувањето на учениците […]

Бајден во честитка до Вучиќ: САД силно го поддржуваат патот на Србија во ЕУ и дијалогот со Косово


Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по повод Денот на државноста на Србија-Сретење, доби честитки од повеќе светски претседатели меѓу кои од претседателот на САД, Џозеф Бајден, кој порача дека САД силно го поддржуваат патот на Србија кон пристапување во ЕУ, дијалогот со Косово и му се заблагодари за поддршката во Украина, јави дописникот на […]

Курти си подигна споменик


Премиерот на Косово, Албин Курти, сака да остави траен белег на неговото владеење. Тој денеска во Подуево ќе го открие својот споменик, што било негова голема желба. За да не биде дека тоа е платено со државни пари, официјално споеменикот го финансирал припадник на албанската дијаспора.