Двајца руски шпиони осудени во Словенија најверојатно ќе бидат дел од размена на затвореници


Судот во Љубљана осуди двајца руски шпиони, Артем и Ана Дулцев, на една и пол година затвор за шпионажа. Тие беа уапсени на крајот на 2022 година, а во нивната казна е вклучено и времето поминато во притвор. Бидејќи затворската казна е еднаква на времето што го поминале зад решетки, Артем и Ана беа ослободени, …

Двајца руски шпиони осудени во Словенија најверојатно ќе бидат дел од размена на затвореници Read More »

Хрватска „удри“ по Грција и Романија – го сопре увозот на овци и кози


Хрватска привремено го прекина издавањето одобренија за увоз на пратки живи овци и кози од Грција и Романија, со што продолжи да се шири чумата, соопшти денеска Министерството за земјоделство. „Поради континуираното ширење на чумата на ситните преживари во Романија и Грција и високиот ризик од внесување на оваа болест во Република Хрватска преку пратки …

Хрватска „удри“ по Грција и Романија – го сопре увозот на овци и кози Read More »

Србија праќа сателит во вселената


И Србија се вклучува во меѓународната трка за нови научни достигнувања во вселената. Преку развојот и лансирањето на првиот српски научен сателит „Мозаик“, српските астрономи, математичари, физичари и инженери ги поставуваат темелите за развој на домашни вселенски проекти. Кога гледачите на ѕвездите ги претвораат своите соништа во реалност, тогаш од погледот кон небото доаѓаат обемни …

Србија праќа сателит во вселената Read More »

Пленковиќ: Драган Приморац ќе биде претседателски кандидат на ХДЗ


Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и премиер на Хрватска Андреј Пленковиќ изјави дека кандидат на оваа владејачка партија на претстојните претседателски избори ќе биде поранешниот министер за образование Драган Приморац. Приморац беше министер за наука, образование и спорт во владите на премиерот Иво Санадер од 2003 до 2009 година. Во 2007 година, тој се …

Пленковиќ: Драган Приморац ќе биде претседателски кандидат на ХДЗ Read More »

Во Албанија одложено отворањето на прифатните центри за мигранти


Прифатните центри за мигранти од Италија лоцирани во Албанија во моментов не можат да почнат да примаат луѓе поради технички проблеми, пренесоа албанските медиуми. Центрите првично требаше да бидат отворени во мај. Италијанската премиерка Џорџа Мелони на почетокот на јуни најави дека центрите би можеле да започнат со работа на 1 август. Сепак, датумот за …

Во Албанија одложено отворањето на прифатните центри за мигранти Read More »

Протести низ Србија против рудници за литиум закажани во уште 17 градови во следните денови


Во организација на еколошки здруженија, протести против отворањето на рудници за литиум се закажани во уште седумнаесет градови во Србија, јави Бета. Вечерва со почеток во 19 часот протест ќе се одржи во Пожега, а в четврток во исто време во Мионица и Рашка. Со порака „Земјоделство, а не ископ“, Новосаѓани закажаа протест за 2 …

Протести низ Србија против рудници за литиум закажани во уште 17 градови во следните денови Read More »

Манастирот Прохор Пчињски безбеден, пожарот на планината Козјак се гасне со хеликоптери


Хеликоптери на МВР на Србија во моментов го гаснат пожарот што гори на планината Козјак над манастирот Прохор Пчињски. Манастирскиот комплекс е безбеден од пожарот, јави дописникот на МИА од Белград. -Манастирскиот комплекс е безбеден од пожарот што веќе неколку дена беснее на планината Козјак, во чие подножје се наоѓа ова православно светилиште. Пожарот од …

Манастирот Прохор Пчињски безбеден, пожарот на планината Козјак се гасне со хеликоптери Read More »

Пожари и во јужна и северна Албанија, а критично е во Шенѓин


 На територијата на Албанија беснеат пожари од големи размери како на југот така и во северниот дел на земјата. Најкритична е состојбата во пристанишниот град Шенѓин, каде и покрај максималните напори, поради ветерот, тој веќе е блиску до хотелите, поради што почната е евакуација на туристите сместени во нив, но според медиумите се заканува и …

Пожари и во јужна и северна Албанија, а критично е во Шенѓин Read More »

Во Белград на 10 август е закажан голем протест против ископот на литиум


 Голем протест против ископувањето на литиум ќе се одржи во Белград на 10 август, најавија „Еко стража“ и организацијата „Не го даваме Јадар“, а во организација на еколошките здруженија протести против отворањето на рудниците за литиум се закажани и во повеќе од десет градови во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Големиот протест против …

Во Белград на 10 август е закажан голем протест против ископот на литиум Read More »

Продолжена мерката „куќен притвор“ на Бериша и зетот Малтези


Специјализираниот суд за корупција и организиран криминал на Албанија ја продолжи мерката „куќен притвор“ изречена на поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша и на неговиот зет Јамарбер Малтези. Бериша во домашен притвор е од декември 2023 година, а во октомври Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, (СПАК) го обвини за пасивна корупција извршена …

Продолжена мерката „куќен притвор“ на Бериша и зетот Малтези Read More »

Грчкиот обвинител се откажа од истрагата за шпионскиот софтвер „Предатор“


  Обвинителот на Врховниот суд на Грција го одложи случајот против разузнавачката служба ЕИП, бидејќи прелиминарната истрага на судот не покажа докази дека агенцијата користела нелегален телефонски малициозен софтвер за шпионирање цели, објави во вторникот Атинската новинска агенција. Случајот произлезе од наводите на лидер на опозициска партија и новинар во 2022 година дека биле под …

Грчкиот обвинител се откажа од истрагата за шпионскиот софтвер „Предатор“ Read More »

Турција донесе закон со кој ќе соберат 4 милиони бездомни кучиња – следува крвопролевање?


Турскиот парламент денеска усвои закон со кој се наложува милиони кучиња скитници да бидат собрани и однесени во засолништа, и покрај критиките од јавноста и главната опозициска партија, која вети дека ќе го оспори законот на суд. Законот го подготви владејачката партија АКП на претседателот Реџеп Таип Ердоган, а критичарите тврдат дека ќе доведе до …

Турција донесе закон со кој ќе соберат 4 милиони бездомни кучиња – следува крвопролевање? Read More »

Голем пожар кај Сплит, повеќе од 100 пожарникари го гаснат


Еден пожарникар е повреден во Хрватска при гаснење пожар на отворен простор во месноста Каштел Шучурац, во пошироката околина на Сплит. Како што пренесуват локалните медиуми, пожарот избувнал синоќа по 2 часот во близина на железарницата, а гори трева, ниска вегетација и афион. Пожарот го гаснат 106 пожарникари со 39 возила, со помош на противпожарниот …

Голем пожар кај Сплит, повеќе од 100 пожарникари го гаснат Read More »

Во Србија и министерот за градежништво и транспорт е позитивен на коронавирус


Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ е позитивен на коронавирусот. Министерот Весиќ ги откажа сите посети и средби што беа планирани за денеска и утре, како и присуство на продолжението на седницата на Парламентот на Република Србија. Весиќ е на домашно лекување, од каде преку платформи за видео состаноци ќе продолжи да …

Во Србија и министерот за градежништво и транспорт е позитивен на коронавирус Read More »

Се повлекуваат две серии говедски и пилешки коцки „Подравка“ во Хрватска


Дежавниот инспекторат на Република Хрватска ги повлече коцките од говедско и пилешко месо со тежина од 120 грама со најдобар датум од 2 и 3 јули 2025 година поради потенцијална контаминација од механичко оштетување на машината. Повлечената говедска коцка е од серија 0207241 и може да се користи до 2 јули 2025 година, додека коцката …

Се повлекуваат две серии говедски и пилешки коцки „Подравка“ во Хрватска Read More »

Исчезна 12-годишно девојче во Хрватска, полицијата почна потрага


Во градот Годињак кај Нова Градишка вчера исчезна 12-годишното девојче Амела Јелениќ, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи повикувајќи ги сите граѓани доколку имаат некаква информација за ова дете, да се обратат до најблиската полициска станица. Таа е родена на 7 октомври 2011 година во Нашице, а нејзиниот престој е во Годињак. Висока е …

Исчезна 12-годишно девојче во Хрватска, полицијата почна потрага Read More »

Во Србија околу 67.500 луѓе чекаат операции – од пет месеци до четири години


 Во Србија околу 67.500 граѓани чекаат некаква хируршка интервенција, а во зависност од институцијата се чека во просек од пет месеци до четири години, покажуваат податоците на Здружението на пациенти, објавија Вечерње новости. Најдолгите листи на чекање се за замена на колк и операција на колено. Многумина се одлучуваат за хируршка интервенција, но остануваат без …

Во Србија околу 67.500 луѓе чекаат операции – од пет месеци до четири години Read More »

Продолжуваат протестите низ Србија против намерите за ископ на литиум


Во Србија и денеска продолжуваат протрестите против намерите за ископ на литиум, и според медиумите најавени се протести во Краљево, Шабац, Аранѓеловац и Љиг. Во вторник ќе има протести во Косјериќ и Младеновац. Во изминативе денови протести имаше во Ваљево Лозница, Гроцка, Прељина, Коцељева и Неготин. Протестите се интензивираа откако Владата на Србија ја усвои …

Продолжуваат протестите низ Србија против намерите за ископ на литиум Read More »

Голем пожар на планината над Шенѓин, загрозени се објекти во кои престојуваат туристите


 Пожар, кој избувна попладнево во боровата шума над едно од најпосетуваните летувалишта во Албанија, пристанишниот град Шенѓин, постои опасност да зафати дел од куќите во кои престојуваат туристи. Според албанските медиуми ветрот кој дува дополнително ја отежнува интервенцијата и условува проширување на истиот. -Засега не се познати причините за овој пожар, но за гаснење се …

Голем пожар на планината над Шенѓин, загрозени се објекти во кои престојуваат туристите Read More »

За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19


Институтот за јавно здравје на Косово (ИКШПК) соопшти дека од 10 до 23 јули се регистрирани 19 позитивни случаи на Ковид-19 во Косово, при што нема пријавено ниту еден случај со смртни последивци, јави дописникот на МИА од Приштина. Од ИКШПК соопштија дека најголем број случаи, четири, се регистрирани кај возрасната група од 30 до …

За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19 Read More »