Во Албанија од денеска цената на струјата за домаќинствата пониска за 10,5 отсто


Во Албанија од денеска почна примената на одлуката за новата цена на  електричната енергија, која е пониска за  10,5 отсто, објави вицепремиерката, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку. Според неа корист од оваа мерка се очекува да имаат 1 милион и 70 илјади претплатници или речиси 95 отсто од домаќинствата. “Домаќинствата кои […]

Голема блокада на Нови Сад, илјадници луѓе се на улиците: „Корупцијата пере пари, но не и раце“ (видео)


Илјадници студенти и граѓани на Нови Сад, Војводина и Србија денеска почнаа да блокираат три моста во Нови Сад во кампањата „Три моста за три месеци“ – Мостот на слободата, Жежељев и Варадински – што ќе одбележи три месеци од смртта на 15 лица во уривање на настрешница на главната железничка станица во Нови Сад. […]

Студентите од три хрватски градови со протестен молк ги поддржаа своите колеги во Србија


Со петнаесетминутно молчење и порака дека „солидарноста не познава граници“, студенти во Загреб, Сплит и Осиек денеска изразија солидарност и поддршка за своите колеги во Србија кои протестираат повеќе од два месеца по падот на бетонска настрешпница на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица. Поддршката за српските студенти ја покажаа со […]

Голо Брдо – Македонскиот идентитет во срцето на Албанија


Голо Брдо е регион кој со својата природна убавина, културно наследство и историја претставува значајно парче од мозаикот на македонскиот етнички идентитет во Албанија, пишува Фатри Фераху, во написот ” Голо Брдо – Македонскиот идентитет во срцето на Албанија” за весникот “Илинден”. -Лоцирано југозападно од градот Дебар, оваа област опфаќа 21 село, кои претежно се […]

Продавниците во Хрватска на вчерашниот бојкот имале за 44 отсто помал промет отколку пред две недели


Според податоците на Даночната управа на Хрватска, вкупниот број на издадени фактури во трговијата на мало во петокот, на 31 јануари, е за 20 отсто поголем од минатиот петок, кога исто така беше спроведен бојкотот, а вкупниот износ на издадените фактури е поголем за 19 отсто. Но, споредено со 17 јануари кога немаше бојкот, бројот […]

Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека државата не е играчка, но дека многумина помислија  дека е можно со неа да се играат и дека е можно секој и секогаш да ја уценува. „Затоа тргнаа однадвор во напад врз Србија, поддржани од многумина одвнатре кои со години се обидуваат да ја освојат власта, некогаш на […]

Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад


 Три месеци по загинувањето на 15 лица пред железничката станица во Нови Сад денеска во овој град ќе бидат одбележани со голем граѓански собир и блокада на три новосадски моста организирани од студенти. Студентите ги поканија граѓаните на блокади на клучните мостови во градот – Варадински, Жежеље и Мостот на слободата, што ќе почнат во […]

Бугарија веќе го доби првиот авион „Ф-16“. За 16 ловци плати 2,5 милијарди евра


  Бугарија во петокот официјално го доби својот прв борбен авион „Ф-16 Блок 70“ и со тоа процесот на замена на старите советски „МиГ-29“ влегува во активна фаза. Сепак, предизвиците со кои се соочува бугарската воена авијација сè уште се големи, од кои најсериозниот е обезбедувањето средства и персонал за ефикасно користење на новите летала. […]

Просечна плата во Црна Гора во декември лани достигна 1.012 евра


Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во декември изнесувала 1.012 евра и е за 1,9 отсто повисока од ноември 2024 година, објави денеска Монстат. Просечната нето плата во декември во однос на истиот месец во 2023 година бележи пораст од 24,3 отсто. Заводот за статистика на Црна Гора објави дека лани просечната […]

Српските студенти и официјално се кандидати за Нобеловата награда за мир


Белград – Српскиот драматург и писател Синиша Ковачевиќ потврди дека српските студенти и официјално се кандидати за Нобеловата награда за мир. Таа информација ја објави на својот профил на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер). „Нобеловиот комитет штотуку доби потврда дека кандидатурата за Нобеловата награда за мир, со која г-ѓа Дијана Стојковиќ, адвокат и јас номиниравме […]

Меѓународни здруженија: Новинарите во Србија работат во атмосфера на сериозно заплашување и насилство


Белград –   Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) и Европската федерација на новинари (ЕФЈ) денеска предупредија дека новинарите во Србија работат во атмосфера на заплашување и насилство и укажаа на отпуштањата на новинарите кои учествуваа во демонстрациите како граѓани. „Ние стоиме со новинарите во Србија кои ја вршат својата работа во атмосфера на сериозно заплашување и […]

Еве како бојкотираа во Црна Гора, маркетите речиси празни


Граѓанската иницијатива „Алтернатива Црна Гора“ денеска повика на бојкот на супермаркетите и продавниците низ целата држава. Организаторите порачаа дека бојкотот не е поврзан со политика, туку е протест против високите цени, кои ги погодуваат сите граѓани. Според извештаите на РТЦГ, бојкотот започна успешно. Новинарите во Подгорица, Бијело Поле и Рожаје утринава забележале дека продавниците биле […]

Србија вакво нешто нема видено: Солзи, солзи на патот на студентите од Белград до Нови Сад (Галерија+видео)


  Белградските студенти во четвртокот тргнаа пешки кон Нови Сад, каде што ќе им се придружат на своите новосадски колеги во блокирањето на три моста на 1 февруари симболично да одбележат три месеци од смртта на 15 лица на железничката станица во градот. Патеката што ја минуваат пеш вклучува неколку застанувања за одмор, спиење, а […]

Хрватската влада објави максимални цени за 70 производи


Хрватската влада денеска донесе одлука за директни мерки за контрола на цените на одредени производи и категории производи во трговијата на мало, со која се утврдува список од 70 производи со ограничени цени. На овој начин сака да помогне во заштитата на граѓаните од високите цени во продавниците, пренесоа хрватските медиуми. Одлуката стапува на сила […]

Автомобил пак удри жени на протестите во Белград – сега две лекарки


  Две лекарки се повредени во денешниот инцидент во Белград при блокада за да им се оддаде почит на загинатите во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Како што изјави за Н1 една нивна колешка, видно потресена, едната моментално е во Ургентниот центар и чека дијагностика, додека другата добива помош во Заводот […]

Атрактивната археолошка туристичка понуда на Туркије збогатена со нови пронајдоци


Античка шопинг листа на мебел, која потекнува од бронзеното време и е пронајдена на ридот Ачана во Хатај, женска фигурина стара околу 7800 години, пронајдена во областа Кемал паша во Измир, глава на божицата на здравјето Хигија и обоени фигури на митолошкото суштество Скила од хеленистичкиот период, пронајдени во локалитетот Денизли, се дел од значајните […]

Русија се огласи за прв пат од почетокот на блокадите во Србија: „Постои ризик од хаос“


Москва во четвртокот предупреди дека постои ризик од „хаос“ во Србија по неколкумесечните протести против корупцијата кои доведоа до оставка на премиерот Милош Вучевиќ. „Исклучително е важно демонстрантите… да покажат разум и да не ги следат оние што ги разгоруваат емоциите“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Во Србија мора да […]

Земјотрес од 4,6 степени во Атина


Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на 30 јануари 2025 година во 16:55 часот во Грција. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во близина на Атина. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 9 километри под површината на земјата. […]

Пожар во пристаниште во Истанбул


Пожар избувна денеска на пристаниште во областа Пендик во Истанбул, јави телевизијата Си-ен-ен-турк. Пожарот избувнал околу 12 часот по локално време на пристаништето. Се претпоставува дека се запалил резервоар за гориво за чамци и јахти. Густ црн чад се крена над областа, предизвикувајќи паника кај луѓето. Многу противпожарни возила се испратени во областа. Според последните […]

Бојкотот во Хрватска дава резултати: „Конзум“ најави трајно намалување на цените за 250 производи


Малопродажниот синџир „Конзум“ во Хрватска најави намалување на цените на 250 домашни производи кои не се опфатени со владината одлука за ограничување на цените. Оваа одлука доаѓа во пресрет на масовниот бојкот на продавниците, кој за утре го најави потрошувачката платформа „Здраво, инспекторе“, по моделот на минатонеделниот протест на клиентите. Истовремено, хрватската Влада најави проширување […]