Европратеници: Фон дер Лајен да ја предупреди Србија дека каква било репресија на 15 март ќе влијае на европската иднина на земјата


 Некои европратеници ја повикаа Европската комисија јавно да ја предупреди српската Влада дека каква било репресија врз демонстрантите на 15 март директно ќе влијае на европската иднина на Србија. „Вклучувајќи адресирање на заплашување, насилство, мобилизација против протести и големо полициско присуство. Сегашната јасна изјава ќе испрати силна порака дека ЕУ нема да толерира понатамошна ерозија […]

За пожарите во близина на Атина пред седум години обвинителката побара 12 обвинети да бидат прогласени за виновни


 Во судскиот процес за катастрофалните пожари во јули 2018 година во населбата Мати во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во кој загинаа 104 лица, обвинителката денеска предложи и побара 12 од 21 обвинет да бидат прогласени за виновни, јави дописничката на МИА од Атина. Судењето е на втор степен по поднесената […]

Додик ќе формира свој суд и ќе го гони Шмит


Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, изјави дека овој ентитет на БиХ денеска ќе формира сопствен суд и обвинителство, нагласувајќи дека прв кој ќе биде обвинет ќе биде високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит. – Ќе го гониме како ѕвер, изјави Додик во обраќањето пред пратениците на Собранието на РС, кое […]

Келнерите, магацинските работници и готвачите и понатаму се најбарани работници во Хрватска


Минатата година бројот на огласи за вработување во Хрватска е намален за 1,5 отсто, но вистинската побарувачка за работници е веројатно поголема, а најбарани занимања се продавач, келнер, работник во магацин, готвач, работник во производство и возач, објави во четвртокот порталот МојПосао. Анализата на пазарот на трудот во Хрватска, спроведена од Alma Career Croatia, која […]

Драма во Бугарија: Уставниот суд го прогласи за незаконит изборот на 16 пратеници


  Пет месеци по изборите во окртомври во Бугарија се случува политичка драма откако Уставниот суд најде дека изборни ливчиња исчезнале и дека се направиле криминални активности во многу избирачки места. Крајната цел, изгледа бил, тврдодесничарската партија Величие да не влезе во парлементо (ѝ недостигаа 21 глас за поминување на прагот) а придобивки да имаат […]

Додик: Ќе формираме свој суд и обвинителство, а Шмит „ќе го гониме како ѕвер“


Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, изјави дека овој ентитет на БиХ денеска ќе формира сопствен суд и обвинителство, нагласувајќи дека прв  кој ќе биде ообвинет ќе биде високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит. – Ќе го гонеме како ѕвер, изјави Додик во обраќањето пред пратениците на Собранието на РС, кое […]

Неколку улици од Гази Баба утре ќе бидат без вода


Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека утре (петок) поради дефект во шахта промена на затварач (шибер) од Ф 80мм на ул.„Јани Лукровски“ бр.1 (кај Б.П „Мак Петрол“), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. „Јани Луковски“, ул. „16-та Македонска Бригада“, ул. „Трифун Хаџијанев“ и ул. „Лазар Поптрајков“ (општина Гази Баба).  Прекинот ќе биде […]

Почина поранешниот солунски митрополит Антимос


 На 91-годишна возраст почина солунскиот митрополит Антимос кој во август минатата година од здравствени причини си поднесе оставка, а во периодот додека беше поглавар на Митрополијата во Солун доста често на неговите неделни литургии ја споменуваше и нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина. Роден како Дионисиос Русас, во периодот од 1974 до 2004 […]

Што точно значи скандалот со изборните резултати во Бугарија


  Повторно пресметување на изборните резултати од 27 октомври 2024 година. – да. Реорганизација на Народното собрание – исто така, но во рамките на пратеничките групи, а не со нова деветта формација како Величие, како што предвидува експертот и шеф на „Информативни служби“ Ивајло Филипов. Но, нови избори, делумни или целосни – не. Ова е […]

Константинос Тасулас и официјално претседател на Грција


Атина – Со свечена заклетва во грчкиот Парламент, во присуство на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, поглаварот на ГПЦ Јеронимос, пратениците, но и претставници на дипломатскиот кор, новиот грчки претседател Константинос Тасулас претпладнево положи свечена заклетва, по што и официјално, во Претседателската палата ја преземе функцијата и стана деветтиот претседател на Грција по обновувањето на […]

Албанија патува кон ЕУ, сигурно и вистинито


Тирана – Еврокомесарката за проширување и соседска политика, Марта Кос, денеска престојува во Албанија, што е нејзина прва посета на оваа земја по изборот на функцијата, а покрај средбите ќе присуствува и на конференцијата за проширување на Европската унија што ќе се одржи на Европскиот Колеџ. По средбата со премиерот Еди Рама одржаа заедничка прес-конференција […]

АФП: Растат тензиите во Србија пред саботниот протест


Агенцијата Франс прес оценува дека во Србија расте тензијата пред новиот протест кој во сабота може да донесе десетици илјади демонстранти во Белград, кои српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвинува однапред дека подготвуваат насилство, повикувајќи ги своите приврзаници да излезат на улица. Полицијата, која досега беше дискретна или отсутна од протестните маршеви, сега е видлива, […]

Денеска излегува нов подкаст од синот на Трамп. Гостин е Вучиќ


Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на американскиот претседател, го интервјуираше српскиот претседател Александар Вучиќ за неговиот подкаст. „Ако се држите до вашите верувања, никој не може да ви наштети. Погледнете го целосното интервју во 18 часот по источно време (23 часот по средноевропско време) на подкастот Triggered. Ексклузивно на платформата Rumble“, напиша Вучиќ на Инстаграм, […]

Инаугурација на новиот грчки претседател Константинос Тасулас


Атина – Новиот претседател на Грција Константинос Тасулас претпладнево во Парламентот ќе положи свечена заклетва, по што и официјално, во Претседателската палата ќе ја преземе функцијата од досегашната претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина. Поранешниот собраниски спикер и кандидат на владејачката Нова демократија, минатиот месец со 160 гласа „за“, од 156 пратеници […]

Во Пиреа запленети 54 килограми кокаин во вредност од 2,35 милиони евра


Атина – Во контејнер со банани, со потекло од Еквадор и крајна дестинација атинското пристаниште Пиреа, со помош на куче душкач, биле откриени и запленети 54 килограми кокаин во рамки на заедничката акција на инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција и од Секторот за борба против финансиски криминал, јави дописничката на МИА […]

„Студентка“ на Вучиќ: Нè донесоа во паркот, ни рекоа дека ќе останеме само еден ден


„Студентите кои сакаат да учат“ од четвртокот навечер кампуваат во Пионерскиот парк, пред зградата на Српското претседателство. Во меѓувреме, во овој импровизиран „студентски“ камп беа идентификувани и функционери и членови на СНС, партијата на претседателот Александар Вучиќ. Лажни студенти Лажните студенти најчесто се вработени во јавни институции, меѓу кои и платени статисти, како и професори […]

Националното собрание на РС усвои предлог усвојување нов устав 


Народното собрание на Република Српска усвои предлог за одлука да се пристапи кон усвојување на нов устав на ентитетите, по што ќе следи усвојување на нацртот на тој акт. За усвојување на предложената одлука за усвојување на новиот устав на РС беше потребно општо мнозинство, кое го имаат партиите собрани околу Милорад Додик. Од присутните […]

Албанија потпиша договор со ЕБОР за 45,7 милиони евра за проект за одржливост на електродистрибуција


 Министерот за финансии Петрит Малај попладнево преку објава на социјалните мрежи соопшти дека со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е потпишан договор за долгорочен заем во вредност од 45,7 милиони евра, со многу поволни услови. Договорот  го потпишаа потпретседателот на ЕБОР Матео Патроне, кој престојуваше во Тирана и директорката на електродистрибуција, Енеа Каракачи, […]

Пред 22 години беше убиен Зоран Ѓинѓиќ: Политичката позадина до денес не е откриена


На 12 март 2003 година, Зоран Ѓинѓиќ беше погоден со два снајперски куршуми во градите во дворот на Владата. Веднаш потоа беше пренесен во Ургентниот центар, каде што беше направен обид за реанимација, но без успех. Денес се одбележуваат 22 години од неговиот атентат, пренесува Н1. Неколку часа по убиството на Ѓинѓиќ, во Србија беше прогласена […]

Во Турција за време на викендот температури до 30 степени, идната недела зимата ќе се врати во многу делови од земјата


Температурите во Турција за време на викендот ќе достигнат до 30 степени, а следната недела зимата ќе се врати во многу делови од земјата, пренесе турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на Метеоролошката служба. Во меѓувреме, пустинската прашина од Сахара ќе покрие многу области во земјата. Пустинска прашина покри делови од метрополата Истанбул, а во текот […]