Семејство на почината во некролог ги обвини лекарите за нејзината смрт


Семејството на една почината жена од српскиот град Врање на некролозите излепени денеска низ градските улици, како причина за смрта на нивната блиска ги невеле „ненавремената интервенција и несовесното работење на дежурната екипа во Брзата помош“. Семејството обвинува дека екипата на Брзата помош одбила да дојде на нивниот повик, најавувајќи дека детали за целиот случај […]

Клаус Тепфер именуван за посредник на ЕУ за енергетскиот спор меѓу Србија и Косово


Европската унија го именува поранешниот германски министер за животна средина Клаус Тепфер за посредник во решавањето на енергетскиот спор меѓу Белград и Приштина. Тепфер во изјава за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ наведува дека следната недела ќе отпатува во Белград и Приштина, на средби со премиерите на Србија и на Косово, Ана Брнабиќ и Рамуш Харадинај. – […]

Милош Земан положи заклетва за втор мандат на функцијата чешки претседател


Чешкиот претседател Милош Земан денеска положи заклетва за неговиот втор мандат на функцијата, на свечена церемонија што се одржи во Прашкиот дворец. Земан, кој е прв чешки претседател избран на дирекни избори, на функцијата беше реизбран на 27 јануари со освоени 51,36 проценти од гласовите. Во обраќањето на денешната церемонија, Земан упати критики кон „некои […]

Неколку илјади Германци умираат годишно од гасовите од дизел возилата


Неколку илјади лица годишно умираат во Германија како последица на вдишувањето на честички на азот диоксид што ги ослободуваат дизел моторите на возилата, соопшти денеска германската Федерална служба за животна средина. Истражување на минхенскиот еколошки научен центар „Хелмхолц“ и компанијата „ВУ Умвелт“ покажува дека речиси 6.000 лица предвреме починале во текот на 2014 година од […]

Катрин д’Бол именувана за шефица на Европол


Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европска унија денеска ја избраа Белгијката, Катрин д’Бол за шефица на европската служба за борба против криминалот Европол, соопшти денеска Советот на Европска унија. Д’Бол е прва жена која ќе ја извршува функцијата директор на Европол. Таа досега беше началничка на белгиската федерална полиција, а новата работа со […]

Евростат: Хрватска и Грција со најмал раст на БДП во ЕУ


Хрватска и Грција се земјите-членки на Европска унија кои забележаа најмал раст на бруто домашниот производ во последниот квартл од 2017 година, се наведува во извештајот на Евростат. Хрватскиот БДП во четвртото тромесечје од минатата година забележа раст од 0,1 отсто во споредба со претходните три месеци, кога беше зголемен за 0,7 проценти. Иста стапка […]

Полицијата во Белград им делеше цвеќе на жените возачи


Во чест на Меѓународниот ден на жената, сообраќајци во Белград денеска запирале жени, но место казна им подарувале по еден цвет, јави Радио Б92. – Секоја чест на нашата полиција и благодарност до момците кои се грижат за нашата безбедност, изјави една од возачките. Министерството за внатрешни работи на Србија информираше дека целта на денешната […]

Вучиќ: Компромисот за Косово значи отстапување од максималистичките барања


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Букурешт на средбата со романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека „компромисното решение за Косово бара и двете страни да отстапат од максимилистички барања“. Тој, истовремено го замоли романискиот претседател да се вклучи во решавањето на овој проблем, сметајќи на романското предедавање со ЕУ од почетокот на 2019 година. На […]

Чавашоглу најави турско-ирачката операција против Курдите


Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска најави дека Турција и ирачката влада ќе изведат заедничка операција против курдските екстремисти во северниот дел на Ирак. – Трансграничната соработка би можела да почне откако во Ирак ќе бидат одржани парламентарните избори, што се планирани за мај – посочи Чавашоглу. Тој исто така наведе дека турската офанзива […]

Димитрис Каменос вели дека нема да се постигне решение за името


Еден од потпретседателите на грчкиот Парламент и пратеник од Независни Грци, Димитрис Каменос, смета дека нема да се постигне решение на проблемот со името. – Мислам дека вака како што оди, нема многу простор. Нема да постои решение. Овие луѓе не можат да ги сменат работите што ние ги сметаме за неопходни и треба да […]

Протест на пензионерите во Грција


Политиката на актуелната грчка влада, но и на претходните влади во Грција, антикризните мерки што донесоа и носат кратења, уште еднаш ги натераа пензионерите да излезат на протест во центарот на Атина. Се собраа на централниот плоштад во близина на зградата на општина Атина и продолжија кон Министерството за труд и социјала, каде што претставници […]

За една деценија во Турција се убиени над 2.000 жени


Вкупно 2.337 жени се убиени во Турција во iизминатите десет години од страна на нивните партнери или роднини, јави турската телевизија НТВ. Убиствата главно се случиле кога жените побарале да се разведат или да донесуваат одлуки за себе. Во изминатите десет години е забележано зголемување на бројот на убиени жени во Турција, забележува НТВ. Според […]

Албанија ќе забрани увоз на автомобили произведени пред 2009 година


Албанскиот министер за туризам и животна средина Бленди Клоси соопшти дека Албанија ќе забрани увоз на автомобили произведени пред 2009 година. Според него, овој чекор на Владата е со цел да се намали загаденоста на воздухот во земјата. Како што јави дописникот на МИА, гостувајќи во емисјата „Отворено студио“ на тиранската телевизија Њуз 24, Клоси […]

Поранешниот руски шпион и неговата ќерка отруени со нервен гас


Британската полиција соопшти дека верува оти поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија биле затруени со нервен гас. Шефот на антитерористичкиот оддел на лондонската полиција Марк Рули изјави дека нападот врз Скрипал и неговата ќерка претставува обид за убиство. Тој додаде дека двајцата во моментов се наоѓаат в болница во критична состојба. Скрипал […]

Самопрогласената мини држава Либерланд отвори претставништво во Белград


Самопрогласената мини држава Либерланд, што ја фомираше Чехот Вит Једличка на „ничија земја“ меѓу Хрвтска и Србија, денеска го отвори своето претставништво во Белград. „Претседателот на Либерланд“, Једличка истакна дека целта на неговата „држава“ е да биде фактор за поврзување на народите и се надева дека претставништвото ќе привлече повеќе луѓе да дојдат во Србија […]

Делави: Добро е што Србите и Албанците не се обвинуваат меѓусебно за убиството на Ивановиќ


Амерканскот амбасадор во Приштина, Грег Делави смета дека е добро што Србите и Албанците не се обвинуваат меѓусебно за убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), Оливер Ивановиќ. Во интервју за „КоССев“, Делави изјави дека ова убиство нема меѓуетнички карактер. – Животот продолжува, тоа е нешто добро. Мислам, станува јасно дека ужасното […]

Поради Србија и Косово доцнат дигиталните часовници во Европа


Поради намалување на фреквенцијата во европската електрична мрежа, многу дигитални часовници во Европа доцнат, што е настан без преседан, соопшти денеска Европската аоцијација на операторите на електродистрибутивните мрежи. Според Асоцијацијата со седиште во Брисел, причина за отстапувањето од стандарната фреквенција на струјата во Европа од 50 херци, е недоволното снадување со електрична енергија од реонот […]

Крис Волкер: Се надевам дека Русија ќе побара мир во источна Украина


Специјалниот пратеник на САД за Украина, Курт Волкер изјави дека се надева оти Русија „ќе побара мир и ќе се повлече од источна Украина“, а ако го направи тоа, Вашингтон е подготвен да ја одигра својата улога во процесот на транзиција. Според Волкер, кој е во посета на Варшава, САД и предложиле на Русија, сили […]

Харадинај: Немаме доволно гласови за демаркација на границата


По три неуспешни обиди во косовското Собрание за ратификација на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што беше потпишан на 26 август 2015 година во Виена, се уште не е сигурно кога тој одново ќе се најде пред пратениците, бидејќи според денешното признание на премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, владејачката коалиција се уште […]

Советот на Европа препорачa државите да промовираат независно и истражувачко новинарство


Советот на Европа денеска им препорача на 47-те држави членки од организацијата да го промовираат независното и истражувачко новинарство. Препораките содржат повик за развој на национални стратегии за разновидноста на средствата за информирање – јавни, локални, прекугранични и малцински. Притоа на државите им се препорачува да обебзедат услови за целосна редакциска и оперативна медиумска независност. […]